Бугарски пасош - да или не?

  • Подфорумот „Политика и политички настани“ се отвора со цел да се информираме и дискутираме за политичките збиднувања во Македонија и светот.

    Освен стандардните форумски правила, се молат членовите да:
    - Се држат настрана од својата пристрасност и да дискутираат во рамките на зададената тема, односно да ја држат дискусијата на соодветно ниво. Секое скршнување од истата ќе биде избришено и казнувано по потреба.
    - Не навлегуваат во конфликти околу политичките партии на кои (не) им се наклонети.
    - Секој обид за партиски активизам ќе биде санкциониран, а корисникот баниран.

    Пристап до овој подфорум имаат членови со над 50 мислења по останатите теми, односно членови чија цел не е ширење политичка пропаганда и нетрпеливост.

    Тимот на ЦрноБело форум се оградува од поддржување на било која политичка партија.

Maks

Староседелец
Во Источна Македонија мислам дека има издадено најмногу Бугарски пасоши. Во Штип кај мене на пример додека не беше воведен законот за да може да се царине постара кола секоја 10 кола беше на Бугарски таблици што значи секој сопственик на таква кола имал БГ документи (Пасош,Лична карта).
Јас ниту имам БГ пасош ни пак сум во план да поднесам документи за БГ пасош.
Македонец засекогаш ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
418
709
1,103
НЕ се сите продадени души... Тие кои вадат угарски пасош за егзинстенција едноставно спас наоѓаат во тие неколку листа хартија и пластика која им ги отвара вратите кон светот...
Е сега тие што вадат пасош за да возат кола за 2000 евра и да се фалат - е тие се продадени души според мене....
 

Maks

Староседелец
НЕ се сите продадени души... Тие кои вадат угарски пасош за егзинстенција едноставно спас наоѓаат во тие неколку листа хартија и пластика која им ги отвара вратите кон светот...
Е сега тие што вадат пасош за да возат кола за 2000 евра и да се фалат - е тие се продадени души според мене....
Така може и јас тие до некаде ги оправдувам, затоа што пред 6 месеци мене ми нудеа работа во Германија за месечна плата од 2500е. Сите услови ми беа исполнети освен еден... Можеш да предпоставеш кој?:D Немав БГ пасош:)
 

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
418
709
1,103
Така може и јас тие до некаде ги оправдувам, затоа што пред 6 месеци мене ми нудеа работа во Германија за месечна плата од 2500е. Сите услови ми беа исполнети освен еден... Можеш да предпоставеш кој?:D Немав БГ пасош:)

Ако имаше бг пасош ќе одеше и верувам дека ќе имаше и поголема егзистенција.... А може и некоја Германка....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Maks

Maks

Староседелец
Ако имаше бг пасош ќе одеше и верувам дека ќе имаше и поголема егзистенција.... А може и некоја Германка....
Да, да имав ке останев таму, а да извадам тие сигурно нема да ме чекаат 6 месеци или цела година,го испуштив возот јас:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and ScoobyDoo

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
418
709
1,103
Да, да имав ке останев таму, а да извадам тие сигурно нема да ме чекаат 6 месеци или цела година,го испуштив возот јас:D

ј***ш га друга прилика, а ти аплицирај за пасош... Нема штета ако само го имаш, во дадени моменти вреди многу
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
против !
- ке дојде време кога и бугарите ке бараат права кај нас ... кога ке извададат документите, кога ке се направи попис и што да видиш ... преку 50,000 бугари кој живеат во Македонија ( а тоа се македонци кој извадиле бугарски пасош т.е тоа се луге кој не мислеле со главата за иднината на нивните деца)
ги оправдувам само тие што живеат и работат таму повеке години !
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten and Maks

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Макар да умрам за леб, не вадам. И не, не ги одобрувам тие што вадат.
Нека се лутат ако сакаат, за мене се обични бескичмењаци.
Со еден роднина и еден другар го прекинав контактот ради тоа.
За мене е многу важен националниот идентитет, кој не го врзувам со односот на власта.
За мене Македонија е многу повеќе од дневна политика.

И не постои причина заради која би си го променила идентитетот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic, Maks and 4FUN

Ристо од Драчево

Староседелец
25 февруари 2012
246
275
1,063
Скопје
неќам бугарски пасош...
не дека се правам патриот,
ИЧ! Ама ИЧ не ја сакам нашава посрана држава...
но, кога ќе видиш дека идеш у странство како мене во холандија со надеж дека ке земеш некој денар плус, на крај гледаш дека ти зимаш плата од 1000 евра од кои потребни ти се 800 евра за кирија... недајбоже да се разболиш или нешто да ти притреба лекар, се утепа од давање пари готоо, бољи продај си бубрегот..
така да бољи е да си седиш дома со твоите да се мачите заедно како да се преживее месецот, него сам да си во туѓина кај што секогаш ке бидеш на ниво на мексиканците во Америка...
Според мене едиствена опција за правење пари е да се иде на брод. Но треба да си ја оставиш душата од работа...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Primrose