Твојата убавина,
и нејзината,
заспана светлина,
ме ранија,
соборија,
врз пламенот,
од твоето студено огниште,
во кое,
љубовта не домуваше,
во кое,
секоја воздишка,
создаваше надеж,
од каменот погубена,
во кое си жртвувана,
далеку од мојот поглед,
да си барем тука,
да дојдеш,
те довикувам,
без збор,
на усниве што треперат,
јас сум ти познат,
знаеш,
јас и ти,
прифати ме во ноќта,
во која буден сонувам,
која те дели од мојот сон,
во кој,
твоите мисли,
се и мои,
па нека и болиш,
а очиве,
со солзи од твоите дланки,
измиј ги,
љубов си,
загубена,
не престанувај,
љуби,
па нека и друг,
ти која си сама,
погледни се,
сечија си,
моја не си,
грда си,
проклет сум,
што те гледам таква,
замолкни со мене,
дојди да те гушнам,
слушни го џагорот,
кој вирее од мене,
препознај се во него,
разбуди се,
разбудена,
гушни ме.