Ова е моја прва тема , Јеховини сведоци , луѓето што одат по врати и те убедуваат.
(Јас не се декларирам ниту како атеист,ниту како христијанин итн.)
Јеховини сведоци се меѓународна организација која се залага за отфрлање на законите на модерното христијанство како што било кога било започнато.
Јеховини сведоци се меѓународна религиозна организација која го отфрла модерното христијанство во полза на она кое се проповедало во текот на првиот век. Тие се водат според сфаќањето на пишаните закони и принципи врз основа на упатства примани од Водечкото тело на Јеховините сведоци. „Watch Tower Bible and Tract Society of New York“ е легална организација на Јеховините сведоци што ја користат за религиозна работа.
Религијата се развила како одговор на она што го виделе како компромис и корупција во општото христијанство. Не ги признаваат Светото тројство, пеколниот оган, бесмртноста на душата и свештенството како важечки додатоци на изворното христијанско учење. Името „Јеховини сведоци“ е земено од Исаија 43:10 во 1931 година. Горенаведената организација издава религиозни материјали од крајот на 19 век; најпознати се списанијата „Стражарска кула“ и „Разбудете се!“.Во 2011 имале околу 19,37 милиони луѓе што редовно или повремено ги посетуваат нивните собири. Сепак, како членови ги вбројуваат само оние што се јавуваат како објавители секој месец. За 2011 службена година, (од септември 2010 до август 2011) најголем број на објавители бил 7.659.019.Главната тема на нивното учење е прославување на Божјето име и оправдување на Неговиот суверенитет, преку Неговото царство, со Исус Христос како негов владетел. Сведоците веруваат дека владеењето на Исус започнало со Второто доаѓање или присуство на Спасителот, што било означено како пророштво на крајот на „Времињата на паганите“. Веруваат дека ова се случило невидливо во 1914 година.Други учења на Сведоците ја вклучуваат употребата на еврејското Господово име, Јехова (илиЈахве) коешто се сретнува повеќе од 7 000 пати во изворните библиски списи, обично преведено како „ЈХВХ“ или Јахве и верувањето дека употребата на неговото име и познавањето на неговото име е важен дел од обожувањето. Веруваат дека смртта на Исус била неопходна за исправањето на гревот направен од првиот човек, Адам, отворајќи го патот на надежта за вечен живот на човечкиот род. Исто така дел од нивното учење е дека 144 000 луѓе ќе добијат живот на небото како совладетели со Исус Христос, кои ќе го водат остатокот од човештвото до совршеност на рајска Земја за време на илјадагодишното владеење. Јеховините сведоци веруваат дека за време на Армагедон, којшто треба да се случи во блиска иднина, грешните ќе бидат уништени, а преживеаните, покрај милионите што ќе бидат воскреснати, ќе оформат ново општество над кое ќе владее небесна влада, со Спасителот Исус Христос како Цар. Така човештвото ќе има можност да живее вечно во земен рај - можност, бидејќи сѐ зависи од нивните дејствија по воскреснувањето.
Во Македонија првите припадници на оваа религиска група се појавиле во Струмица во 1938 година, под влијание на словенечкиот брачен пар Тучек, кој престојувал таму, а првата заедница на Јеховините сведоци била формирана во селото Вељуса, Струмичко во 1957 година.[1]
Извор:Wikipedia
Е сега , што мислите за нив, за луѓето што тропаат рандом по врати?