Не сум јас толку силна колку што ме замислуваш. Ниту кога ќе се соочиш со билокаков проблем,проблемот го испраќаш кај мене ,како што би рекол ти -решавачка на проблеми. Не сум ни грдото пајче, затоа што сепак има луѓе кои ја приметуваат мојата насмевка. Не сум ни волчица, но ти ми ја даде таа улога како што годините поминуваат, јас се повеќе да се осамувам и да не верувам никому, дури ни себе си.
Јас само цел живот посакував да ти припаѓам, и се што правев и се борев за твоето срце. Јас само сакав да бидам твоја, а не ничија.
Никогаш не кажа-моја си, ниту низ сите искушенија и патишта не ме повика . Јас бев само емоција, која да ја допреше вулкан се претвораше. Никогаш не го спозна тоа. Сега , додека се тумараме како живи лешеви во ноќта, се прашувам колку брзо животот ни мина, додека гледавме на спротивните страни на светот , свртени со грб еден кон друг. После многу неодговорени прашања, ми остана едно најбитно-што остана во мене од мене?
А, толку убаво можевме да го минеме животот-зашто ние имавме се ,се што било кој може да посака, а се немавме нас.
Но сега, баш сега ни каењето, ни тагата, ни мислата не е битна, нема второ полувреме...И не можам да најдам барем трошка оправдување и одговор за тоа што ни се случуваше. Благодарам за мојата лекција која беше наречена живот.