Пишуваме на зададена тема (прашања и предлози)

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
А зарем вреди...
Зарем вреди да се соголам пред тебе,
да ја извадам душата на кантар
да ја измерам и да ти ја продадам?
Не....
Ќе ти ја оставам онака бакшиш
па со неа да уништиш
уште многу многу животи.
Затоа што вредиш... вредиш многу повеќе.
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Душава ти ја подарувам, допрена од тебе, таговна по тебе, цела соголена пред тебе. Знам дека не ја посакуваш и не знаеш што со неа.
Ти со друга душа си го исполнуваш срцето.Тоа не е грев. Не ми е грижа што ќе правиш со мојата, можеш да ја фрлиш и на буниште. Таму кучињата ќе ја растргнат и ќе се наситат.Ослободи ме, земи ја, те молам. А , што ќе ми е мене без тебе? Можеш на јарбол да ја закачиш и да ја вееш високо пред да одиш други души да освоиш. Се можеш ти со неа.
Скаменија, нека биде камен под твоите нозе, таа пак ќе те сака.
Еден живот е премалку душава да ти ја подарам. Прегрни ја , таа секоја прегратка ја памети. Бакни ја , таа на бакнежот заспива. Убиј ја, таа и мртва ќе ти го осветлува патот во овој живот толку краток .
 
Последна промена:

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Души се даваат,
души се подаруваат како на оглас.
Понудата никогаш не била поголема.
Се се тоа чисти души,
така желни,
жедни и гладни за љубов.
За допир.
Допир,
постана клише збор и полека ја губи својата вредност.
Подарени души на
џелати,
душопии,
спасители,
некои ја милуваат знаат да ја чуваат,
некои рануваат и погубуваат.
И јас ја подарив својата.
Одамна некогаш додека се капев во зраците на сонцето,
направив пакт со него,
Биди мој вечен љубовник,
му реков,
ти ја подарувам душава,
еден живот е премалку,
во овој и во сите следни животи,
твоја е,
а ти само свети
само милувај ја,
целувај ја
и никогаш не ранувај ја.
 
Последна промена:

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Најдените предмети не даваа преголема надеж.
Една мапа на Северниот Атлантик и едно писмо. Како писмото преживеало може било кој да нагаѓа но во тој случај веродостојноста ќе биде сечија кучка.
Никој пособно не се заинтересира за тоа писмо. Ако рамнодушноста на припадниците на самоорганизираната група на островјани беше помалку изразена можеби и ќе го отвореа. Ќе видеа бесмислени низови на бројки како безлично се повторуваат. Можеби ќе го забележеа и Кралскиот печат. Или пак напомената дека постојат четири такви писма кои смеат да се отворат само во случај Лондон повеќе да не постои на картата.

А Лондон беше само спомен, мит пренесуван од генерација на генерација, легенда која постоеше во меморијата на малкуте старци кои сеуште беа живи, за огромниот и волшебен град во кој имало храна и вода дваесет и четири часа на ден. Нешта тешко замисливи за преживеаните.
Не знаеа многу за времињата кога сета удобност се земала здраво за готово. Кога планини со храна завршувале по депониите.
Немаше многу да дознаат за минатото од самото писмо. Кодовите за лансирање на проектили од четирите дежурни нуклеарни подморници беа досадни колку што само може да биде досадна низа на бројки.

Луѓето останаа разочарани. Ништо не им значеше називот HMS Vengeance на пликот. Читањето не им беше силна страна. Очекуваа во подрумите на Адмиралитетот да најдат нешто корисно, нешто хранливо, нешто кое ќе им купеше уште еден ден, уште едно утро.
Најдоа само праче хартија кое во даден момент во минатото засекогаш ги лиши од иднината.

Време беше да се згрее вода и да се свари нешто. Собраните дрва не се потпалуваа сами. Писмото со кодовите послужи сосема совршено.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Ти одиш,а јас ти пишувам писмо.
Посакувам да можам ова да ти го кажам во очи.
После тебе останува недопиена шоља со кафе,мирисот на машки парфем и твоето присуство кое лебди во собава.
Одиш..
И ме кршиш на милион парчиња,а само што мислев се созедов од болката,се опоравив од тебе.
Одиш..
Којзнае каде.
Одиш и разбирам колку сеуште ме болиш.
Колку би сакала да ти верувам и опростам се.
Да речам,еј бејби ок е.
Тука сме јас и ти.
Ајде,нов почеток за нас двајца.
И тргнувам со чекор кон тебе,да ти се предадам повторно..
И твојот поглед ме убива.Ме скаменува.Се отвара вратата од ќелијата,сокриена во длабочината,онаа околу која се трудам.. да ја заборавам,да ја избришам,да ја опростам..и од неа излегуваат сите зборови кои ме истоштуваат.
Уморна сум од оваа борба.
Уморна сум од тебе.
Одиш..
А јас се грчам од болка.
Џабе е сета мудрост од истокот која лакомо ја впивав во себе,
џабе се сите вештини кои ги научив да би се победила себе и таа болка.
Жива сум.Чувствувам.Мислам.И ме боли.
Џабе е се.
Одиш..А јас останувам да зјапам во празната врата,бришејќи ги солзите кои сами капат.Небаре чекаа да заминеш па да се слеат во сребреното езеро во кое така често го огледувам својот лик.Додека ти го пишувам ова,телефонот ѕвони и го слушам гласот на мојата најдобра другарка.
Плаче затоа што се скарала со саканиот.
Да биде тагата поголема плачеме и двете,сочуствуваме во болката.
Прашање поставено во прав момент:
Е зошто е сето ова така?
Одговор:
Да беше убаво немаше да биде така.
Прснуваме во заразна смеа и се е заборавено.
И тој за неа и ти за мене.
Вечерта се исцртува на небото со убави магични бои,а јас задоволно се смеам.
Оди,не ми е гајле,среќна сум кога те нема.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and violetmoon

