Мистерии (генерална дискусија)

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Општа тема за мистерии за кои и не мора да се отвараат посебни теми за некој настан а може да се дискутира тука. Денешни и минати, овдешни и оние таму некаде по океаните, планините или вселенските летала, без разлика. Давењето во кофа на новинари наводни сериски убијци и бродови кои лутаат низ четирите страни на светот.

На русите им избегал брод пред неколку месеци.:kafe И тоа не било каков туку патнички круз лајнер...
Рускиот брод за туристичко крстарење по Арктикот `Љубов Орлова` бил довлечкан до Доминикана каде требало да биде исечен на делови. Арно ама се откачил од пристаништето и стекнал mind of its own :D. Бидејќи не му се допаѓало да заврши рециклиран, забегал по Атлантикот а бидејќи нема активен ГПС уред на него и не му било тешко да исчезне...
Последен пат бил виден пред два месеци околу Ирска. Веројатно да укрца товар од Лепрекани...:)

Picture-61-635x384.png


Како успеале да го `загубат` чудово е нејасно. Incompetence level - Russian.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Уште една руска мистерија...
Станува збор за Dyatlov Pass incident...
Овој инцидент се однесува на мистериозната смрт на 9 планинари во северните делови на планината Урал на 2 февруари 1959 година. Самиот инцидент се случил на источното рамо на планината наречено Kholat Syakhl (име што го дал народот Менси кои живеат во близина) што во превод би значело Мртва планина.
Meстото каде што се случил инцидентот е наречен Дијатлов премин, по водачот на групата Игор Дијатлов.
Советските иследници во времето утврдиле дека на планинарите шаторот им бил растрган со нож одвнатре, некои од нив бегале и се најдени полуголи, по чорапи или боси на температура од -30° C , кај повеќето трупови немало знаци на борба, но кај две жртви имало фрактури на черепот, кај двајца имало скршени ребра(патологот кој ги обдуцирал телата констатирал дека силата која би ги нанела таквите фрактури би требало да биде еквивалентна на силата на судир на две коли) , на една планинарка и’ бил отсечен јазикот, а повеќето од телата биле со помал или поголем степен на радијација. Сите тела биле пронајдени на различни локации од шаторот. Имало 8-9 пара траги од стапала , а имало и скршени гранки ( на скоро 5 метри висина) во шумата што укажува на тоа дека барале спас и горе на дрвата. 5 тела биле пронајдени веднаш (повеќето од нив полуголи, по долна облека или оскудно облечени), а останатите 4 биле пронајдени дури по повеќе од два месеци (тие биле подобро облечени во воднос на предходните).
Истрагата траела долго, а самиот премин бил забранет за скијачи и планинари дури три години после инцидентот.
Поради недостатокот на очевидци се појавиле многу шпекулации и теории - дека се работи за вонземјани, паранормални активности, дело на тогашната армија итн.
Еве неколку факти објавени во тогашниот дневен печат:
6 мина од групата умреле од хипотермија, останатите 3 од фатални фрактурии повреди;
Немало никакви индикации дека имало останати луѓе во тие делови на планината освен групата од 9 планинари;
Жрвтвите умреле 6-8 часа после нивниот последен оброк;
Шаторите им биле исечени од внатрешната страна;
Форензички тестови за радијација покажале висок степен на радијација на алиштата и телата на жртвите;
Трагите од стапалки од шаторот до шумата укажувале дека жртвите трчале, босоноги или со една чизма;
КОнечното “објаснување“ за инцидентот и причината за смртта на 9-те планинари било “огромна природна сила“ што и не е некое објаснување. Сите документи и фотографии поврзани со случајот веднаш биле пратени во тајна архива и биле делимично откриени дури во 1990 (недостасувале многу податоци).
Многу податоци биле прикриени и игнорирани од тогашните иследници кои ги дале други луѓе поврзани со случајот:
одреден Јури (покасно основач на Дијатлов фондација) кој бил на погребот на 5 мина од групата се сеќава на нивниот темно кафеав тен;
Друга група планинари на јужните делови на Урал виделе одредена портокалова светлина во северниот дел на планината и тоа во ноќните часови за време на инцидентот.

