Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Female

Староседелец
18 јануари 2013
125
183
1,043
In your thoughts!
Посакав и тргнав по тебе во темнината да те барам.
Застани за миг и помисли како им е на луѓето во темнината кои заспиваат сами, а и животот би го дале да можеа за до нив да заспива саканата личност. Во далечината те здогледувам, те барам во мислите, се обидувам да се сетам на бојата на твојот глас, сакам да ги почувствувам повторно твоите допири, а не мора да се будиш до мене. Не мора никогаш да бидеме заедно ако не сакаш, доволно ми е само да знам дека и ти некогаш помислуваш на мене. Ме мислиш ли? Не знам за тебе ете, но кај мене ситуацијата е следна: секоја вечер кога ќе откуцаат сказалките точно полноќ во темнината на ноќта почнувам да те барам. Ми шеташ низ мисли и го окупираш целиот мој мозок, небаре немам други работи за мислење. Единствена личност на која помислувам пред да заспијам и кога ќе отворам очи си ТИ. А, тоа ми наликува на љубов. Но, љубовта не е само доволна ако не е обострана. Ќе си речеш, како наликува на љубов, а не сакаш да бидеме заедно? Епа така драга моја, поарно да те сакам од далеку и да те мислам, отколку да ти го претворам животот во пекол. Принцеза и битанга не можат да бидат заедно. Односно можат да бидат ама краток период, после тоа различностите ги разделуваат колку и да била силна љубовта. Сакам само за последен пат да слушнам дека и ти некогаш ме љубеше. Тоа ќе ми биде доволно. Ќе бидам задоволен доколку ми признаеш дека некогаш пред да заспиеш ми посветуваше барем една мисла и не барам ништо друго. Биди среќна со друг, тоа е единственото нешто што ти го посакувам сега, а јас како кукавица ќе се повлечам и ќе се обидам да те заборавам. Принцезо, знај дека секогаш ќе се сеќавам на тебе. Ќе ми бидеш симбол за пропадната, но огромна љубов. Биди ми добра, јас ова ако успеам да соберам храброст ќе ти го кажам, ако не пак како кукавица ќе го оставам да лебди во воздухот. Си помисли во себе ТОЈ во темнината и се обиде да заспие.
(П.С обраќањето е во машки род, а пишувано е од женско). :)
П.П.С кога ќе го прочитам вака уште еднаш како темата да ми е промаршена, ама нема врска. Јас на овој текст би му го ставила насловот: Помисли ли на мене оваа ноќ? Ама веројатно ќе се важи и ова.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Ноќта се спушти, го зароби градот, ги заспа непотребните. Колку таа поцврсто се котви во просторот толку посакувањето за тебе е поголемо. Како збеснато животно се обидувам во сенките од месечината да те пронајдам и лутам низ улиците каде поминувавме. Застанувам, се задлабочувам во мислите и се сеќавам на дијалозите, и ги повторувам во себе тивко нечујно. Глува ноќ е. По некој случаен минувач кој немо ме поминува со погледот.
Каде си? Во кој ли свет царуваш со својата насмевка? Дали се сеќаваш?
А, што ќе се сеќаваш? На миговите украдени од твоето спокојство, или на жедта моја за тебе. И кому да му раскажеш, нема да ти поверува. Ќе те погледне чудно и ќе ти рече ај не фантазирај, таа не е за тебе, таа не е од твојот свет, луд си...
И кому да му разкажам, мислиш нема да ми рече исто. Јас можам само да му прикажувам за посакувањето, за целата страст која ја разбуди , за сите насмевки кои ги искраде и за будењето на секоја клетка од телото кое беше успано со години. Погледот и твоите очи не можам да му ги доловам. Досега никој не ме гледал така. Да те гледа, да продира со очите во тебе и безсрамно со погледот да ти каже се што еден маж може да каже на една жена. Погледот никогаш нема да го заборавам. Тој поглед во исто време соблекува , ми ги вцрвува образите, ми ги насолзува очите, за потоа да ме прикрие од сите како ништо да не било, додека се сплеткувам со зборовите кои немаат никакво значење и хаотично бујаат од усните.
Во темнината те барам, знаејќи дека неможам да те најдам. Ноќите ти се подарени на твојата пеперутка. Таа тоа го заслужува. Јас бев само случаен минувач кој те краде на секунди во животот. Бев благословена да го дишам истиот воздух со тебе. Благодарна сум за тоа.
Даваше се што мојата душа посакуваше. Се чудам колку многу имаше во себе да дадеш некому , кој изникна како привидение во твојот живот, непотребен и неповикан натрапник. Од срце ти благодарам. И не се лути кога чекорам сама во ноќта и те барам низ улиците, и се загледувам во твоите прозорци предизвикувајќи ти само понекогаш ноќна мора.
Јуни, 2013
 
