Постев до скоро и тоа сите пости. Постењето храна е најмал проблем.
Почетокот одев на причесна но прекинав откако размислив убаво.
Постот не е само храната. Во пости не смееш да пцуеш, оговараш (а со нашиот менталитет незнам дали постои муабет без да промешаш некого), да помислиш нешто лошо а камоли правиш лоши работи. Душата треба да ти е смирена, да не се нервираш, да не пиеш алкохол, да не пушиш, да немаш односи (сексуални)
. Како да примиш света причест ако едно од овие работи си направил во постот.
И да не заборавам пред да се причесниш треба да се исповедаш.