Медитација

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
sphinx
можеби и сум разбрала погрешно.
Можеби и рекле се трошат 2милиони дијазепами дневно.
Но сепак тоа е застрашувачка бројка за потрошувачката на истите и зборот не ми беа дијазепамите туку состојбата на луѓето во денешницата.
Што се однесува до медитацијата.
Сето тоа може да се користи при медитација,но и не мора.
Точно.
Освен тоа постојат повеќе видови на медитација кои може да се практикуваат.
Медитација додека одиш,додека седиш,во положбата на лотус.
Со усовршување на медитација може да медитираш додека работиш нешто(тоа го правам јас многу често)
за време на извршување на обврски за кои не треба да го користам умот.
Додека пеглам медитирам,додека мијам садови,додека чистам по станот.
Гледај во бел ѕид исклучувајќи ги мислите го доживуваш истото.
Нема одредени правила за медитација.
Но тоа се може откако ќе се сфати што е медитацијата.
Тоа што го постирав горе е само еден од многуте начини.Не е никакво правило.
Освен тоа нема погрешна медитација.
Кога некој ќе се задлабочи во медитацијата тоа не смета нит миризливито стапче,нит музиката,нит свеќата.
Набљудувајќи го пламенот на свеќата и концентрирајќи се на него исто доаѓаш до медитативна состојба зар не?
Слушајќи ја музиката која опушта се случува истото.
Концентрацијата на самиот себе е важна а не околностите.
Можам да медитирам додека седам на најгласното место во градот притоа,да не ми смета звукот.
Кога ќе почнеш да се концентрираш самиот на себе се останато губи форма,мирис,звук.
Како што спомна горе начинот на медитација е индивидуален.

Пс.Кога сме веќе овде на искуство медитација.
Најубавата и најдлабоката медитација ја доживеав кога отидов во круговите на Зен овде во градов.
Траеше два саати,содржеше неколку видови медитација(одење,кажување мантра,седејќи во лотус и церемонија на пиење чај и потоа разговор со мајсторот/учителот)
Кога излегов од таму чувствував неверојатна внатрешна слобода.
Се чувствував како да сум земала некоја дрога што прави да се чувствуваш среќно и да сакаш се околу себе.
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
sphinx
можеби и сум разбрала погрешно.
Можеби и рекле се трошат 2милиони дијазепами дневно.

Ама пак логиката не сакаш да ја вклучиш, ако не користеле 2 милиони луѓе дијазепам во македонија, а се користеле 2 милиона дијазапами дневно, тоа му иди истото нели? Секој по еден дијазепам дневно, пак е 2 милиони колку што има луѓе оваа држава. Или имаме зависници што денот по 2 ленти ги пијат што исто така не е возможно. И затоа заборај го маубетот поткрепи го со факти, а поентата ти ја разбирам, немаат душевен мир и го пронаоѓаат со дијазепам,алкохол, дрога...



Со усовршување на медитација може да медитираш додека работиш нешто(тоа го правам јас многу често)
за време на извршување на обврски за кои не треба да го користам умот.
Додека пеглам медитирам,додека мијам садови,додека чистам по станот.
Гледај во бел ѕид исклучувајќи ги мислите го доживуваш истото.

Е ова јас не можам да го разберам,како е тоа да медитираш додека пеглаш? Пеглањето е пеглање а медитирањето е медитирање.
Состојбата измеѓу свесност и будност без чуство на ниедна телесна потреба нити емотивна, значи емоции -0, физички потреби -0, е најблиско до она што може да се опиши како медитација. Пеглањето е домаќинска работа и е за пофалба, но не е баш медитативно пеглањето,освен ако те опушта пред-медитативно:)

Единствено ако ти пробуваш да постигниш концентрација во пеглањето, да речеме, ете може се тренираш. Демек не мислам дека тенџерето на огон ќе ми загори, ќе пеглам медитативно концетрирана над алиштата.


Набљудувајќи го пламенот на свеќата и концентрирајќи се на него исто доаѓаш до медитативна состојба зар не?
Пламенот го користат луѓе за дас се концентрираат, не мора пламен може да биди и некоја точка во ѕидот.Да не ти бегаат МИСЛИТЕ, да не ти бега погледот тоа му е намената.

Слушајќи ја музиката која опушта се случува истото.
Музиката може да е предмедитативна подготовка ако слушаш класика/џез/друго без разлика што те опушта,да.