Последна промена:

Iris*

Староседелец
30 јануари 2014
842
1,432
1,103
Постоевме јас и ти,
Од сите заборавени,
Сами во свој свет,
Ангели пред срцето,
Кривци пред разумот,
Ангели пред вратата на рајот,
Водата на Животот што ја пијат.

И еве ме тргнувам.

Тргнувам низ пурпурот
Рајот повторно да го најдам,
Гордоста од прашината ја подигам.
Никој нема да застане пред мене
А кој и би застанал,
Во што би погледнал...

После нас јас сум ништо.
О,оставете ме да го најдам.

Тој е блиску,чувствувам.
Еве оставете ме само да го видам
Без допир ,без збор,
Еден дел од гладта да задоволам.

Велото од тага го подигам,
Одразот во огледалото повеќе не е мој

Треба да го видам..
Еве земете се,
Младоста,
Научив дека не ми е потребна,
Искреноста,
Научив да Живеам и без неа,
А љубовта
Тој ја зеде
А срцето.....

Допир на тилот,неЖен ко воздух
А чиниш душата ја гори

Те љубам
Единствен мој

Барајќи те,ти ме најде
А мислев сама барам,
Раната ќе зацели
А мислев умирам,
Месечината те донесе за конечно да се смират душите.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Тоа е некој бар... Или пак осамен локал каде загубените души ја разредуваат својата емоционална истоштеност со неколку чашки алкохол. Вирее џагорот на нивната исфрустрираност кон ликовите кои тие никогаш добро не ги познавале. Како веќе прочитани книги, ја распознавам нивната болка врежана длабоко внатре. Но не посакуваш да си сличен ним. Тоа што те одделува од нив не е таа загубеност, нити емоционалната истоштеност. Ти итака знаеш дека залудно е секоја нова проба да го претвориш твојот свет во совршенство е залудна. Но седиш на столицата и копнееш да се случи нешто. Посакуваш да се заробиш во темнината каде ја имаш за прв пат запознаено нејзината лика и прилика. Твојата повреденост е минорна за разлика од нејзината убавина. Но рано е се` уште да ја идеализираш со совршенствата за која и самиот не си запознаен доволно. Тогаш зошто посегнуваш по темнината да ја бараш? Зошто се дотолчуваш уште толку со спомените кои го имаат заробено сето она разумно што има преостанато во тебе?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Luckky

crvenkapa

Староседелец
15 јануари 2013
235
593
1,093
Многу ноќи посакував да тргнам и да те барам, да барам и да се надевам дека ќе најдам барем дел од твојот лик, да најдам
барем еден поглед насочен кон мене, оние две очи што некогаш гледаа во ист правец со моите..Секоја ноќ иста приказна, спомените
во круг го играа својот танц со различен почеток, но секогаш баш секогаш со ист крај, јас во темнината посегнувајќи по недостижното.
И конечно еден ден се разбудив, со очи широко отворени и поглед кон иднината, прстанав да те барам..се најдов себе си.
Остани си спомен закопан во минатото, затоа што и денес да беше тука ќе бевме исто несреќни како тогаш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and Pica pica

