Прилично сум сигурна дека нема таква тема.Па како да објаснам, некој другар, другарка што скоро ништо не знаеш за нив, а и ги немаш видено доста години. На фејсбук нема надеж или ја не знам да барам ко што треба, на google па уште помалку од личноста што ја барав завршив на како да си отвориш сопствен бизнис. Па затоа пишав тука да не случајно има некоја таква тема за некои такви личности пошто сепак ова е форум и идат разно разни луѓе, а светот е мал па големи се шансите тука да ги најдеш тие личности или некои што ги знаат.
Има таква тема?
Мислам дека на фб има сега некоја напредна оција на пребарување, па покрај името и презимето ако знаеш и каде завршиле средно/факултет или евентуално каде се вработени ваљда ќе ги најдеш побрзо. Пиши го тоа се заедно (име, презиме и школо пример) и мислам ќе излезат тие неколку луѓе со тоа име и презиме што завршиле/учат таму, а го додале во информации за нив.