Што е за вас забава?

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
има пуно видови на забаву, сфе зависи од период у кој се наваѓамо, и наш укуз за забављање
за мене ск у овј период забава е устфари собирамо се сфи ми најблиски
праимо вармап забаву сс ракие салате проѕирни лишчиња сс пуно техаце у њима и праац там куде што идемо
тој може да биде било кое место куде што има забава, какфа такфа само да не е од турбо тип ака шабане сфака чаз
афтер е исто битан елемент у сфаку забаву !
ааа и без искачање, може да се напраи добра забава пред зграду ; )
 

mila mila

Истакнат Член
31 март 2012
192
154
343
Секогаш имам различна потреба за забава.Некогаш сакам само мирна атмосфера во природа под ведро небо,да уживам со омиленото друштво,некогаш сакам гужви и гужви па одам на техно журка ,а некогаш ми е и доволна една прошетка покрај кејот.
Битно е што во секој момент треба да се ужива.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
...да се надопуну (како празна чаша на мом столу hh) мене ми беше мноо забавно на сфаку собиранку, значи забава за мене е било какфа собиранка сс људи што ги познаам и прф пут ги глеам, такф сам сакам запознавање ептенскии

сфака жмурка, порано поише ама и ск е дооообра забава, шизиш мижиш братчееее : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Да се собереме дома неколку утепани души :) да си направиме кафе, чај, се што ни сака душа, да си пуштиме музика по наш стил и пензионерски карти да играме :D се зезам ама ќе се најде што да се прави :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко

Nevazna

Истакнат Член
13 април 2014
37
28
118
Добро друштво,добра музика и максимално опуштање и уживање :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Кога играм со внучето и се криеме во регал.Забава е кога ти се чини дека само што си почнал да се забавуваш треба да си одиш дома,толку убаво па се нема осет за време.Човек може и сам да се забавува,како на пр.јас во моментот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Ноќниот живот и журките се замене најголема забава исто и пиењето до зори кај некого дома :D
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Ами...
Замисли зимо... ќе се собериме некаде на слободен терен, ќе си земам гитарата со мене, по кило вино најмалку за секого, пампурче си потли во собата, го слушаш како си потпукнува дрвото што гори.... Загревање со жестоко, па мевце печено, па вечните српски и босански старогредски бисери, .... ама пусти мерак Ратке по тебе, рзозо моја... па поживо... па поживо... пааа ооооопсааа на маса чочеци.... Стој... вечерата.
Па финале со „весело весело весела компанија“ дури не се отраскаат сите ко дрва.
Оревчиња, лешничиња, костенчиња... и на крај по едно сиктер кафенце, ќе се спакувате, ќе се избаците и излегувате низ врата комплет. И во тој момент сваќаш дека надвор е разденето....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Како стареам така повеќе ја класифицирам домашната журка како добра забава. Викаш одбрано тесно друштво од 5-6 луѓе, донесуваш вино, ако имаш тро повеќе време приредуваш и вечера - зашо да не, пушташ дискретна музика и муабети и зезања. Тоа е тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Врти сучи, кај мене пивото има најмногу улога. Топол пролетен ден, собрани во двор неколку души, ладно пиво и чипс, муабет. Петок/сабота навечер, Пивница или сличен бар, собрани неколку души, ладно пиво. Anytime of the day, парк сепариња, собрано цело друштво, муабетење, смеење, расправање, зезање... ладно пиво.