Љубовни проблеми

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Значи вака, со девојка ми сме заедно 2 години, она е помала неколку години од мене, не сме од ист град (јас сум од Ск и она наскоро треба да се пресели тука) и може да се каже дека само тоа е мала пречка за се да биде перфектно.
Во текот на овие 2 години неверојатно многу се засакавме и зближивме, буквално немаше да пројдат 5 мин. а да не се слушнеме или пратиме порака или било што, ептен поврзани...уште на почетокот сфатив дека е многу искрена и чувствителна и една од ретките девојки што човек би можел да посака. Секое одење кај неа или доаѓање кај мене беше од убаво поубаво, баш како од бајките, и на крај пред да си одам/оди не сакаше да ме пушти, плачеше и чекаше едвај да се видиме пак...Нејзините особини толку многу ме освоија што станав многу слаб на неа, само нешто да слушнев дека не е во ред полудував, одма ми беше многу тешко а кога ќе ја слушнев да плаче срцето ми се кинеше...
Секако како и секој пар и ние некогаш си се поткарувавме за ситници ама тоа е и нормално во секоја врска па немаше никакви проблеми...
Времето поминуваше и доаѓаше време за одмор, се договоривме да одиме негде накај 20 јули и се беше ок се додека неколку дена пред одморот наеднаш ми каже дека нема да одиме нигде и дека сака да раскинеме!!! Мислев дека се зеза со мене ама ми рече долго размислувала за тоа и дека треба да разговараме сериозно во 4 очи.
Се видовме и тогаш таа како да беше друга личност, беше дрска, ладна кон мене и ми рече ова неможе веќе да продолжи, ги изгубила чувствата и неќела да ми дава лажна надеж за понатака зашто ќе било полошо за мене!?!? Изненаден почнав да паничам и да поставувам милион прашања како е можно после толку време силно сакање наеднаш да нема никакви чувства за мене, реков тоа не е можно а она ми кажува подолго време се борела со своите чувства и неможела повеќе вака. Најлошото е што бара од мене да ја заборавам најбрзо што може, не сака ниту да ми даде шанса да се почне се од почеток и да не ја барам на тел. туку да продолжам со животот..Сеуште неможам да се изначудам и ова ми е како лош сон, ништо ама баш ништо не ми е јасно, скршен сум од болка и се осеќам предадено и насамарено..Пробав да разговарам со неа уште 2-3 пати ама секогаш беше исто-нема зошто да и се јавувам зошто ми раскинала и тоа е нејзина одлука и ништо немало да смени...После некое време успеав некако да ја наговорам да се видиме иако ми кажа дека ќе биде кратко гледање т.е. на кафе, и неможев да поверувам колку само сакаше брзо да заврши се и да си оди!!! Се што прашував беше џабе, никакви и ладни одговори од нејзина страна и само повторувајќи дека сака само полесно да ми биде..Помина тоа што помина, одма другиот ден ми се јави да праша како сум и ми кажа да бидам добро, да се чувам и дека она не вреди за вака јас да се чувствувам. Од тогаш се немаме слушнато едно 23-4 дена.Се прашувам дали е можно да фрли 2 год во вода само заради изгубени чувства (иако јас мислам дека и се само помешани) и да не ми даде никаква шанса знаејќи колку многу ја сакам и што не сум спремен да направам за неа..
Незнам што да правам, очаен сум неможам без неа, премногу ми е тешко да го поднесам ова, ќе полудам!!! Ве молам дајте некој совет што понатаму, ми треба ваша помош...

never-worked.jpg

Ете така.

Не знам колку години има оваа твојава, ако е недозреано дечиште ништо чудно да не знае да цени вистинска љубов. Едноставно, ги има такви и верувај како по шаблон се читаат. Имаат дечко кој ги сака и е спремен да направи се за нив, но не знаат да го ценат тоа. И откако ќе им помине аздисот, откако ќе се најде некој jerk кој ќе им го скрши срцето, им текнува на тие како тебе.

Памти ми го постов, дека за некое време ќе те побара, ќе се свести за тоа како си прокоцкала искрена и чиста љубов и ќе стори се за да те врати.