Кога ќе почнеш да се концентрираш самиот на себе се останато губи форма,мирис,звук.
Јасно:)

Пс.Кога сме веќе овде на искуство медитација.
Најубавата и најдлабоката медитација ја доживеав кога отидов во круговите на Зен овде во градов.
Траеше два саати,содржеше неколку видови медитација(одење,кажување мантра,седејќи во лотус и церемонија на пиење чај и потоа разговор со мајсторот/учителот)
Кога излегов од таму чувствував неверојатна внатрешна слобода.
Се чувствував како да сум земала некоја дрога што прави да се чувствуваш среќно и да сакаш се околу себе

Ја мислам дека и разговарањето со луѓе дружење со багра со слично мислење како твоето ти помогнало за медитација. Мантрите незнам дали си читала, не се во стилот на абрака-дабра, туку има пофалници и има звучни мантри.Овие пофалници ја што ги викам ти се благодарност кон универзумот,испраќање позитивна енергија кон универзумот (од каде потекнуваме) благодарност што си се напила вода, благодарност што те грее сонце, благодарност што можеш да одиш....целата таа позитивна насочена кон универзумот се возвраќа како пинг понг топче, ти праќаш тоа враќа. Некој тоа го нарекуваат универзум,друг Бог/Аллах, трети буда, шива и останати имагинарни креации,без разлика.ТОЈ Е - ЕДЕН Е!
Второто,мантрите има кои се звучни, изговарање на посебни звуци, Ом/Аум/ Ам/Амин (од тука доаѓа), и далје други вибрирања.
Фреквенцијата која ја создаваш при изговарање на звукот/вокалот има позитивно влијание за организмот. Одредени бранови може да те заспијат,други да те расонат...
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
sphinx
Најверојатно јас треба да знам дали успевам да медитирам додека пеглам.
Тоа го правам додека извршувам активности без да мора да мислам.
Значи се она што сум го работела махинално некогаш,сега го извршувам со потполна концетрација на раце,нозе,дишење и слично.
Исто како и јогата.
Правиш движења и се концентрираш на внатрешноста.
Медитацијата е можна во секој случај каде може да се опуштиме и да го исклучиме мозокот.
Важно е да се концетрираш на дишењето и внатрешноста.
Свесно да се концентрираш на нештото.
Било пеглање,чистење,шетање.
Самиот рече дека додека шеташ во шума можно е да медитираш.
При кажување на мантри/молитви само ги насочуваш мислите и емоциите во позитивен смер.
Преку медитацијата ја имаш можноста да го програмираш мозокот на ново.
Комплетно.
Зен мајсторот ми го објасни тоа вака:
Медитацијата е врзување на духот за една работа.
Не му дозволуваш да прави што сака туку го концетрираш на една работа.
Не е медитација само да седнеш и да дишеш.
На почеток да,ама кога ќе ја сфатиш целта имаш милион можности да го правиш тоа.
Дали си читал некогаш за будистичките или христијанските монаси?
За нивниот начин и цел на медитација?


Пс.За дијазепамите.
2 милиона дневно не мора да значи дека секој државјанин зема дијазепам.
Можеби некој зема по три дневно или по пет.
Многу луѓе(млади луѓе кои ги знам известуваат за засивност од истите,за да понатака би се лечеле духовно во некој од манастирите кои го нудат тоа).
И што се прави во манастирите?
Медитација,молитва
врзување и тренирање на духот.
Работат извршуваат различни дејности
и притоа ги учат да медитираат/да бидат потполно концентрирани на работата,да знаат која емоција во моментот им минува низ телото и да знаат да се справат со неа,која мисла е потребна а која непотребна.
Излегуваат како нови после сето без потреба за средства за смирување,опијати или дроги.
Ментално ојачани и спремни за живот.
Духовниот живот е многу битен во денешниот свет.
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
sphinx
Најверојатно јас треба да знам дали успевам да медитирам додека пеглам.
-----
Важно е да се концетрираш на дишењето и внатрешноста.
Свесно да се концентрираш на нештото.
Било пеглање,чистење,шетање.
Исто како и јогата .

1. Не може бре девојче да постигнеш медитација додека пеглаш, значи нема никаде да видиш јога гуру кој држи пегла во раце и им објаснува на група заузети домаќинки како да постигнат медитација пеглајќи, не може и не е возможно, да беше досега ќе имаше и јога-прирачник за готвење, “Гответе медитативно“.

2.Што ако си ти концентрирана на дишењето, единствениот ефект што го добиваш е смирувачко дејство.
Ако дишиш длабоко и полека не значи дека медитираш туку го смируваш и стимулираш организмот.Ист е примерот со пушачите, кога се нервозни им треба цигара за смирување.Никотинот досега не се докажал со смирувачко дејство,но има нешто друго што ги прави да бидат смирени - начинот на вовлекување/извлекување дим од цигарата, што е еднакво како човекот треба да диши при медитација за релаксирање.Значи,прв степен на медитација е дишењето, при што се стимулира и опушта организмот.


