Последен гледан филм со рецензија

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Identity (по препорака на Хоуп*)
Интересен филм за љубителите на психолошки трилери со мала доза на хорор и малку поголема мистерија :)
Воедно се работи за десетмина странци кои заради огромно невреме ќе бидат приморани ноќта да ја поминат во еден пустински,ненаселен мотел,чиј сопственик е еден чуден и збунет човек.Набрзо, во мотелот ќе почнат да се случуваат необјасниви убиства,па гостите се приморани да го откријат убиецот кој очигледно е меѓу нив.Умираат еден по еден, а оние кои остануваат набрзо сфаќаат дека ако сакаат да преживеат ќе мораат да ја откријат тајната која ги донесе сите нив таму...Крајот е неочекуван и многу изненадувачки.

f58477270e1243b6cbf91deb084f34df.jpg
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Fantastic Four & Fantastic Four: Rise of the Silver Surfer
fantastic_four.jpg


Што красно си се потсетив на филмчињава.
На сите љубители на стрипови и супер-херои би им се допаднале.
Приказна за Су, Џони, Рид, Бен, и секако - Виктор Ван Дум, тим научници кои при судирот со бура добиваат посебни моќи, но не сите имаат намера да ги користат истите за позитивни цели.
Понатака да не ширам, јасни се веќе овие приказни за добрите против лошите.
Изобилуваат со доста комични елементи, што е голем плус. Барем мене ми се меѓу омилените, посебно од овој вид.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Despicable me 2 - интересно продолжение, во вториот дел Гру веќе се има соживеано со татковската улога и многу добро се сложува со девојките.
Сега се појавува една девојка која бара да соработува со неа за да откријат еден злочко кој сака да изврши некоја лоша акција. Приказната завршува со среќен крај и конечно Гру се венча со девојката.
Despicable-Me-2-poster.jpg


Scents and sensibility -
Од кога таткото е уапсен за проневера на пари неговите ќерки ќе го заменат богатиот начин на живот и ќе решат самите да успеат во животот и да си најдат работа. Следат интересни дејствиа на нивните работни места и секако запознавање на добри момчиња таму. Многу интересно филмче.
AROMA-Y-SENSIBILIDAD.jpg
 

Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
Skinwalker Ranch (2013) - Истражувачки тим документира натприродни феномени околу исчезнувањето на 10 годишниот син на еден фармер. Тимот поставува камери на одредени места околу ранчот. Силни звуци, мртви лилјаци, моментално појавување на синот, огромен волк, откривање пештера со стари цртежи на карпите, како и една видео лента која скоро им ги открива тајните и необјасливите настани од '60-тите, како и околу нив. Инспириран филм од вистински докази кои ја шокираа јавноста низ целиот свет!
Филмчево е мој тип - документарец. Одлично изведен кадар од секој агол, екипата реално го изведе својот лик, иако на крај сторијата секогаш останува необјаслив феномен...as I expected :D

SKINWALKER%20RANCH%20Theatrical%20Poster6.jpg
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Why Kitty, why???
Ми уништи филмот со целосново раскажување. Не се кажува што се` се случува во филмот од А до Ш. Њет, најн, ноуу. :mad:
Јас што зборев со толкав текст во рецензијата, поради вакви работи, ама ми рековте глупа тема, што сега јас да коментирам тука. Да е само тој пост, 98% од рецензиите се со спојлери и раскажани од А до Ш филмовите.
Ама тоа е...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin, warr and The Tramp

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Јас што зборев со толкав текст во рецензијата, поради вакви работи, ама ми рековте глупа тема, што сега јас да коментирам тука. Да е само тој пост, 98% од рецензиите се со спојлери и раскажани од А до Ш филмовите.
Ама тоа е...

јас па раскажувам по нешто оти ми е глупо, да не речат само слики става :eek
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
јас па раскажувам по нешто оти ми е глупо, да не речат само слики става :eek
Да кажеш по нешто, како си го доживеала филмот, што ти се свиѓало, што не, која оцена му ја даваш и зашто таа пример.
Не да го раскажеш цел. Пример делот каде што кажа дека има среќен крај пошто се венчале можеше да го ставиш во спојлер.
Ама па што има врска, не се замара тој што треба јас ли ќе се замарам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Да кажеш по нешто, како си го доживеала филмот, што ти се свиѓало, што не, која оцена му ја даваш и зашто таа пример.
Не да го раскажеш цел. Пример делот каде што кажа дека има среќен крај пошто се венчале можеше да го ставиш во спојлер.
Ама па што има врска, не се замара тој што треба јас ли ќе се замарам.

е па поарно и онака ме нервира да раскажувам цел филм....орајт(hug):D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cakar_ulav

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
The legend of 1900 (1998)
Drama/Music/Romance

Филм по препорака на Saladin и конечно седнав да го изгледам.
2100324.png


Прво бев скептик поради жанрот на филмот, мислев дека не сум баш за такви музички драми, ама после филмот им се налутив на моите што не ме бодреле од мала да се занимавам со музика.
На страна музиката, приказната за човекот за кого и да кажете дека не постоел нема да згрешите, ќе ве натера да се запрашате зошто тежнеете по совршенство кога совршенството сте вие и оној мал дел кој ве опкружува. Не мора да го видите цел свет и не мора да знаете се, колку повеќе барате, толку повеќе ќе се изгубите себеси. Она место на кое сте свои и слободни е вашето совршенство и вашиот свет.

Land? Land is a ship too big for me, its a woman too beautiful, its a voyage too long, perfume too strong...
Did you... did you see the streets, just the streets? There were thousands of them! Then how you do it down there, how do you choose just one... One woman, one house, one landscape to look at, one way to die...?
Take piano: keys begin, keys end. You know there are 88 of them. Nobody can tell you any different. They are not infinite. Youre infinite... And on those keys, the music that you can make... is infinite. I like that. That I can live by..
Од мене има 8,5 на прво место поради приказната која ме натера вака да размислувам, потоа за изборот на актери кои како да се бирани за да ви се пикнат под кожа, посебно за Tim Roth кој сосема се соживеал со улогата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin