Будизам (Буда и неговото учење)

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Види, човек може да е сосема слободен само кога е сосема сам. И кога си е сосема доволен самиот на себе.
Лесно е да се прифатат сите искуства кога те засегаат само тебе.
Тука е себичноста и тука е плашливоста и кукавичлукот.
Човек кој може до тој степен да се одвои себеси од сите други е човек кој ги отфрла сите обврски и си се прифаќа себе си како единствен центар на неговиот свет и како единствен битен лик во неговата приказна. За него сѐ друго е помалку битно и не зависи од него, оти секој мора да си го изоди сопствениот пат и да си ја доживее сопствената приказна.

Што би ѝ кажал на личноста која најмногу ја сакаш, кога таа би била во некоја состојба која за неа значи болка и страдање?
Ќе ѝ кажеш - јбг, тоа е твојот пат и мораш сама да се справиш со твоето страдање и да го прифатиш како потребно искуство?

Што им одговорил Буда на болните и сиромашните и гладните кога се вратил?

Спомна некој погоре дека проблемите во светот се заради робувањето на егото. Нели е врв на егоцентричност сфаќањето дека секој мора да си се справи со сопствените страдања сам?
Човек е слободен кога ја пронаоѓа својата суштина и живее според неа, не попречувајќи ја суштината на останатите. Само тогаш може да биде во совршен баланс со себеси и универзумот. И тука нема никаков кукавичлук, напротив потребна е огромна храброст и волја да се постигне тоа.
Тоа не е одвојување од другите, бидејќи сите подеднакво сме центар на универзумот, дел од него, и обидот да се менуваат неговите закони е обид да се смени и нашата суштина, нешто кое е невозможно.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Човек е слободен кога ја пронаоѓа својата суштина и живее според неа, не попречувајќи ја суштината на останатите. Само тогаш може да биде во совршен баланс со себеси и универзумот. И тука нема никаков кукавичлук, напротив потребна е огромна храброст и волја да се постигне тоа.
Тоа не е одвојување од другите, бидејќи сите подеднакво сме центар на универзумот.
Ние сме дел од универзумот, и обидот да се менуваат неговите закони е обид да се смени и нашата суштина, нешто кое е невозможно.
Ај уште еднаш:
Што би ѝ кажал на личноста која најмногу ја сакаш, кога таа би била во некоја состојба која за неа значи болка и страдање?
Ќе ѝ кажеш - јбг, тоа е твојот пат и мораш сама да се справиш со твоето страдање и да го прифатиш како потребно искуство?

Што им одговорил Буда на болните и сиромашните и гладните кога се вратил?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena and slb_bobo

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
Ај уште еднаш:
Што би ѝ кажал на личноста која најмногу ја сакаш, кога таа би била во некоја состојба која за неа значи болка и страдање?
Ќе ѝ кажеш - јбг, тоа е твојот пат и мораш сама да се справиш со твоето страдање и да го прифатиш како потребно искуство?

Што им одговорил Буда на болните и сиромашните и гладните кога се вратил?
Би ја советувал да ги надмине потешкотиите, да ја открие причината позади нив. Слично како приказната со рибарот и питачот, дај му риба и ќе биде сит еден ден, научи го да лови, и ќе биде сит цел живот.
Проблемите се решаваат ако се соочиш со нив, како што заклучивме пред малку, не со нивно игнорирање и бегање од истите.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Би ја советувал да ги надмине потешкотиите, да ја открие причината позади нив. Слично како приказната со рибарот и питачот, дај му риба и ќе биде сит еден ден, научи го да лови, и ќе биде сит цел живот.
Проблемите се решаваат ако се соочиш со нив, како што заклучивме пред малку, не со нивно игнорирање и бегање од истите.
А мора да биде така: или - или?
Не може и двете?
И дај му риба и научи го да лови?