Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Мандарините поскапеа а насловов остана
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Мандарините поскапеа а насловов остана
Шо, демек ти пошо тепаше, така? :zelen
Ајде бирај наслов...
и не ми се жали за мандарини, секој ден го глеам графитон кај песталоци.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Честито Аристократу на победата.
Смисли некоја љубовна тема...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Честито Аристократу на победата.
Смисли некоја љубовна тема...
Благодарам,темата нека биде ЧЕКАЈЌИ ЈА/ГО НА СТАРАТА КЛУПА или ако имало навидум слична нека се промени,или може модификација ако не му се допаѓа на супер модераторот слободно
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Сменето во второ лице, поестетски ми звучи.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Чекајќи Те на старата клупа,која ти ја одбра,за повторно да бараш прошка од мене,ме свести болката кога ,како едно денарче ме стави на пруга и возови поминуваа.Колку и да не ти вредев,сега моето срце е помало,но и многу,многу потврдо.
 

Tumblr

Истакнат Член
21 мај 2014
8
13
103
Чекајќи те на старата клупа
две - три сонца ми се слеаа во дланките
и додека те чекав се топеа и претопуваа
и гаснеа и разденуваа
Чекајќи те на старата клупа
на сонцата се слеаа стрелките
и додека те чекав отчукуваа
и кружеа и се престигнуваа
Чекајќи те на старата клупа
на стрелките се слеаа секундите
и додека те чекав се надвикуваа
и ме јадеа и ме разјадуваа
Чекајќи те на старата клупа
на секундите се слеаа минутите
и додека те чекав се соблекуваа
и трчаа и се разгоруваа
Чекајќи те на старата клупа
на минутите се слеаа часовите
и додека те чекав одминуваа
се исправија и пред мене поминуваа
држејќи се за рака, зборувајќи си едни со други
еден по еден во редица
како оро
Чекајќи те на старата клупа
врз мене се слеа небото
и додека те чекав гнетев од облаците
во устата
и од ѕвездите
и од авионите
и од дождот и од виножитото
за да не знаеш кое време те снашло
а јас да можам да те чекам
 

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
Чекајќи ја на старата клупа, младоста ми помина, а ти остана глупа. И после неа, секоја стара клупа, ми изгледаше премногу глупа и затоа престанав да ја чекам на клупа. Се извинувам, така ми дојде.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Чекајќи те на старата клупа тонам во празнината, апсурдноста, мракот.
Чекајќи те на старата клупа исто како да го чекам Годо.
Те чекам тебе, но ти не доаѓаш. Те гледам некаде далеку, но не блиску.
И надежта е сеуште тука. Надежта, дека утре ќе дојдеш и ќе ми прошепотиш неколку зборови.
И секој ден така. . .
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ghtalpo and diva orhideja