Можно е и да е под влијание на некој близок, да и го полнат мозокот како тоа вашето на далечина не чини, ама ете велиш дека ќе се пресели, така да тоа не ми е логично. Ако се муабети од некој близок, треба да знае подобро од тоа и да ти се обрати тебе за секој проблем, а не како кукавица да го употребува најглупавото оружје "јас не те заслужувам".

Времето лечи се, ќе ти помине. Полека, болно, но се ќе помине.

А оваа ќе ти се врати. Сите се враќаат кога ќе им текне што имале и што изгубиле. Само тогаш биди силен и не потклекнувај.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Court Pathologist

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Познавам вакви затоа прашувам.

Каде тоа? Освен ако живееш во Техеран, не гледам можност дека такво нешто постои тука. Вонземјани нешто ова она...гледаш?
Јас гласови слушам одвреме навреме...
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Онака само прашувам, дали кога некој искрено те сака, а ти не му возвраќаш на љубовта пошто нормално не може на срце да се нареди, значи дека си разгалено детиште кое не знае да цени вистинска љубов?? :rolleyes:
Изгледа не.
Не можеш да осудиш некој дека е ваков и таков ако раскинал со некој после 2 или 22 години. Никој не кажал дека љубовта е вечна, освен Дизни.
Тоа е, денес сакаш, утре сакаш пак, ама друг.
Сум сакала и сум оставала, ме сакале и ме оставале и тоа е.
Џабе се сите совети на светот, сите зборови од најголемите мудреци, само времето е тоа што ќе ти помогне.
А колку повеќе размислуваш, раздлабочуваш, бараш грешки, се осудуваш или осудуваш тоа полошо станува.
Остави, животот е таков и оди понатаму...
 
Размазеноста игра голема улога, тука е и кукавичлукот. Може да се работи и за незрелост, тинејџери and all...
Не е работата за вечна љубов туку за одговорност. 2 или 22, како и да е, ако можеле орално да се задоволуваат, можеби анално, понекој фетиш, планови ти реков ми рече.....значи стигнувале до крајна интима до која може да стаса едно човечко битие - раскинување со неколку ефтини фрази и бекство се - мизерија.

Ако некому е сосема ок некој/а да му раскине по ФБ или СМС после неколку години...... си има проблеми во главата... иако не верувам дека има такви, освен во теорија....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene and Saladin

Проблем е, ама зар вреди за некој кој ти раскинал по Фб или СМС да тупиш глава и да трошиш време да го вратиш??
Затоа реков, тешко е, дал по СМС или на кафе, по гулаб или по комшии ти раскинале, тоа е, само време лечи се.
Ни совети ни мудри мисли и изреки :)
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Проблем е, ама зар вреди за некој кој ти раскинал по Фб или СМС да тупиш глава и да трошиш време да го вратиш??
Затоа реков, тешко е, дал по СМС или на кафе, по гулаб или по комшии ти раскинале, тоа е, само време лечи се.
Ни совети ни мудри мисли и изреки :)

Секако дека не вреди да се наговара такво битие да се врати или некакви обиди за `спас` на врската, но тука се емоциите кои излегуваат на површина.

Воопшто не е исто, како што и можеш да прочиташ во постот на ликот погоре, мака му е што не е наведена причина, тоа најмногу го јаде и нормално, остава последици кои ни крива ни должна ќе ги трпи некоја наредна партнерка, пред се параноја и недоверба. И после зошто 99 од 100 врски се феил....:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп*

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Онака само прашувам, дали кога некој искрено те сака, а ти не му возвраќаш на љубовта пошто нормално не може на срце да се нареди, значи дека си разгалено детиште кое не знае да цени вистинска љубов?? :rolleyes:
Изгледа не.
Не можеш да осудиш некој дека е ваков и таков ако раскинал со некој после 2 или 22 години. Никој не кажал дека љубовта е вечна, освен Дизни.
Тоа е, денес сакаш, утре сакаш пак, ама друг.
Сум сакала и сум оставала, ме сакале и ме оставале и тоа е.
Џабе се сите совети на светот, сите зборови од најголемите мудреци, само времето е тоа што ќе ти помогне.
А колку повеќе размислуваш, раздлабочуваш, бараш грешки, се осудуваш или осудуваш тоа полошо станува.
Остави, животот е таков и оди понатаму...

Значи според постов, тебе сеедно ти е на кој начин некој ќе ти има раскинато?

