Стварно помалку трошат... ама ја викам 4 тактен едино над 150 кубици. За 50 кубици 2 тактните се измислени. Јесте, трошат, но тоа е незначајно спрема тоа колку повеќе внимание треба за 4 тактните. Прво, троми се премногу спрема двотактни, второ многу се чувствутелни на маслото и уште полошо немаат индикатор за масло на табла најголем дел од ниви , чувствителни на прегревање,а двотактните немаат потреба од масло во мотор туку само во горивото се става и така си подмачкува и со тоа не можеш да ги зарибаш.... И јас имав 4 тактен скутер една сезона, арно се покажа... сега имам двотактен мотор 50 кубици што искрено, не би го сменил никад. Едино глупо што треба масло да тегниш со тебе секогаш...
Да, саух е.... Сега како што затоплува времево и стартот би требало да олесни и без саух.
Но... ај пробај вака. Отвори кај карбураторот, саухот се фаќа обично на 2 штрафа, обично со 10ка, 8ка клуче или со крстач ... извади го и бутни тенок штрафцигер во неговото лежиште кај што би требало да турка тоа пипчето од втората слика .... фактички, механички ќе го крениш саухот и ќе пробаш да го запалиш. Ако запали ко шо треба, тоа е тоа. Лесно прегоруваат автоматите и на коли и на моторчиња, ќе си кажи сервисерот за замена...