Атеизам (генерална дискусија)

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Догма се вика тоа. Слепо верување во теорија, поконкретно. Не баш се сложувам дека оваа теорија е слепа вера, ама се сложувам дека многу од луѓето ја голтаат слепо без никаков сомнеж и без никакво разбирање. Слушнале Дарвин, еволуција, а-у и готово толку. Не се интересираат ни да дознаат повеќе, нити да најдат нешто што би им ја потврдило/негирало теоријата... ништо. И одма верниците им се најглупите луѓе зашто биле слепи.
Слично размислувам како тебе затоа и го ставив видеото.
Фино започна документарецот, малку успори накај средина за да при крајот усерат све.
Пекол, рај, вечен живот?! Авторот демек сака да каже дека верувањето во теорија и верување во религиски будалаштини е едно те исто, слушнал (а не дослушнал) нешто за срвајвл оф д фитест (плус атеистите се сметале себе за животињи) и нормално им нуди покајание и спас на луѓето откако ги констатира како лажливци и прељубници, едноставно нели - состојба непозната за верник во традиционална религија.

Чудно како никој од рајата не му соопшти дека товарот на доказ паѓа на оној кој изнесува афирмативно тврдење и да го праша од каде знае дека неговиот бог е вистинскиот бог. Може е Алах, Кришна, Посејдон или Сет а ликот ќе гори како кривоверник во пагански пекол или ако е праведен ќе денса во Валхала. Тука ќе се појавеа мистериите на циркуларната логика (нели, светите списи како доказ) како конечно срање во филмчето кое почна така ветувачки...
И мене крајот ме разочара искрено па и затоа се подзамислив во еден момент дали да го прикачам.Се сложувам и со бобо што кажа дека има такви кои кажуваат еволуција а не знаат ни тронка на што таа се базира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
А што врска има Атеизмот со Еволуцијата?
Поделбите се помеѓу „Дарвинисти“ и „Креационисти“. Креационистите зборат за тоа дека не постои еволуција, што доаѓа како кец на десетка за религиите. Дарвинистите се противат на ова докажувајќи дека еволуцијата постоела/постои. Претежно атеисти се придржуваат кон дарвинизмот.
 
Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show

Можеби претежно атеисти да имаат Самсунг телефони, но пак не гледам врска меѓу Еволуција и Атеизам. Не е нужно да секој атеист верува во еволуција. Посебно пак што ништо заедничко немаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Abraxas

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Можеби претежно атеисти да имаат Самсунг телефони, но пак не гледам врска меѓу Еволуција и Атеизам. Не е нужно да секој атеист верува во еволуција. Посебно пак што ништо заедничко немаат.
Не реков дека е нужно, ама општо повеќе е прифатено од атеисти отколку од верници. Врската е тоа што еволуцијата оди против убедувањата на религиите дека некој бог нѐ создал баш вакви какви што сме и сѐ околу нас е создадено баш така.
 
Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Не реков дека е нужно, ама општо повеќе е прифатено од атеисти отколку од верници. Врската е тоа што еволуцијата оди против убедувањата на религиите дека некој бог нѐ создал баш вакви какви што сме и сѐ околу нас е создадено баш така.
Па и не е некоја врска. Атезмот е неверување во богови. Која е причината за неверување е сосем небитна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and Lena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
dinosaurs-500.jpg
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Па и не е некоја врска. Атезмот е неверување во богови. Која е причината за неверување е сосем небитна.
Mалку каснам, ама. Ако одиме по твоево тогаш што има врска па креационизмот со религија? Не дава причина за верување, што има религиите да го зборат?
 
Idiot

Староседелец
5 март 2013
317
231
1,053
Muppet Show
Mалку каснам, ама. Ако одиме по твоево тогаш што има врска па креационизмот со религија? Не дава причина за верување, што има религиите да го зборат?
Како нема креационизмот со религија? Од таму потекнува, освен ако христијанството не го рачунаш за религија. И пак да прашам, од кај го вметнавте креациознизмов во муабетов.
 
existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Како нема креационизмот со религија? Од таму потекнува, освен ако христијанството не го рачунаш за религија. И пак да прашам, од кај го вметнавте креациознизмов во муабетов.
ХА! Готово. Едното има врска, другото нема. Ами ете тоа @Aristokrat ќе го прашаш, он става таму такви документарци. Ја не знам од кај го поврза атеизмот со еволуција. А па и креационизмот, од кај излезе у муабет бе? Безвеза муабети праат овие.