Телема

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Хептаграм
А зошто е 4 или 333 лош број и зошто ете 24 е убав? Најсериозно ме интересира, немам никаква намера да исмевам или тролам.

Абе мала шега, човек. :)
Зборот „загатка“ на еврејски има бројна вредност 24, а тестот е добра загатка :)
333 на пример е... мрак, но и божја мисла :)
Хоронзон, големиот демон на Бездната што се споменува во Liber 418 исто така мислам дека е 333...

Евреите имале многу забеган систем на кодирање на пораките (темура) ... Атбаш е најпознат, исто и кодирање според „девете комори“ ...
Нивните свети текстови воопшто не би требало да се толкуваат буквално (на пример Стариот Завет).

Повеќе може да најдеш тука за ова, а и на мојот блог има по нешто... познато е и како Liber LVIII (Essey upon Number) и овој текст е предговор на Liber 777 и Liber 500 (издадени како една книга на македонски јазик). Ако ти се чита од книга, може да ја набавиш.

Ако се заиграш со гематриа (една од гранките на кабалата) ќе најдеш многу зборови кои ја имаат оваа вредност.
Едни зборови се ок, други не се (според мене се зависи од контекстот)... евеите велат дека зборови со иста бројна вредност (или ако има добра пропорција меѓу зборовите, фрази, па и цели реченици) се надополнуваат едни со други, без разлика на нивната навидум контрадикторност едни спрема други...
Некои ова го гледаат како обично играње со броеви, но кога ќе ја зголемиш базата на знањење и ги засилиш врските помеѓу различни системи - и не така лошо било играњето на почетокот :)

P.S. Да не испадне дека евреите се битни за езотериската пракса: постои и грчка кабала на пример, систем изграден слично како еврејскиот, постои денес и англиска (западна). И градат врски едни меѓу други овие системи. Една вистина, еден систем, без разлика од кај ќе почнеш. Мистериите на Египет, Грција, Истокот не се воопшто едни врз други, туку испреплетени... така да, да не дојде до забуна.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija and Abraxas

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Добро е што сте ја вратиле темава колку-толку во колосек, оти ќе ве патошев! :D
Воздржувајте се од муабети за кои сте свесни дека ќе поттикнат подбуцнувања, зашто со наредно такво скршнување ќе следат казнени поени.
Темава ќе ја заклучам дури да ги разгледам убаво мислењата, и ќе ги оставам оние делови кои допринеле во дискусијата, другото оди на вечни ловишта.
Се надевам сите ќе наидеме на разбирање. :)

Едит: Можете да продолжите сега. Со ладни глави, се надевам.
 

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Иницијација – Liber Tzaddi


Ви откривам голема мистерија.
Вие стоите помеѓу бездна од висина и бездна од длабочина.
Во која било од нив Ве очекува Сопатник; и тој Сопатник сте вие самите.
Не можете да имате друг Сопатник.
Многумина се воздигнале, бидејќи биле будалести.
Тие кажале
[Спуштете се долу во темниот величествен свет
и бидете венчани со она Слепо Суштество на Слузта.]
Јас кој сум од онаа страна на Мудроста и Лудоста, се воздигнувам и ви велам:
остварете ги и обете венчавки! Соединете се себе си со двете!
Внимавајте, внимавајте ви велам, ако го барате едното и го загубите другото!
Но бидејќи некој природно е привлечен кон Ангелот, друг кон Демонот,
нека првиот ја засили пониската врска, нека вториот се прилепи поцврсто кон повисоката.
Така рамнотежата ќе стане совршена.

Извадок од Liber Tzaddi vel Hamus Hermeticus
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ако сте ги читале Дион Форчн, Франц Бардон, Израел Регарди(е), Кроули итн сигурно сте се среќавале насекаде со симболите и смислата на микропросопусот и макропросопусот, исто и ритуалите и целите на Ритуалите на Хексаграм и Пентаграм.
Ако не сте ништо прочитале од овие автори, или не сте запознаени со западната херметичка школа, скокнете го ова.
Бидејќи текстот е преголем со многу слики, повелете текст и објаснување на Малиот Ритуал на Хексаграм.
Се надевам ќе ви помогне некако :)
Се надевам ќе го работите истиот, ако не ви е проблем ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
29
Од каде потекнува поимот Телема т.е ме интересира "Телема" како збор, во буквален превод? Дали значи "волја"?
 

Mistery :)

Истакнат Член
23 февруари 2013
145
188
143
Од каде потекнува поимот Телема т.е ме интересира "Телема" како збор, во буквален превод? Дали значи "волја"?
Денес баш во школо некој беше спомнал за телема, немав слушнато и кога си дојдов провери:
Самиот збор потекнува од јазикот коине, со значење „волја“. Раните христијански писатели го користеле овој збор за да ја означат волјата на Бога, волјата на човекот, а понекогаш и волјата на противникот на Господ - ѓаволот
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Од каде потекнува поимот Телема т.е ме интересира "Телема" како збор, во буквален превод? Дали значи "волја"?

The word of the Law is θελημα!
θελημα на грчки значи волја и има бројна вредност 93! :)
Грчките преводи на новиот завет може да го имаат зборот
θελημα :)Тука има нешто поеќе инфо!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Mistery :) and Harmonija

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
The word of the Law is θελημα!
θελημα на грчки значи волја и има бројна вредност 93! :)
Грчките преводи на новиот завет може да го имаат зборот θελημα :)Тука има нешто поеќе инфо!

A зошто го читате Телема кога на грчки се чита ТелИма?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
A зошто го читате Телема кога на грчки се чита ТелИма?

Toa e на новогрчки.
Ета се чита како долго „Е“ во старогрчкиот.

Ама пошо појма неам со телемиве шо како и најважно - кога се појавиле, џабе тресам тука.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Toa e на новогрчки.
Ета се чита како долго „Е“ во старогрчкиот.

Ама пошо појма неам со телемиве шо како и најважно - кога се појавиле, џабе тресам тука.

Сеа изгуглав. Читај првата реченица има и фонетска азбука. Телима.
http://en.wikipedia.org/wiki/Thelema