Самиот инцидент наведува да размислиш од многу аспекти...поставува многу прашања...
Гледав и еден филм поврзан со инцидентот, не ми се допадна, ама тера на размислување...
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle, Outrider and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Тој филм е. Ете, не сум ни знаела дека постои, сега си го симнaв.
Инаку, ја преименував темава уште сношти, само бев уморна да пишам, се надевам во ред е.
Инаку х2, се скапав барајќи, знам дека имаше конкретна тема за преминов, само авторот повеќе ја терал кон вонземјани, па беше со друг наслов.
Го сменив и него, и истата може да ја најдете овде.

Е сега, назад на темава, конкретно пред некое време читав за луѓе што се сеќаваат на претходни животи, но со тие неколку приказни верувам повеќето с(т)е запознаени. Но, ми беше интересен случајот за близначиња родени некаде во 60тите.
И додека приказните за поврзани близнаци не се ништо чудно, интересното е што на овие дечиња претходно им загинале сестричките, кои исто така биле близначки, а „сегашниве“ близначки имале белези на местата каде што биле раните на загинатите сестри. И ко тоа да не било доволно чудно, родителите воопшто ништо не им кажале за несреќата, но децава точно знаеле што и како се случило, дури можеле и самите моменти од несреќата да ги опишат, а и знаеле каде претходно живееле родителите и можеле да препознаат која играчка на која почината сестра припаѓала. :eek

Некогаш таква језа ме фаќа од вакви приказни, па си се тешам и си ветувам дека веќе нема да читам...до наредна недела.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Тој филм е. Ете, не сум ни знаела дека постои, сега си го симнaв.
Инаку, ја преименував темава уште сношти, само бев уморна да пишам, се надевам во ред е.
Инаку х2, се скапав барајќи, знам дека имаше конкретна тема за преминов, само авторот повеќе ја терал кон вонземјани, па беше со друг наслов.
Го сменив и него, и истата може да ја најдете овде.

Е сега, назад на темава, конкретно пред некое време читав за луѓе што се сеќаваат на претходни животи, но со тие неколку приказни верувам повеќето с(т)е запознаени. Но, ми беше интересен случајот за близначиња родени некаде во 60ите.
И додека приказните за поврзани близнаци не се ништо чудно, интересното е што на овие дечиња претходно им загинале сестричките, кои исто така биле близначки, а „сегашниве“ близначки имале белези на местата каде што биле раните на загинатите сестри. И ко тоа да не било доволно чудно, родителите воопшто ништо не им кажале за несреќата, но децава точно знаеле што и како се случило, дури можеле и самите моменти од несреќата да ги опишат, а и знаеле каде претходно живееле родителите и можеле да препознаат која играчка на која почината сестра припаѓала. :eek

Некогаш таква језа ме фаќа од вакви приказни, па си се тешам и си ветувам дека веќе нема да читам...до наредна недела.


Во ред е, макар да дејли мистери имаше поголем шмек :cool:
Во врска со сеќавањето на поранешни животи, имаше и еден случај во Русија каде некој човек после доживеана несреќа и будење од кома - почнал да зборува на германски а пред тоа не знаел да зуцни ни зборче на германски, се чудел на каков јазик тоа му одговараат (нели, мајчин - руски) и се однесувал скроз недефинирано... не се сеќавал на претходен живот но имал флешови од живеење во некоја од стотиците мали државички на територија на денешна Немачка. :eek

А за бродот од погоре.....како е можно во 2013 година AD челична маса од 5.000 тони без погон, без гориво, без навигација...... да им избега на реморкери и обалска стража и да си плови по атлантикот кој и не е така гостољубив океан...:pusi extremely weird... макар да морињата отсекогаш изобилуваат со чудни настани...

