Од 1 до „за утре ми е составот/преводот, немам време“ колку очајно ви треба помош?
Епа, кожа ми се ежи!
Искрено, располагам со материјали и материјали кои сама сум ги собирала и спојувала со недели, па кога ќе видам дека некој со прст не мрднал и чека на готово, душа не ми се пушта. Ќе се видиме во пеколот поради ова.
Абе...да побараше некој совет, да го упати човек, да му разјасни нешто, па со мерак да помогнеш...не бе брате, оп-труп, еј абе за утре ми е...Марш.
Децава ги жвакам некако, учителите и родителите по интернет им дремат, да не ги упатил некој каде и што да бараат, али овие факултетски господа „Здраво, како си?“ *киша око Крагуевца* „...Абе, да ми преведеш нешто, за утре ми е. Не е тешко, знам и јас, ама немам време...“ - не.
Македонски синдром - сé знаеме, ама немаме време, и пак сме назадна држава и покрај вакви капацитети.
Дремеш на Фејсбук и врска немаш, ко призна - пола му се прашта.
Глуп е само оној што чука глава од ѕид и не признава дека не знае.