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Странци. Сите започнуваме како странци. Само со развлечениот од и клопче имагинација за оној што стои до нас чекајќи го својот автобус. Смешно е што не знаме каква приказна носи врз тие рамена, каква борба џвака низ грубата линија на вилицата но сепак сме тука за да ги прикриеме нашите чекори со крпа како штотоку испечен леб - случајно да не истине душата. Душата што ја чуваме за оние што малку повеќе ја знаат нашата приказна од овој новиот, странец. Дали некогаш имаш забележено колку странци во позадина ја делат истата фотографија каде што си ти во преден план? Потајно ме тера да размислувам кај колкумина странци сликите ги гребе токму мојот лик. Во колку и какви туѓи моменти сум била присутна без да сум свесна за тоа. Дали сум била дел од сиот тој заговор кога нечии соништа станале реалност? Или пак дел од некоја вештачка насмевка додека во нечијата внатрешност тишината се насладува кога музиката умира. Дали несвесно нашите черепи не влечат во туѓиот кадар или пак блицот доаѓа набрзина како шок за нашите неподготвени погледи? За потоа да поставуваме прашања за првпат, поставени. Не како ги запознаваме. Туку зошто сакаме да ги запознаеме. Можеби, да бидеме запознаени самите со себе, за почеток. И сиот тој монолог со сопствените ега. Впрочем сите сакаме да запознаеме некои странци кои ќе не потсетат на некогашните познаници, сега носејќи сосема различни завршетоци од нивните претходници. Странци што ќе говорат на сличен начин. Странци што ќе ја лижат лажичката на сличен начин. Странци што што ќе ги сомелат сите чувства во нашата мелница за кафе, исто како тогаш, повторно на сличен начин.

Не, не се враќаме каде што сме биле среќни. Се враќаме онаму каде што сме доживеале, изживеале и преживеале шака различни нешта. Каде што сме биле на врвот задишано мавтајќи му на ситниот свет, каде што сме го допреле дното гледајќи нагоре, ветувајќи дека не чека нешто подобро од ова сега, просечното. Се враќаме онаму каде што сме се почувствувале живи. Каде што барем на момент, сосема случајно некој странец една вечер, не придружувал во лудото возење со прекарот Обичен живот. Да сакам да се вратам кај тоа чудно име со сина боја. Во Обичното. И да правам обични работи како некогаш. Сега сфаќам дека ние навистина не сакаме да бидеме сакани. Само сакаме да бидеме што повеќе живи. Да чувствуваме некого. И да бидеме почувствувани. Kaде светот е сосема мал, чиниш исчезнал а густината на нашите надежи е толку голема па балоните од сапуница не можат да пукнат. За ако некогаш, барем еднаш, некој странец реши да чепка по мојот мал живот што ќе заспие во заборав една - две генерации после мене да ги најде наборите на моите коски, збрчкани од живот што додека дишел везејќи вткајувал среќа. Да ги помириса нежниот парфем помешан со воздишки и восхити гледајќи ги невините седумнаесетгодишни погледи во воздухот кои иако млада, ме тераат да се чувствувам подзаборавено и старо.
И сфаќаш дека луѓето не ја гледаат убавината како ти, не го распаруваат конците на секој збор во глава како што тоа го правиш ти. Не ги впиваат испишаните зборови бавно во себе, баш како тоа што знаеш да го правиш ти. И никогаш нема да чувствуваат со иста мерна единица, како што можеш самата ти. Ете тука се разидуваме со познатите странци. Тука стануваат непознати а запознаваме други, именувајќи ги сега како веќе познати. А во нас остануваат само оние случајните спомени и секојдневни желби од постојаниот процес на развлечените ,,догледања” и на срамежливите шепотења на ,,здраво”.
Затоа продолжи да зборуваш и да сонуваш исто како никој да не обрнувал внимание на сето тоа - иако за некому поткожно си бил цел живот. Продолжи и посакај – да тргнеш во темината барајќи го случајниот блиц, сноп светлина на уште послучајното здраво. И тоа ќе биде уште еден нов познание, ново среќавање, нова битка, нова насмевка, нова лекција. Можеби, нов живот. Само сега похрабро и посигурно.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Да смениме тема? @maja-maja пак победи, така да пак одреди некоја тема чисто од душа инспиративна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Еден живот е премалку да ти ја подарам душата ...
Ако Ви се допадне нека биде следната тема. Пред се , благодарам на сите што читаат и пишуваат на темите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991, Saladin and Luckky

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Еден живот е премалку да ти ја подарам душата ...