Еве рецимо ако ти раскине виа СМС... Не те копка малку да седнеш и да го направите муабетот причините што како и зошто? Зборам за сериозна врска. Или едноставно една СМС порака во која ќе пишува - “Срц вака више не иде, ај да раскинеме“ би ја сфатила здраво за готово?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene and Outrider

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Значи според постов, тебе сеедно ти е на кој начин некој ќе ти има раскинато?

Еве рецимо ако ти раскине виа СМС... Не те копка малку да седнеш и да го направите муабетот причините што како и зошто? Зборам за сериозна врска. Или едноставно една СМС порака во која ќе пишува - “Срц вака више не иде, ај да раскинеме“ би ја сфатила здраво за готово?

Секако дека не е сеедно како ке биде дали по смс,фб или во живо.
Но исходот е ист.
Некогаш дури смс е ем полесно за страната шо раскинува,а и за онаа другата,од причина што ке биде кратко и јасно без болни патетики.
Секако дека би сакала ако некој ми раскине да ми образложи и ми каже во лице,но ако јас самата не сум ги прииметила претходните симптоми,тогаш е сеедно и како ке биде прекинот.
штом веке збориме за прекин на сериозна врска секако дека треба да знаеме дека во сериозните врски претходно претходат еден куп долги разговори околу работите што не чинат.
Ако не дојде до обострано разбирање чеми комплицирање на работите ако едната страна смета дека треба да е смс нека биде смс,нема што да навалуваме.
Може да ни е криво штом некој не сметал дека заслужуваме разговор во четири очи но немора да значи дека таа била причината штом не не удостоил со разговор,сметајки дека така сме заслужиле ако не ради друго туку ради почит на времето и вниманието што сме си го посветувале заедно.
 
Јас не верувам дека има некој што така би раскинал со тие зборови, ама ај...
Бар да раскинеле по порака, немало да ме копка толку колку што ме копка без збор што ме оставиле, јас никаде не реков дека не ме копка, не ми е тешко и дека имам машина место срце.
Само, во тој случај, никогаш, ама никогаш не правам напори да вратам некој назад. Препиши го тоа и на мојата гордост ако сакаш..
Се трудам повеќе да бидам меѓу луѓе, да правам нешто за да не мислам на тоа, т.е одам одма кон заборав, место да мачам душа да гледам кај ми биле грешките, зошто како што се случи.
Тоа е, таков е животот, од секое лошо има полошо, ќе помине, треба време и така натаму...
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Секако дека не е сеедно како ке биде дали по смс,фб или во живо.
Но исходот е ист.
Некогаш дури смс е ем полесно за страната шо раскинува,а и за онаа другата,од причина што ке биде кратко и јасно без болни патетики.
Секако дека би сакала ако некој ми раскине да ми образложи и ми каже во лице,но ако јас самата не сум ги прииметила претходните симптоми,тогаш е сеедно и како ке биде прекинот.
штом веке збориме за прекин на сериозна врска секако дека треба да знаеме дека во сериозните врски претходно претходат еден куп долги разговори околу работите што не чинат.
Ако не дојде до обострано разбирање чеми комплицирање на работите ако едната страна смета дека треба да е смс нека биде смс,нема што да навалуваме.
Може да ни е криво штом некој не сметал дека заслужуваме разговор во четири очи но немора да значи дека таа била причината штом не не удостоил со разговор,сметајки дека така сме заслужиле ако не ради друго туку ради почит на времето и вниманието што сме си го посветувале заедно.

Нема проблем, исто е, па дури и полесно за страната на која и е раскинато :) Алтруизам уште малку ќе испадне прекин по смс :rofl
Нема врска со кратко уште помалку јасно туку со стравот од соочување со емоциите на оној кој бидува напуштен, бегање од одговорност. Тоа не можам да разберам до вчера си ги ставале гениталиите во уста, денес се тресат од реакцијата...

Се сомневам дека постојат сериозни врски со таков епилог, ако дојде до крај во тој случај секако дека е претресено се што може да се претресе во односот, обично се пократки врски кои доживуваат епилог на скринчето од телефонот... а може има и исклучоци којзнае.... среќа бракот шо е на папир па неможе алтруистички да се прекине на ФБ...:pusi
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin