Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Achernar

Староседелец
31 август 2013
2,564
3,840
1,153
Ајде нека живне темава.
Ако повеќе нема заинтересираност за пишување на овој наслов, нека се одбере победник и истиот нека смисли наслов за нови творења : )
Отворете тема чекори во дента, само почекајте да мине маглава.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Мојата муза, моја инспирација

Ми доаѓа на сон и ми шепоти нешта кои ми го полнат срцево и ми засадуваат инспирација.
Ми доаѓа на сон и ме кани да танцуваме. Ми ги подава рацете, а јас и ги подавам моите. Јас во светло сина ноќница со долги ракави и неколку бели копчиња, а таа во сончево жолт, раскошен фустан со златно венче на главата. Занесно се вртиме во круг низ облаците, како мали деца потскокнуваме од радост и си доверуваме тајни. И кажувам кого љубам, а таа согласно се насмевнува. Бара од мене да зборувам повеќе. Имам доверба во мојот партнер за танцување, па, си ја соголувам душава. И раскажувам што ми тежи на душава. И зборувам за сите солзи кои сум ги исплака, за сите бакнежи кои ги чувам на усниве... и раскажувам за се што за него сум направила, за сета болка и среќа кои сум ги доживеала... Ме прегрнува, а нејзината прегратка е толку мека. Фустанот и мириса на благиот мирис на неговата кожа... Ме опива, ме смирува... ми ги пушта дланките и ме остава да спијам...
Честопати истото се случува. Таа доаѓа и ние танцуваме лесно и неуморно. Секогаш заборавам да ја прашам како се вика. Секогаш кога сакам да ја прашам која е, не ме остава да изговорам било што.
И кога чекорам по улица, и кога работа или пишувам... и кога него го љубам.... за неа си споменувам. Ме прави порасположена, поисполнета. Вредно работам, итам незапирливо, бакнувам пострасно... со жар пишувам.

Пред некоја вечер, повторно сакаше да танцууваме. Се разбира - прифатив.
Додека незапирливо се вртевме во круг ја набљудував, а таа прашално ме гледаше.
Ти си мојата муза. - и реков, и сама изненадена од својот коментар. Или заклучок.
Можеби. - одврати таа и продолжи да се врти.
Останав замислена и веќе не реков ништо. Не прашував и не раскажував.
Можеби. - по некое време повтори таа. Јас сум Љубов. - ми рече уверливо...
Љубов е мојата муза...останав замислена.
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
...и...што сега?
Што откако ќе ја остварам целта?
Што треба сега да направам?
Да чекам?
Што да чекам?
Да најдам нова цел?
Се втриме во круг...

„Пресен бостааан“- се слуша од улицата.

Ми се јаде лубеница...
ќе купам една.

Се враќам дома носејќи ја лубеницата...
Тешка е...
Еве, казна за мојата алчност...
ја избрав најголемата!

...и...штоо сега?
Ќе јадам лубеница...
ќе го ставам остатокот во фрижидер...
И?

Пишував поезија едно време...
Но, сега...сега само глупости...
Очајнички глупости...
Црн хумор...
Прекрасни, очајнички глупости...

Кој ѓавол ме тера на ова?

и...што сега?
Сега ќе го барам ѓаволот...

Луѓето те викаат муза...

Пријателство, љубов, убавина...
Клишеа досадни...
Тоа веќе не ме исполнува...
Не сум по таквото творештво...
Едноставно не го сакам...

И?
Што сега?
Сега ќе ја јадам лубеницата...
Сега ќе заборавам на ѓаволот...ова де, музата....

А Потоа?
Потоа ќе си најдам нова цел...
И?
И ќе се вртам во кругот...
Немам трпение да се борам против тоа...

Затоа што...
спротивното од маѓепсаниот круг е...
...ништо.

А што е тоа „ништо“?
Веројатно ништо...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Мојата муза, моја инспирација​
Го имам тоа чувство кога емоционалната интелигенција на моменти ме сотерува во одредено темно ќоше каде спомените како банда пијавици ми ја докусуруваат позитивната енергија. Отсекогаш сум сметал дека истата е извор на благосостојба, на нешто за што секој се бори но никој не знае дека всушност истата таа благосостојба го осиромашува духот на еден писател. Во тоа темно ќоше додека позитивните мисли ги примаат последните смртни удари, новиот сонувач се раѓа. Неговата инспирација, најчесто за загубените невозвратени чувства му натежнува во главата недавајќи му мир, се` до моментот кога последното чувство на виновност не се испразни на парчето хартија. А таа трпи. Ги пронижува буквите во неа како таа да седи до него, како со поглед да се разбираат. Тагата е негова муза, хартијата - неговиот слушач. А тој повторно пишува. Раскажува.
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Моја мала сребрена музо
ти што ќе бидеш заборавена со нискиот тон и нечуен крик,
растури го својот раскош во моето подножје
раскажи ми за топлина, покажи ми лик.

Загуби ме низ рузмаринот додека уште е зелен
напред и назад да те барам босоного и тајно,
додека патиштата не ни се скрстат одново
и стравот од лет не се задуши само по себе, овојпат трајно.

Знам да се налутам себе си
пуштајќи те низ пресното синило, сите мои духови да ги пратиш,
а јас сум само остров посаден со помирение, темјан и пелин
фенер кој упорно тлее, да не се изгубиш, одново да ми се вратиш.

Можеби не сакаш да те најдат моите ловци
изморени и гладни со прашина сребро во вреќа,
и ме потсеќа на приказна за девојка со прстофат гола надеж
со ногата тупка и на својата патувачка муза чека.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and violetmoon

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Мојот бескраен мир,немир во недоглед.
Чудно зарем не?
Ги обединуваш овие две спротивставени страни.
Измеѓу се сите твои нежности кои влијаат длабоко врз мене.
Погледот,има толку многу различни значења,сите до еден со длабок дури понекогаш неподнослив интензитет.Дали така јас го доживувам или едноставно ме обмајува убавината на твоите очи.Очи полни со тага,срамежлив поглед створен само за мене,радост на мало неискусно детенце но сепак цврст,одлучен и сигурен во себе и за мене,за нас.
Цврстината на твоите раце ја градат мојата самодоверба.И ова неможам да го разберам.
Твоите ставови,размислувања,желби...неморам ни да ги знам,невозможно потполно се согласуваат со моите,а своите никогаш не ти ги ни кажав.
На секое поставено прашање зачудувачки го добивам одговорот кој веќе го имам посакано.
Го разгоре секој дел од мене,дури и оној кој самата не го познававав дека воопшто постои во мене.
Толку си ист а сепак различен од личноста која ја носам со мене од денот на моето раѓање.
Невозможно,едноставно невозможно.Сеуште не верувам дека постоиш токму таков и само за мене.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Luckky