Студена октомвриска вечер. Здолништето до над колена облечено за да се воодушевиш го вее ветерот и го поткрева нагоре. Вилицата ми се тресе од студ, влакненцата по целото тело ми се накострешени и сама себе се прегрнувам во обид да се стоплам. Стоиш пред мене и ниту ја подаваш раката. Можеби се премислуваш да ме нагрнеш со твоето волнено палто кое многупати ме греело, но сепак не правиш ништо. Долго молчиме гледајќи се.
Знам дека знаеш се. Ништо не ми преостана да кажам или направам. Можам само да стојам и да гледам како ми се лизнуваш од раката.
Те губам. Или одамна те изгубив или можеби никогаш те немав. Чувствувам како сета крв наеднаш ми се излева во срцето и како тоа забрзано бие во надеж дека некако ќе ги скроти моите чувства. Те љубам тивко и нежно, страсно и огнено. Те љубам на сите начини на кои една жена може да љуби еден маж. Те љубам додека ме прегрнуваш, те љубам додека гледам како спиеш, те љубам кога занесно се насмевнуваш.
Немам повеќе време. Ја отворам устата за да доречам нешто што можеби остана неречено, но ти ме запираш. Полека го положуваш својот показалец на моите усни во знак да молчам. Солзи ми навираат во очите. Не велиш збогум. Го премолчуваш најтешкото. Се вртиш и си заминуваш, а јас останувам да те гледам додека солзи ми се тркалаат по образите.
Никогаш нема да се вратиш, па овој еден живот е премалку за да ти ја подарам душава. Во овој еден живот нема место за мојата душа во твојот простор за подароци. Можеби во некој нареден или некој претходен ќе ме љубиш како јас...
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
Еден живот е малку ако си решил да одиш.
Застарените шарки ќе писнат во монолог - сирените веднаш ќе се кренат во црвено. Закотви го здивот некаде зад моето рамо - нека пркоси на клетата аеродинамичност. Фрли и еден плиток дел од внатрешноста што чувствува, па на прсти оди поскоро.
Јас дишам во погледи, а ти тука гласен не си.

Ако планираш да бегаш, подобро тргни - те чекаат седмици и месеци.
бесот во мене е немилосрден и не простува скршени стакла на подот.
Оди додека се’ уште е пијан и остави мамурлакот да го измие во росата изутрина, чувајќи го за лоши денови.
Бегај каде што телото се вљубува одново и одново. Фрли ги сеќавањата позади некоја греда додека срцето плаче.
Скривалиште мое, повеќе не си.

Еден живот е малку за песна. И сите рими што ги чувам за тебе
Не бев паметна и не можев поинаку, ги развлеков индивидуално и платонски.
Ти само научи со нив да го запалиш огнот во себе под тие суви екстремитетни прачки.
Сега и овде, ти топол не си.

Еден живот ти е премалку да го научиш грбот да се свитка пред гордоста.
Еден ден, сосема природно, ќе седнеш и свиткаш таму низ полските цветови.
Ќе седнеш и ќе видиш како нејзините прсти го будат апетитот под желудникот.
Зошто гордоста во љубовта е само пречка, а гладот се враќа кога душата копнее да ја закопа гладта.
Денес на мојава скромна софра, гладен ти не си.

Еден живот е премалку да ти ја дадам душата а премногу индиферентен за да видам твојата како се насмевнува назад.
Биди насмевнат. Биди среќен. Кради ја просечноста.
Истината вистино и препечена приказно.
Моја насмевка, ти веќе не си.