Уште една руска мистерија...
Станува збор за Dyatlov Pass incident...
Овој инцидент се однесува на мистериозната смрт на 9 планинари во северните делови на планината Урал на 2 февруари 1959 година. Самиот инцидент се случил на источното рамо на планината наречено Kholat Syakhl (име што го дал народот Менси кои живеат во близина) што во превод би значело Мртва планина.
Meстото каде што се случил инцидентот е наречен Дијатлов премин, по водачот на групата Игор Дијатлов.
Советските иследници во времето утврдиле дека на планинарите шаторот им бил растрган со нож одвнатре, некои од нив бегале и се најдени полуголи, по чорапи или боси на температура од -30° C , кај повеќето трупови немало знаци на борба, но кај две жртви имало фрактури на черепот, кај двајца имало скршени ребра(патологот кој ги обдуцирал телата констатирал дека силата која би ги нанела таквите фрактури би требало да биде еквивалентна на силата на судир на две коли) , на една планинарка и’ бил отсечен јазикот, а повеќето од телата биле со помал или поголем степен на радијација. Сите тела биле пронајдени на различни локации од шаторот. Имало 8-9 пара траги од стапала , а имало и скршени гранки ( на скоро 5 метри висина) во шумата што укажува на тоа дека барале спас и горе на дрвата. 5 тела биле пронајдени веднаш (повеќето од нив полуголи, по долна облека или оскудно облечени), а останатите 4 биле пронајдени дури по повеќе од два месеци (тие биле подобро облечени во воднос на предходните).
Истрагата траела долго, а самиот премин бил забранет за скијачи и планинари дури три години после инцидентот.
Поради недостатокот на очевидци се појавиле многу шпекулации и теории - дека се работи за вонземјани, паранормални активности, дело на тогашната армија итн.
Еве неколку факти објавени во тогашниот дневен печат:
6 мина од групата умреле од хипотермија, останатите 3 од фатални фрактурии повреди;
Немало никакви индикации дека имало останати луѓе во тие делови на планината освен групата од 9 планинари;
Жрвтвите умреле 6-8 часа после нивниот последен оброк;
Шаторите им биле исечени од внатрешната страна;
Форензички тестови за радијација покажале висок степен на радијација на алиштата и телата на жртвите;
Трагите од стапалки од шаторот до шумата укажувале дека жртвите трчале, босоноги или со една чизма;
КОнечното “објаснување“ за инцидентот и причината за смртта на 9-те планинари било “огромна природна сила“ што и не е некое објаснување. Сите документи и фотографии поврзани со случајот веднаш биле пратени во тајна архива и биле делимично откриени дури во 1990 (недостасувале многу податоци).
Многу податоци биле прикриени и игнорирани од тогашните иследници кои ги дале други луѓе поврзани со случајот:
одреден Јури (покасно основач на Дијатлов фондација) кој бил на погребот на 5 мина од групата се сеќава на нивниот темно кафеав тен;
Друга група планинари на јужните делови на Урал виделе одредена портокалова светлина во северниот дел на планината и тоа во ноќните часови за време на инцидентот.

Самиот инцидент наведува да размислиш од многу аспекти...поставува многу прашања...
Гледав и еден филм поврзан со инцидентот, не ми се допадна, ама тера на размислување...
Исчезнати експедиции, проколнати проекти кои завршуваат без траг......мој омилен поджанр на мистериите(inlove)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco


