Хептаграм
А зошто е 4 или 333 лош број и зошто ете 24 е убав? Најсериозно ме интересира, немам никаква намера да исмевам или тролам.
Абе мала шега, човек.
Зборот „загатка“ на еврејски има бројна вредност 24, а тестот е добра загатка
333 на пример е... мрак, но и божја мисла
Хоронзон, големиот демон на Бездната што се споменува во Liber 418 исто така мислам дека е 333...
Евреите имале многу забеган систем на кодирање на пораките (темура) ... Атбаш е најпознат, исто и кодирање според „девете комори“ ...
Нивните свети текстови воопшто не би требало да се толкуваат буквално (на пример Стариот Завет).
Повеќе може да најдеш тука за ова, а и на мојот блог има по нешто... познато е и како Liber LVIII (Essey upon Number) и овој текст е предговор на Liber 777 и Liber 500 (издадени како една книга на македонски јазик). Ако ти се чита од книга, може да ја набавиш.
Ако се заиграш со гематриа (една од гранките на кабалата) ќе најдеш многу зборови кои ја имаат оваа вредност.
Едни зборови се ок, други не се (според мене се зависи од контекстот)... евеите велат дека зборови со иста бројна вредност (или ако има добра пропорција меѓу зборовите, фрази, па и цели реченици) се надополнуваат едни со други, без разлика на нивната навидум контрадикторност едни спрема други...
Некои ова го гледаат како обично играње со броеви, но кога ќе ја зголемиш базата на знањење и ги засилиш врските помеѓу различни системи - и не така лошо било играњето на почетокот
P.S. Да не испадне дека евреите се битни за езотериската пракса: постои и грчка кабала на пример, систем изграден слично како еврејскиот, постои денес и англиска (западна). И градат врски едни меѓу други овие системи. Една вистина, еден систем, без разлика од кај ќе почнеш. Мистериите на Египет, Грција, Истокот не се воопшто едни врз други, туку испреплетени... така да, да не дојде до забуна.