Темата која ми го потполнува секој ден од животот и ми го прави двојно посреќен. На 14 години почнав да возам и од тогаш претежно циљам кон „каначки“.
На секого кога ќе му спомнеш олдтајмер му текнува на стара америчка кола... Баталете бре луѓе... имаме такви возила кои секој од нас може да си ги дозволи...
-Застава 1300 -фиатот - триста. Имав вакво возило, страшно очувано. Чудо од кола, многу пространо и стегнато, но страдаат прагови, носачи предни, јабучиците се специфични и многу корозира во багажникот. Не троши колку што прикажуваат, колку една просечна буба ама е сбетлосни години пред неа.
-Лада 1500 SL -гадно моќна кола... како само трга во трета на угорници. Има прекрасна дискретна предница со дупли фарови...
-Фиат 850 купе - многу слатко малечко количе со специфичен мотор со уникатен начин на работа. Преуредено фиќо, многу добар дизајн, екстра одржување... + и многу шармантно
-Фиат 125п - пезетка... пезејац... исто како тристач но многу поквалитетна и пофино сработена. Заштитено од болестите на тристачот, но го газат години многу..
-Рено 4 ТЛ - економично, стабилно возилце, фин француски дизајн, поволна цена... за да биде топ му фалат добри фелни со шпици и двобојна фарба.
и мојата омилена...
Шкода 110R - ерка, спорт, 110ка... билокако.... Купе верзија од вечната Шкода 100/110. Малку повисока потрошувачка од седанот и појак мотор, но ненормално брза и истрајна. Некои мои пријатели ми кажуваа за брзини до 180 на час без но којзнае дали да верувам...
Верувале или не... од ко возам немам видено кола што подобро совладува непристапен терен од Шкода 100/110...
Туку, да не полемизирам многу... ќе докажам друг пат...