Самиот рече дека додека шеташ во шума можно е да медитираш.

Не реков да шеташ во шума туку мислев на ПРЕСТОЈ ВО ШУМА, а под престој баш мислев во шавасана положба на некое ќилимче со цел да постигниш ефект “Се вратив кон корените“. Верувај ефективно е.



Дали си читал некогаш за будистичките или христијанските монаси?
За нивниот начин и цел на медитација?


Сум читал ама за христијанските еден куп други работи исто имам читано.Знам унапред дека не пеглаат медитирајќи:) Нека стои за следна тема за разговор, сеа уште треба да се дорасправаме дека пеглањето не е медитативно и не можеш да медитираш додека пеглаш. И дека 2 милиони дијазепами не се користат тука во македонија,грешно имаш разбрано или грешно пренеле информација;)



дијазепам
2 милиона дневно не мора да значи дека секој државјанин зема дијазепам.
Можеби некој зема по три дневно или по пет.



Македонија = 2 милиони жители.
Aко дневно се користат два милиони дијазепами, доаѓа дека секој човек користи по едно апче дневно.Фактот е апсурден,еве јас не користам на пример.
Одиме со друга пресметка, ако просек една личност од корисниците на дијазепам користи 4 апчиња дневно (што е претерана доза, особено секојдневна е смртоносна) тоа му доаѓа дека 500.000 луѓе користат дијазепам во македонија, што е исто така апсурдно затоа што е една четвртина од македонија а дијазепамот се зема со рецепта што значи не е лесно-достапен за пак да ја достигни таа бројка. Ти викам заборај го муабетов ти пак го повторуваш со бројки, кажи ја поентата демек, ете се смируаат со апчиња а не пеглаат упс медитираат како мене.

Ми се чини дека ова ти е локалниот гуру по пеглање:D

7472937602_fe1047a289_z.jpg
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
sphinx
Што е за тебе медитација,а што јога?
Кои се правилата за истите и кој ги одредува правилата?
Дали мора да постои некој кој одредува како се медитира?
Самиот рече дека е индувидуално.
Дали има или нема гуру што пегла не ми е битно,додека јас самата знам дека е можна медитација за време на истото.
Најверојатно медитираш по некои строги правила не осудувајќи се да пробаш нешто ново.
Си правел јога?
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
sphinx
Што е за тебе медитација,а што јога?
Кои се правилата за истите и кој ги одредува правилата?
Дали мора да постои некој кој одредува како се медитира?
Самиот рече дека е индувидуално.
Дали има или нема гуру што пегла не ми е битно,додека јас самата знам дека е можна медитација за време на истото.
Најверојатно медитираш по некои строги правила не осудувајќи се да пробаш нешто ново.
Си правел јога?
Практикувал*


Тогаш не си ја сознала суштината на медитацијата.Учи,и практикувај повеќе.
 

Хептаграм XI

Староседелец
26 мај 2013
1,882
944
1,133
World
heptagramxi.wordpress.com
Ајде и тука да вмешам „прсти“ :)

На овој линк ќе најдете инфо и пракси за една од гранките на Раџа Јога, Дарана или контрола на мислата.
За да успешно се извршуваат овие вежби потребно е добро совладана асана, пранајама и пратјахара, кои се исто така гранки од Раџа Јога.

За раџа јога, читнете го Свами Вивекананда, има одлично дело за Раџа Јога. И пробајте, да видите од што сте направени :)
 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC


Aма колку сака нека бидиме различни јас пак ќе речам НЕМА МЕДИТАЦИЈА ДУРИ ПЕГЛАШ и не може да постигниш,ете и хептаграмот ти стави некој линк за јоги расчитај се ќе видиш дека во ниедна пракса не се спомнува пегла. Ко се запна, пегла па пегла ко да е основен дел од медитацијата.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Aма колку сака нека бидиме различни јас пак ќе речам НЕМА МЕДИТАЦИЈА ДУРИ ПЕГЛАШ и не може да постигниш,ете и хептаграмот ти стави некој линк за јоги расчитај се ќе видиш дека во ниедна пракса не се спомнува пегла. Ко се запна, пегла па пегла ко да е основен дел од медитацијата.
Тоа беше и е пример.
Можеш да медитираш кога сакаш ако си доволно упатен во истото.
Но очигледно дека се потпираш на некои научени теории па го повторуваш овде наученото.