Indeed. Иако со оглед на огромната површина која ја зафаќа триаголникот нема повеќе несреќи од други региони со иста големина... зошто баш тоа место останало како поим е чудно.... Триаголникот е симпатично местенце во споредба со Goodwin sands, блиску до Англија, кошмар на генерации поморци кои морале да поминат оттаму.
А имало и гадна раја порано, за време на бура се собирале некои селани и давале лажни светлосни сигнали на бродовите, онаму каде светилниците не биле доволно.... и така ги наведувале бродовите да се насукаат на подводни рифови или стени. Откако ќе се случело тоа, селаните оделе на јуриш на бродот, како термити соголувале све што може да се одземе и продаде. Со молбите и повиците за помош на морнарите ретко се замарале. Дури имало случај каде некоја жена отепала адмирал, му акнала лопата по главата... има во книгата Џамејка Ин од Дафне де Морие за ова... :)
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Outrider кога веќе сме кај Бермудскиот триаголник, се збори дека е разјаснета неговата мистерија....Стаклена Пирамида! Таа е пронајдена на дното на морето блиску до триаголникот. Ова го открил океанографот Верлаг Мејер на длабочина од 2.000 метри. Според она што го видел на снимките пирамидата била делумно проѕирна, што се верувало дека е создадена од стакло или од некои кристали.....е ова е да те зачуди, мислам како е можно на таа длабочина да остане неуништливо стаклото???? :unsure а на самиот врв имала 2 дупки што така се создавал силен подводен бран. Поради него на површината на водата се формирале бранови кои се што околу нив го повлекувало кон дното....хмм (think)

pyramid-bermudski508.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara, Boyle and Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Во ред е, макар да дејли мистери имаше поголем шмек :cool:
Во врска со сеќавањето на поранешни животи, имаше и еден случај во Русија каде некој човек после доживеана несреќа и будење од кома - почнал да зборува на германски а пред тоа не знаел да зуцни ни зборче на германски, се чудел на каков јазик тоа му одговараат (нели, мајчин - руски) и се однесувал скроз недефинирано... не се сеќавал на претходен живот но имал флешови од живеење во некоја од стотиците мали државички на територија на денешна Немачка. :eek

А за бродот од погоре.....како е можно во 2013 година AD челична маса од 5.000 тони без погон, без гориво, без навигација...... да им избега на реморкери и обалска стража и да си плови по атлантикот кој и не е така гостољубив океан...:pusi extremely weird... макар да морињата отсекогаш изобилуваат со чудни настани...

За „бродулево“ сѐ ми се чини дека внатре имало работи што не треба да допрат до очите на јавноста, па затоа, нели, случајно го изгубиле. Теоретски шанси нема да му се изгуби трага на толкаво нешто. Настрана што немал гориво и навигација, не е чамче без платно, па никој да не го види.
Посебно не околу Доминикана, каде постојано има бродови, бротчиња и секаков поморски сообраќај.

А овие со јазикот страдаат од ксеноглосија, феномен што тешко се објаснува, а со кој се занимаваат научници, психијатри и парапсихолози.
Ретки се случаите, но сите од нив имаат преживеано повреди на главата и трауми од јак удар.
Притоа, кај овие лица доаѓа до афазија (помешување или привремен прекин) на центрите за говор, па последиците се тие, или се добива синдром на странски акцент, каде личноста не може својот јазик да го зборува како порано, туку меша зборови и/или зборува со акцент како странец, или тотално зборува на друг, претходно непознат, јазик за него. Како точно иде до тоа, уште не се знае. Неистражен е феноменов зашто изгледа научниците биле презафатени броејќи колку пати алкохолот бил спомнат во книгите за Џејмс Бонд, па според тоа делеле колку чашки пиел дневно и заклучиле дека е алкохоличар.

р.ѕ. Има веќе цела тема за Бермудскиот Триаголник, да се задржиме тука за случаи што не се толку познати, а вреди да се спомнат. Па ако се развие поголема дискусија за некоја посебна случка, ќе ја одделам во посебна тема. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara, Boyle and Outrider

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Листа на проколонати места во светот
...
На друг форум го имаше ова.:)
________________________________________
Редактирано од модератор.
Читајте вовед и разгледајте низ темите пред да пишувате/копирате.
Тема за проколнати места низ светот веќе постои.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Змејче