Поочајна новогодишна ноќ не сум имала одамна...
Како што можеби знаете, така „убаво“ сум скарана со друштвото...па морав дома да останам.
Во тренерки...пред компјутер...со родителите (бидејќи немам брат или сестра)...
Родителите, кој спие пред телевизор, кој на двосед со лаптопот наместо плишано мече...Да се убиеш!
Пуштив музика...рок. Добив: „Немој денес такви очајнички песни“...без да знаат за што се пее... Епа мене
ме ми е убаво да слушам турбо-фолк или народно, па дури и ако е н.г. Размислував дали да си легнам или да се фрлам низ прозорец...
Но, братучед ми (кој е сеуште мал) родителите го „треснаа“ кај баба ми...Од очај, решив и јас таму да одам.
И...еве го братучед ми, на лаптопот игра Age of Mythology...Со сила го извлеков од столот. Па после се појави баба ми...почнавме да се глупираме. Си ги засукавме тренерките до колена, ги соблековме горните делови и почнавме да скокаме како душевно болни...Од очај, секако.
На крај, всушност ми стана забавно. Иако се чувствував како да сум душевна болница, или најблаго, детска градинка...некако не беше толку млитаво...
Па почнавме да имитираме турбо-фолкери и да рикаме...ова де, пееме глупи песни. Онака, за да ги исмејуваме турбо-фолкерите.
Баба ми всушност имала сок...а се плашев дека ќе ни даде млеко...Па испив еден литар и се задавив...па баба ми ни забрани да пиеме сок.
Потоа се деревме како луди, па грлото, како што ми беше болно, тотално го здробив...посебно од онаа одбројувањето.
Се вратив дома, моите спијат, на телевизорот History...Ги разбудив, па си ја пуштив „очајничката“ плејлиста (не е очајничка, но така почнав да ја викам заради мајка ми)...
Што велите?