Ме интересира како гледаат јеховините сведоци (и сведокињи
) на предбрачниот секс. Сум слушнал дека навистина се придржуваат кон библијата и навистина не практикуваат предбрачни односи, за разлика од православни, католици и остали рисјани...
Интимните односи се дар од Бог, дар во кој треба да се ужива кога за тоа ќе дојде време — во бракот. Како се чувствува Бог кога невенчани лица имаат интимни односи? Па, замисли си дека си купил подарок за некој пријател, а тој, уште пред да можеш да му го дадеш, ти го украде! Зарем нема да се разочараш? Тогаш, замисли само како се чувствува Бог кога некој има секс пред брак, и на тој начин го злоупотребува дарот што Тој му го дал.

Секоја година милиони млади се заразени од некоја венерична болест. Повеќе од половина од лицата што секојдневно се заразуваат со ХИВ (6.000 дневно) се на возраст од 15 до 24 години.Посебно жените се изложени на голем број проблеми поврзани со предбрачниот секс. Всушност, опасноста да се заразат од венерични болести (како и од ХИВ) е поголема кај жените отколку кај мажите. Освен тоа, ако една млада девојка забремени, се доведува себеси и своето неродено дете во уште една опасност. Зошто? Затоа што нејзиното тело можеби сѐ уште не е доволно развиено за да може да се породи без проблеми.
Интимните односи се дар од Бог, дар во кој треба да се ужива кога за тоа ќе дојде време — во бракот. Како се чувствува Бог кога невенчани лица имаат интимни односи? Па, замисли си дека си купил подарок за некој пријател, а тој, уште пред да можеш да му го дадеш, ти го украде! Зарем нема да се разочараш? Тогаш, замисли само како се чувствува Бог кога некој има секс пред брак, и на тој начин го злоупотребува дарот што Тој му го дал.
Во некои култури на сексуалните активности меѓу двајца возрасни што не се во брак се гледа како на нешто најнормално доколку и двајцата го прават тоа по своја волја. Во некои места разни сексуални активности се прифатливи дури и кога станува збор за тинејџери што не се во брак.
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: Во Библијата зборот „блуд“ се користи за одредени облици на сексуална активност меѓу лица кои не се во брак. Бог очекува неговите слуги ‚да се воздржуваат од блуд‘ (1. Солуњаните 4:3). Во Библијата, блудот е вброен меѓу сериозни гревови, како што се прељубата, спиритизмот, пијанството, идолопоклонството, убиството и крадењето (1. Коринќаните 6:9, 10; Откровение 21:8).
ЗОШТО Е ВАЖНО ОВА: Според Библијата, „Бог ќе им суди на блудниците“ (Евреите 13:4). Што е уште поважно, кога ги следиме Божјите закони во врска со сексот, покажуваме дека го сакаме Бог (1. Јованово 5:3). А тој, пак, ги благословува оние што ги слушаат неговите заповеди (Исаија 48:18).