Атеизам (генерална дискусија)

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153

Atheism
is, in a broad sense, the rejection of belief in the existence of deities. In a narrower sense, atheism is specifically the position that there are no deities. Most inclusively, atheism is the absence of belief that any deities exist.

Фотошоп имаш? Да ти нацртам ако имаш. Ја не знам дали има или нема. И јас сум во право. Ти не си во право пошто не знаеш туку нагаѓаш. Во ист кош се и некои атеисти кои “знаат“ дека не постои, и тие не се во право.
„Не знам дали има или нема“ = „можеби има, можеби нема“
„не знам“ = „можеби“.
„можеби“ значи прифаќање, а не одбивање ====> „не знам“ значи прифаќање, а не одбивање.
„не знам“ = „можно е“.
„не знам“ значи пристуство, а не отсуство.
Атеизам = одбивање
Атеизам = не
Атеизам = отсуство
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show

Бла бла бла. Знаењето и верувањето врска немаат едно со друго. Сосем две различни категории.
Колку сакаш превртувај од шупло во празно. Знаење е една работа (гносос, а-гносос, гностик, агностик) а верувањето друга (теист, а-теист)
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Бла бла бла. Знаењето и верувањето врска немаат едно со друго. Сосем две различни категории.
Колку сакаш превртувај од шупло во празно. Знаење е една работа (гносос, а-гносос, гностик, агностик) а верувањето друга (теист, а-теист)
Колку шо се сеќавам муабетот беше дали атеизмот е негирање, односно дали неверувањето е негирање.
Ако прашаш атеист дали постои бог, нема да ти одговори со „не знам“, оти „не знам“ значи прифаќање на опцијата дека Бог постои. Атеизмот значи отфрлање на опцијата дека постои Бог. Тој што ќе ти одговори со „не знам“ не е атеист, ами сѐ уште е помеѓу двете страни. Толку.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN and existence

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Колку шо се сеќавам муабетот беше дали атеизмот е негирање, односно дали неверувањето е негирање.
Ако прашаш атеист дали постои бог, нема да ти одговори со „не знам“, оти „не знам“ значи прифаќање на опцијата дека Бог постои. Атеизмот значи отфрлање на опцијата дека постои Бог. Тој што ќе ти одговори со „не знам“ не е атеист, ами сѐ уште е помеѓу двете страни. Толку.
Лошо се сеќаваш. Штета за твои години.
Прашањето е дали веруваш во бог (ови). Има можни два одговора, да или не. (теист, атеист)
Сосем друго е прашањето дали знаеш (или тврдиш дека знаеш) или не знаеш. (гностик, агностик)
Измеѓу страна не постои.
А бидејќи различен македонски зборуваме еве малку и фотошоп.
Agnostic v Gnostic v Atheist v Theist.png
 
Последна промена:

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Нема негација во атеизмот.

Кај гледаш негација?
Секоја и негација и афирмација на богови е “вон памет“

Што не е негација
прашањето е - дали атеистот го негира постоењето на Боговите или не?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Лошо се сеќаваш. Штета за твои години.
Прашањето е дали веруваш во бог (ови). Има можни два одговора, да или не. (теист, атеист)
Сосем друго е прашањето дали знаеш (или тврдиш дека знаеш) или не знаеш. (гностик, агностик)
Измеѓу страна не постои.
А бидејќи различен македонски зборуваме еве малку и фотошоп.

Сликицата сам ја правеше?
Claims to know? Жити се?
Демек постоењето и дејностите на божанството се неспознатливи за ограничениот човеков ум и никогаш не можеме да тврдиме со сигурност бла бла...
Тоа е само страв и паника од непознатото, од смртта, од темнината по ресенските улици...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN, Electra and existence

Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Сликицата сам ја правеше?
Claims to know? Жити се?
Демек постоењето и дејностите на божанството се неспознатливи за ограничениот човеков ум и никогаш не можеме да тврдиме со сигурност бла бла...
Тоа е само страв и паника од непознатото, од смртта, од темнината по ресенските улици...
Страв од кое непознато бе синко? Очисти си ги стравовите. И прочитај во литературата грчкото гносос што значи. Сликата ја има секаде. Твојот (и мојот и на секое човечко битие) ум не може времето да го разбере а не пак повеќе што се' се случува во универзумот.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Види сликата горе, ако и тоа не е јасно..... Универзумот нека ти е на помош.
уба слика, шарена
четири состојби, четири стрелки двонасочни, во точка се спојуваат, а на спротивната страна сосема се разидуваат.
И шо?
Објасни ми ја сликата, поточно стрелките. Шо значи кога ќе се спојат, а шо значи кога се разидуваат?
Инаку светот има 4 страни, ама на крајот се само 2 пола :D.
И едно прашање уште:
Зошто воопшто некој би верувал во нешто за кое се сомнева дека е вистина?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Страв од кое непознато бе синко? Очисти си ги стравовите. И прочитај во литературата грчкото гносос што значи. Сликата ја има секаде. Твојот (и мојот и на секое човечко битие) ум не може времето да го разбере а не пак повеќе што се' се случува во универзумот.

Hence, a creator must exist, no? Simply must eh?
Страв од осаменоста, од големото црнило на крајот на патот, победникот Црв и слични ужаси кои виреат во колективната меморија на човештвото.
Од друга страна чоекот како чудно битие вечно трага по одговори, работи кои пред икс години биле непознати сега се познати, утре ќе бидат решени денешните мистерии, има раја која копа по најдлабоките тајни на постоењето, како овој на пример
http://www.sheldrake.org/research/morphic-resonance
Не мора да значи дека е во право, само значи дека знаењето е подложно на еволутивни процеси. Може универзумот да е само-организирачки систем кој отсекогаш постои, холархија ти реков ми рече...
Она што вчера било гносис денес е like.....were they serious?