Бугарски пасош - да или не?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
(shake) Нема шанси.Боље ќе си умрам отколку бугарски пасош да имам.Знам многу кои извадиле поарно да не ми се кажуваат зашто ќе ги акнам од земја.Патриот сум јас,такво нешто не доаѓа во обзир.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не од проста причина што сум македонка и си имам македонски пасош.
Да бев Бугарка ќе имав бугарски. Многу логично нели.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

red dragon

Староседелец
27 март 2013
140
129
643
35
Немам бг пасош али поминаа 2 години откако завршив факултет и повеке од 50 апликации за работа и сеуште неможам да најдам работа. Разочаран сум 100% па ке мора да вадам бг пасош и да одам некаде надвор од државата да работам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

Rodeo Tvrdo

Активен Член
20 мај 2012
98
68
28
Скопје
Јас ги оправдувам овие што земаат бугарски пасош за да идат по потрага за подобри услови за живот. Еден братучед и жена му не можеа крај со крај да сврзат овде, а двајцата имаа магистрирано, па извадија бугарски пасош и сеа живеат и работат во Белгија, и супер им е, веќе имаат свој стан во Гент.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Primrose

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Да, продадена душа, предавник или што и да сум и пак ќе кажам да. Ај малце размислете, да беше се добро во земјава, ќе посегнеше некој по бугарски пасош? Епа НЕ. That's the point. Сите сме свесни, дури и најголемите патриоти дека нешто тука смрди, труе. Ама пак ти седи тука, колку и да не е добро, зошто во спротивно, нели, ќе бидеш предавник, без совест, а тоа е СТРАШНО... |-(

Ќе речам смешно е да си патриот во оваа земја (не велам глупо, ќе се навреди некој). Патриот во земја на споменици, земја во која младите се невработени, земја во која со завршен факултет можеш да работиш како келнер за мизерни 100 евра, а за истата таа работа некаде во светот ја плаќаат 800 евра, а не ти треба ништо повеќе од средно. Ете затоа ќе си бидам исфрустриран материјалист и продадена душа, ама патриот не бидувам. Подобро со бугарски пасош да работам надвор од земјава, отколку со партиска книшка да работам во земјава (кога сме кај партиските книшки, која иронија е некој патриот да ти продава памет и да ти зборува за продадени души, контрадикторно е, не?? (wasntme) ).

Близок мој роднина, не можеше работа да најде, неженет, без семејство... И која иднина ќе ја имаше овде? Изваде бугарски пасош замина од земјава, се ожени, си има дете и не помислува да се врати во МК. И баш некого го би гајле дали бил предавник или продадена душа. Ама малце подруг е животот кога си вработен, кога можеш да издржуваш семејство (кое ако останеше во Македонија и ден- денес не верувам дека ќе го имаше). Со средно зема плата, која јас тука три факултети да завршам, нема да можам ни да ја сонувам.

Голем процент од младите во Македонија се невработени. Застрашувачки голем процент. А ти велат преку владини кампањи: основај семејство, кажи не на абортусот, стапката на наталитет опаѓа, дрн дрн јариња. |-( Епа ќе основам семејство и ќе имам минимум 4 деца, но ТОГАШ кога ќе бидам сигурна дека нема да плачат од глад, дека ќе имам солиден приход за да основам семејство, што во Македонија ми изгледа како мишн импасибл. Секој си гледа за животот, нека мелат луѓето што сакаат. Го заболе некого со пасош дали ќе речат дека е продадена душа или воопшто ништо не ќе речат. И нека ми каже некој какви се продадените души , каде се продаваат, кој ги продава, дали сите се продадени или има нешто останато за и јас да си купам? :D

Ако некпгаш извадам БГ пасош едино ќе ми биде мака за сите фрлени пари за образование кое да заминам од тука никој не ми го признава, за сите потрошени нерви, за сите неспиени ноќи за да добијам диплома, која и онака нема да ми биде потребна. Ма да ќе размислам, може има надеж и тука. Што ќе биде утре не се знае (малку клише е муабетов, ама пак стварно не се знае. :) ).
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,927
1,133
некаде во длабочините на темнината
Немам бг пасош али поминаа 2 години откако завршив факултет и повеке од 50 апликации за работа и сеуште неможам да најдам работа. Разочаран сум 100% па ке мора да вадам бг пасош и да одам некаде надвор од државата да работам.

Најчесто се вадат ради таа причина
исто да си шовер...или камионџија да визеш нагоре ти бараат бугарски пасош...
јас не ги сметам луѓето што вадат бугарски пасоши за предавници....зошто разочарани се ( како и јас исто )
и одат понатаму во животот...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
За мене Македонија е многу повеќе од дневна политика.

И не постои причина заради која би си го променила идентитетот.
Макар да умрам за леб, не вадам. И не, не ги одобрувам тие што вадат.


Глупавиот,на хартија национален идентитет баш го прави владата.А не некој човек. Ти не можеш во никој случај да се промениш, родена си како македонка, затоа што ќе имаш типична боја на кожа како останатите, имаш менталитет таков и мајчин јазик македонски.Каде и да одиш тоа ќе те прави македонка, а тоа истото ги правеше македонци и кај Александар македонски војската.Немаа тапија македонци,немаа пасоши.Имаа јазик,култура и обичаи и секогаш тоа ќе го прави човекот припадник на една нација.

Бугарски пасош ? Нема шанси! Која е причината за која би го зел? Поефтини коли ? Подобар живот , а кој подобар живот? Работа некаде по 16 саати на ден? Епа господа пари на дрво никаде не растат наместо да живеете во инлузија дека некаде таму ќе отидеш и ќе заработиш добро ако освен за храна и кирија немаш други трошоци бидејќи рмбаш по цел ден и спиеш остатокот од него? Кога таму можеш да работиш толку работи и тука де па ќе си спечалиш!
Ај бе не заебавај,стварно? Тешко е кога ќе се улета некое дете и ќе натреска зелени кои ги слушнал од квази патриоти без свое јас. Си бил некогаш надвор од земјава да работиш? Си работел? Си земал плата? Која струка е таа, 16 саати? Заболекари,доктори,фармацевти дипломирани, работат по 16 саати денот? Од каде си сигурен? За тебе што претставува храна и кирија, на плата од 2500 евра да тргнеш 500 евра кирија за удобен стан и уште толку просек за прехрана што дури не мора ни да готвиш? Лесно е кога зборувате тука доле од бунарот,затоа што ограничен ви е прозорецот кон светот.
Не од проста причина што сум македонка и си имам македонски пасош.
Да бев Бугарка ќе имав бугарски. Многу логично нели.
Не. Како што има Албанци во македонија кои имаат Албански,Косовски,Македонски;Австриски,швајцарски пасош,или македонци - австралиски. Многу нелогично од твоја страна,нели?
трева ќе јадам, ама бугарски пасош не вадам и точка
ЈА мислам дека веќе и ја јадиш.