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
images

Сокриј го писмово под перница,сокриј го од туѓите погледи,
сокриј ги спомените со мене само за себе,
стиши го шепотот да не го чујат туѓите уши
кога го повикуваш моето име.
Сокриј го писмово...
Нека жолтее во годините...
Нека го пронајде некој случајно...
кога јас ќе бидам далеку од тебе.

11844803386_9de2e57d5f_o.jpg

 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Г,

Ти пишувам писмо кое никогаш нема да го добиеш. На момент се збунувам дали тебе ти го пишувам или себе си. Незнам.
Јас сум во твојот град на друг континент, многу далеку од нашата Македонија. Ти знаеш кај сум, а јас знам дека нема да дојдеш исто колку што и јас нема да тропнам на твојата врата и да ги разбудам демоните во твојот дом.
Се прашуваш како од целата земјина топка јас дојдов тука кај тебе,случајно. Не, не беше случајно,го знаеш и тоа.
Посакав да те погледнам во очи и да видам што останало од мене во тебе.Посакав да си го земам тоа што многу години ме мачи мене, но и тебе.
Не се плаши, јас лошо не носам, ниту спомени. Знаеш, помина четврт век. Немам лутина. Немам ни гордост. Сакам твојот бес кој сеуште тлее во тебе да го смирам, да си простиме. Бевме млади, а младоста оправдува се. Се сретнавме премногу рано во животот, а сега е премногу касно за почеток.
Те познавам многу добро,сеуште. Паметам која боја ја сакаш и која песна ја потпевнуваш наутро. Пред неколку недели и самиот ми пиша дека е така.
Ме праша дали сум среќна.
Јас ти одговорив дека сум среќна исто толку колку што си и ти среќен, ни помалку ни повеќе.
И нели рече дека една средба по четврт век нема да измени ништо, а зошто сега се плашиш?
Нема да те побарам, ти знаеш каде сум и колку време ќе бидам тука.
Јас знам дека нема да се јавиш за да ме казниш. Проклета машка гордост.
Не ти се лутам,тоа е посилно од тебе. И знам дека ќе ти мине пред да преминеме.Јас таму преку големата вода, ти тука во туѓина.
Еднаш ми рече дека големите љубови се големи затоа што на крај никогаш не се заедно и се разделени. Јас бев млада и ти одговорив-љубовта победува се.
Сепак, можеби ти беше во право.
М.
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Iris* and Photographer

Photographer

Amoureux
23 февруари 2012
482
1,394
1,093
„Ти пишувам писмо“

Ти пишувам писмо, за последен пат, ти пишувам писмо, за зборовите да не бидат заборавени ил изоставени, ти пишувам писмо, за она што не останало врежано во твоето срце, да остани запишано на тенкиот безвреден лист хартија...Ти пишувам писмо, за вистината која не сакаш да ја чуеш и чувствата кои не сакаш да ги осетиш...
Ми кажа „Прави го она, што тебе те прави среќен“, ме погледна со крупните очи, се насмевна и ја затвори вратата. Во кој дел правејќи те тебе среќна престанав јас да сум среќен? Несебично ти го подарив срцето, со неколку грама љубов во него, свежо напукани конци и видливи лузни од некогаш зараснатите рани...Те замолив да го чуваш, како капка роса на пролетен цвет, сред пороен дожд од солзи, како сончев зрак, сред силно невреме од грмотевици и молњи...Едно е...сега без тебе со нова отворена и лута рана, а сакав само да те сакам, не барајќи данок, ни спомени што печат...Исти сме, а сепак многу различни, како Јас што незнам „како без тебе“, така и Ти незнаеш „како со мене“. Живеј во сегашноста, зошто минатото поминало и неможиш да го смениш, а иднината ке биде онаква, каква што сама ке ја изградиш. Понекогаш кога градот ке заспие, врати ги спомените, за да искрадам насмевка ил некоја солза и немој да заборавиш како се започна, а јас ке те чувам од оној, кој нас двајца не проколна.
 
Последна промена: