Факултет по желба на родителите

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
За ова најповеќе се спротставувам...мислам дека ако некој одлучил да се запишува ан факултет ако се е како што треба...финансиска издржаност,спремност,одговорност,знаење..самата таа личност треба да си одлучи која област сака да ја проучива и за што сака да се специјализира...кај нас општо познато е дека ако татко е економист синот мора да е исто економист ако мајката е докторка ќерката веднаш на медицина да се запише.Ваквото однесување допринесува се повеќе млади да се одлучат(да одлучат за нив нивните претпоставени) да се запишат на некој факултет како немаат доволно општо стекнато исклуство, каде не ги интересира, каде едноствано одат затоа што од дома така им рекле...сето тоа секако дека ќе резултира со неуспех во студиите...
 

Coelho

Староседелец
2 април 2012
286
493
663
Скопје
Мојата најдобра другарка по желба на своите мајка и татко се запиша на факултет за архитектура во Њу Јорк (оваа година).

Првиот месец ги имаше стандардните маки кои ги има секој кој ќе почне со факултет и секој кој е нов во странство. Запознавање со училиштето, предметите, луѓето. Привикнување и вклопување.
Веќе вториот месец почнав да приметувам дека секој разговор имаше помалку и помалку убави работи да ми каже, за веќе третиот месец да се откаже и да си ја проба среќата на нешто што и се допаѓа, а нема никаква поврзна точка со архитектура. Мислам дека почувствува доволно голема слобода за малку "да си ги рашири крилјата" и да си тргне на свој пат. Па и да си земе малку време околу Денот на Благодарноста да си го шетне убаво Њу Јорк, ахахаха.

Затоа никогаш не би дозволил моите родители да имаат големо влијание врз моите избори за факултет и за што ќе правам после средно. Татко ми, како музичар, како и за кога се запишував во средно - така и сега инсистира да си ја пробам среќата со музика, ама и самиот знае дека нема шанси такво нешто да се случи.

Сега за сега имам само 2-3 избора и постојано гледам да не има нешто ново што ми бе заинтересирало, или пак да отстранам некој избор за да си останам на еден.

Како и да е, што и да одберам, имам подршка од моите родители да си ги бркам соновите и подршка да излезам од Македонија - нешто за кое што сум невидено благодарен.
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,374
1,871
1,123
Пример мајка ми ја бива премногу за цртање, одела како помала на натпревари и само 1ви места освојувала ама кога дошло време за да се запише средно прво учела во нејзиниот роден град 1 или 2 години општа, а после ја пуштиле Скопје на медицина. Не и` се остварила желбата за да оди на дизајн или ликовна уметност. После се запишала на стоматолошки факултет ама недовршила пошто се родила сестра ми, и сега нема баш лесна работа-во денот на триста души да им рошка по забите и протези да им прави -.-
А татко ми па се запишал на машински си завршил фино лепо без никој да му се меша.
И мене не ми се мешале никогаш за школување. Што сакав тоа си одбрав... Само некако касно сфатив дека од економијата немам добра иднина, сега секој втор е економист, ама уште малце и планирам на политички науки да одам.
Некогаш се родителите во право кога ќе кажат на кој факултет да се оди а на кој не, ама сепак ти си тој што ќе работи а не родителот...
 
  • Like
Реакции: Marchisio

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,413
1,536
1,133
27
Е затоа кај нас имаме најмногу економисти и преведувачи. Родителите им ги полнат главите на децава за тоа која професија е најплатена,а кога децата ќе пројават свој интерес за одреден правец,добиваат: "Што ти е на тебе,како ќе заработуваш од тоа,како ќе храниш фамилија,ти свесен/свесна ли си какви времиња се дојдени?!". И на крај родителите ќе фркнат пари,момакот или момата ќе паднат по 6 од можни 7 предмети и после е криво детето зошто не учело,а они се трудат да им обезбедат се наводно. Или преку врски ќе ги пикнат на приватни факултети,па после со дипломите гз ќе си бришат. Остај си дете да си учи што сака,ако стварно го сака тоа,ќе најде начин да заработи со него.
 
  • Like
Реакции: Slims

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,130
1,066
113
Скопје
www.statik-group.com
Затоа што со мои пари сум уплатил факултет јас ќе кажам на кој факултет ќе одам.Дали ќе одам на тој факултет, или не.Дали ќе паднам испит или не тоа е пак мое.
Е ако они ми плаќале ќе играм како свират.
А вака никому ништо.
Еве факултетот го паузирам подолго време нишо не ми зборат затоа што знаат дека имам фул работа и на почеток мајка ми кењаше ама сеа виде не виде дека сум магаре и ме остави на раат.
 

Македонец

Староседелец
14 февруари 2012
313
439
1,063
Не се криви родителите, чим си стигнал до факултет доволно си возрасен сам да одлучиш што и како а старите што сакаат нека зборат.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,353
3,846
1,153
Јас сметам дека една индивидуа на свои 18 години треба да донесе своја одлука на кој факултет ќе се запише - не смее никој да му влијае. Една иднивидуа на свои 18 години веќе треба да биде способна да се справи со последиците од своите одлуки. Ако одбере лош факултет ќе остане без работа... и тоа е тоа, ама барем ќе го учи она што го сакал.
А ако индивидуа на 18 години се’ уште не знае што сака да студира - нека си остане дома - шансите се 10% дека таа индивидуа ќе успее на некој факултет.
 

devil4e

Староседелец
15 октомври 2012
51
31
618
Тоа ми е чиста глупост. Секој сам треба да си одлучи шо сака а биде во животот и кој факултет ќе го учи, а не да одлучуваат родителите кај ќе го запишат, наметнуваќи му ја нивната желба на своето дете......или перспективата за иднина од нивна гледна точка.
 
  • Like
Реакции: Arkantos

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,263
9,106
1,683
По желба на родителите се запишав на ИКТ при ТФБ на УКЛО. Јебига. Исто по нивна желба се запишав и средно на ЕТЕТ при РРР.
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
818
535
1,103
29
Скопје
Не е грешката во родителите пред се е грешката во нашиот обрзовен систем кои после 12 години минати во образовниот систем ти со навршени 18 години едноставно незнаеш што сакаш не си сигурен , а родителите мислат каде најиделното за вработување и да е што можно полесно па сугестират кон општествените науки. Кога би имале поинаква поставеност на обрзовниот систем можеби би имале повеќе интерест кон техничките науки и информатиката.
 
  • Like
Реакции: Caci