Бугарски пасош - да или не?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Глупавиот,на хартија национален идентитет баш го прави владата.А не некој човек. Ти не можеш во никој случај да се промениш, родена си како македонка, затоа што ќе имаш типична боја на кожа како останатите, имаш менталитет таков и мајчин јазик македонски.Каде и да одиш тоа ќе те прави македонка, а тоа истото ги правеше македонци и кај Александар македонски војската.Немаа тапија македонци,немаа пасоши.Имаа јазик,култура и обичаи и секогаш тоа ќе го прави човекот припадник на една нација.


Ај бе не заебавај,стварно? Тешко е кога ќе се улета некое дете и ќе натреска зелени кои ги слушнал од квази патриоти без свое јас. Си бил некогаш надвор од земјава да работиш? Си работел? Си земал плата? Која струка е таа, 16 саати? Заболекари,доктори,фармацевти дипломирани, работат по 16 саати денот? Од каде си сигурен? За тебе што претставува храна и кирија, на плата од 2500 евра да тргнеш 500 евра кирија за удобен стан и уште толку просек за прехрана што дури не мора ни да готвиш? Лесно е кога зборувате тука доле од бунарот,затоа што ограничен ви е прозорецот кон светот.

Не. Како што има Албанци во македонија кои имаат Албански,Косовски,Македонски;Австриски,швајцарски пасош,или македонци - австралиски. Многу нелогично од твоја страна,нели?

ЈА мислам дека веќе и ја јадиш.


Каква тоа типична боја на кожа имаат македонките?!
Дали менталитетот на припадниците на античкиот аскер е еднаков на оној на денешната гоцева раса, континуитет и тие работи?
Јазикот кој го говорел А.Велики бил истоветен со денешниот? Можеби користел изрази како `ебаго` или `мамицата нивна`... каква врска имаат нивните обичаи со овие денес?!

Инаку тоа е....дали ќе биде со бугарски пасош, дали преку бракови, дали преку азил, дали со работна виза, дали на црно....рајата бега. Патриотите би требало да се запрашаат зошто тоа се случува а не да се опседнати како тоа се случува. Сеедно е. Но да се очекува логичка кохерентност од патриот е преоптимистички така да...
1998-2011 се иселиле 230.000, нема инфо за 1991-98 и 2011-13, цифрата може да забега и над 300.000...
Тука се и поразителниот наталитет, стабилниот морталитет, се повеќе разводи, болештини, корупција, партиски систем.... прекрасна иднина за прекрасните патриоти.
http://daily.mk/forward/2082116/od-makedonija-za-13-godini-se-iselile-230000-zhiteli
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Сеа не мора да се вади бугарски може и хрватски ,добро е кога има избор :D

Хрватска и нема баш некои планови за намалување на македонската националност на тапија.А бугарија има и ни излегува во пресрет :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Јас мојот го имам од раѓање не знам у која група спаѓам ни со него не чини ни без него не чини.. тоа е кога си на пола.
Иначе што се однесува до темата немам ништо против секој си има право на свој избор никој никого на сила не тера нешто да прави само мене ми смета тоа што Бугарин или па странец венчан за бугарски државјанин за да извади Бугарски пасош ќе треба да чека од 5 до 6 години, а Македонец (само Македонец) за година дена нема логика.
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
ДА!!! Сигурно никој не го вади чисто онака да го има. И не е без пари па да речиш ај да го имам може ке затреба некоаш. А и не го извадија само мал број луѓе. А на која земја да се праам патриот и да не ја менувам за ништо живо? На таа што не ми обезбедува ни пристојна работа?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Најчесто се вадат ради таа причина
исто да си шовер...или камионџија да визеш нагоре ти бараат бугарски пасош...
јас не ги сметам луѓето што вадат бугарски пасоши за предавници....зошто разочарани се ( како и јас исто )
и одат понатаму во животот...

И јас се сложувам со тебе, кога не може човек да најде работа , или заработува многу малку и не може да преживее, тогаш не бугарски, туку каков сакаш пасош ќе извади само за подобар живот. Се додека стомаците ни се полни , можеме да се правиме патриоти, но гладниот човек мора да се бори да преживее. За жал ние почнуваме да бидеме повеќе гладни отколку сити. Сиромаштијата ги оправдува сите постапки на луѓето. Бидете среќни ако имате родители кои Ви помагаат, но кога ќе бидете Вие родители и ќе ја имате одговорноста за нечиј невин живот кој што сте го создале, се ќе направите да успеете и преживеете.
 

Boyle

Истакнат Член
23 ноември 2013
25
12
103
Кој има потреба нека вади,јас не сакам и бугарите не ми се баш омилени.
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
мене ми смета тоа што Бугарин или па странец венчан за бугарски државјанин за да извади Бугарски пасош ќе треба да чека од 5 до 6 години, а Македонец (само Македонец) за година дена нема логика.
Затоа што за Софија Македонците се одродени Бугари. Затоа.