Предлози и прашања поврзани со функционалноста на форумот

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
И на крајот на краиштата пред да ставите казнен поен на било кој треба да го известите човек зошто е казнет, а не вака за нешто што немам појма имам казнени поени, и не ми е гајле за поените ме нервира постапката, не сум овде дојдена за некој што не го ни знам да ме казнува, ова е форум и ако се однесуваме нормално треба нормално и да функционираме а не дисциплини овде да ми воспоставува некој.Ако е еден поен иритира!!!
Човек да изгуби воља да пишува и филм и бутур.
Мислењето во темата за последно гледан филм со реценизја каде што си раскажала цел еден филм целосно, ти беше префрлено во темата каде што се дозволени спојлери, без опомени, а ти го врати пак на старата тема каде си пишала.
А тоа дека не знаеш Кити, само сети се колку претходно ти имав праќано пораки и на колку постови сум те тагнала да ти објаснам. И ми рече мразам правила јас нели, а на пола од нив и ме игнорираше.
Ама ете јас сум тука ставена од причина за правилата да се почитуваат.
Ништо лично, ќе било кој и да е.
Нема потреба од лутење, продолжи си со пишувања сега кога веќе знаеш како треба да изгледа една рецензија :)
 
Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas

Еднаш ми прати порака, и од кога во темата дискутиравме да не се раскажува не раскажував. Ти намерно ли ми стави опомена?? не издржа се запна, бог да чува.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Еднаш ми прати порака, и од кога во темата дискутиравме да не се раскажува не раскажував. Ти намерно ли ми стави опомена?? не издржа се запна, бог да чува.
Ајде нека е еднаш.
И нема проблем да е и уште еднаш, ќе ти објаснам пак подолу. И кога ова нема да се почитува ќе биде одстрането или преместено во соодветна тема. А казнениот ти беше зошто ги врати мислењата што ти ги преместив.

Повели тема, прочитај си убаво прв пост.
Правило за пишување рецензии на филмови и серии.

И ќе те замолам пак, темата за последен гледан филм да ја користиш исклучиво за рецензии, во кои патем ќе пишеш нешто повеќе од една слика и три збора, а во тоа повеќе што ќе го пишеш ќе гледаш да не го раскажеш цел филм. Лесно ко два и два. Понатамошните коментари за филмот ќе си ги продолжиш во темата за генерална дискусија, т.е оваа, а коментарите од типот јеее супер е баш ми се свиѓа и тн, можеш едноставно да ги замениш со еден лајк.

На страна се, никој не би сакал кога бара филм да листа низ пет страни чет муабети, а кога конечно ќе стигне до пост со филм да му биде раскажан цел од А до Ш или само една постер ставен од филмот.
 
Фала многу вака, ако може сега ова да го испечатиме и правилник да издадиме. Немав приметено дека некој толку до правила се држи во таа тема, сега дај сто теми да направиме и еден филм во сите да го раскажуваме, па ќе се измориме барајќи ги темите, и неам друга работа ќе раскажувам ваму три збора таму пет збора за еден филм. Малку да не е претерано?????????
Е вака остануваат празни темите..
Јас нема да ве замарам веќе таму, оти не сакам да ви ги расипувам филмовите.(y)
Смотана сум, не знам како треба да пишувам.
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Kitty Никој не ти го ускратува правото да дискутираш за гледани филмови. Само замисли ја ситуацијата што погоре беше спомната; сакаш да изгледаш неко филм и случајно налетуваш на пост кој открива витални информации како „типот на крај умира, убиецот е тој и тој“. Кажи ми дека нема шанса а да не се изнервираш. Еве отворено јас ќе ти кажам ти го преместив мислењето од една во другата тема. Не поминаа ни 5 минути мислењето беше повторно назад вратено. Да напоменам дека не поминаа ни 3 дена предтоа имаше јавно замолување од модераторот на Филм или да продолжиш со дискусијата на темата како што правилата налагаат (а правилата таму се направени баш заради тоа да не се крши филм уште негледан), или да пишуваш во дадената тема за генерална дискусија која впрочем и затоа е отворена.
 
Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
сакам да отворам тема за цитати кои со нив ќе се опишуваат членовите или предлог цитат за членот над тебе...има ли таква тема?? и каде да ја отворам? во општи муабети мислам дека одговара, а и може во литература и книжевност.. :D
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
сакам да отворам тема за цитати кои со нив ќе се опишуваат членовите или предлог цитат за членот над тебе...има ли таква тема?? и каде да ја отворам? во општи муабети мислам дека одговара, а и може во литература и книжевност.. :D

Општи па ќе му најдеме чаре.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Змејче

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Мислам дека треба нешто да се превземе во однос на темите во играчница. Ко чет-муабети станаа.
Најдобро да се воведе некое правило или ако има некоја опција дневно да може да се постира само едно или две мислења од еден член.
 
Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Мислам дека треба нешто да се превземе во однос на темите во играчница. Ко чет-муабети станаа.
Најдобро да се воведе некое правило или ако има некоја опција дневно да може да се постира само едно или две мислења од еден член.

Пушти децата да си играат,имаш други теми ако сакаш да мислиш. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and Kitty

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Пушти децата да си играат,имаш други теми ако сакаш да мислиш. :)

Се убаво, немам против нека си играат, ама со осет. Ок е да пишиш еве 5 пати да речеме во денот ама од сабајле цел ден само тоа го гледам низ форумов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica