Фино започна документарецот, малку успори накај средина за да при крајот усерат све.
Пекол, рај, вечен живот?! Авторот демек сака да каже дека верувањето во теорија и верување во религиски будалаштини е едно те исто, слушнал (а не дослушнал) нешто за срвајвл оф д фитест (плус атеистите се сметале себе за животињи) и нормално им нуди покајание и спас на луѓето откако ги констатира како лажливци и прељубници, едноставно нели - состојба непозната за верник во традиционална религија.
Чудно како никој од рајата не му соопшти дека товарот на доказ паѓа на оној кој изнесува афирмативно тврдење и да го праша од каде знае дека неговиот бог е вистинскиот бог. Може е Алах, Кришна, Посејдон или Сет а ликот ќе гори како кривоверник во пагански пекол или ако е праведен ќе денса во Валхала. Тука ќе се појавеа мистериите на циркуларната логика (нели, светите списи како доказ) како конечно срање во филмчето кое почна така ветувачки...