Ти мислиш дека вистината треба да те фасцинира, да не те заморува? Да те држи под исчекување како некој добар холивудски блокбастер? Брзо си изгубила интерес? Епа штета.... И кој вели дека неможе да се одговори со два три збора? Може и со еден, не е проблем, зборовите се само средство за споредување на искуствата. Што фајде ако ти речам на пример "лава", а ти никогаш во животот не си видела ниту вулкан, ниту лава? Зборот има смисла само доколку и за двајцата соговорници асоцира заедничко искуство, во спротивно, е само звук во увото на слушателот и ништо повеќе.И така јас,едно време бев заљубена во Киану и ги гледав сите филмој со него, и Сидарта ми беше ептен интересен,ама не ми се бендиса дека премногу го имаја нашминкано ( шо ме потсети - негде имаше тема за машки нашминкани, па одговорот мој на таа тема е дека не ме бендисват, оти Киану дефинитивно ми е поубав ненашминкан )
После така читкав по нешто ваму - таму за тој Сидарта и за тој Буда и за то шо го сфатил и шо сакал да кажи.
Ама бргу ми помина интересот, па после почнав да читам друго, не се сеќавам шо, ама ми се чини дека и другот бргу ми здосади.
Така стално, ретко ме фасцинираат работи до тој степен за да ги прифатам како доволен одговор.
Уште помалку како правилен одговор.
Шо ми е муабетот?
Ептен едноставен
Многу работи изгледаат ептен кул и поеднипати ги прифаќаме за да бидеме и ние кул
Ако ви е нешто јасно, ќе ви биде лесно да ми одговорите на прашањата со 2- збора или со 2-3 реченици.
Без големи и мудри цитати и завиткани мисли,туку со ваши зборови.Обични зборови.
Како кога ќе прашам како се вари кафе? Ако ми речеш - одговорот е длабоко во тебе, џабе ми е, нит ќе ти сварам кафе, нит па ќе ти повервам дека тебе ти е јасно како се вари кафе
Човек без желба е човек кој не страда.
Па да, оти тој не е веќе ЖИВ.
Да се биде слободен значи да се биде себичен. И плашливец.
Ќе се спознаам себеси, ќе ги убијам желбите и ќе се препуштам на моментот. Кај ќе ме одвее ветерот, таму ќе бидам. И ќе си бидам супер-задоволна и мирна.
Јап, за мене тоа е себичен плашливец кој верува дека вистинскиот начин за да ги промени работите е да престане да им се спротивставува.
Грубо кажано, мубаетиве шо ги исчитав тука, се сведуваат на тоа
И за крај,да бидеш слободен незначи да се престанеш да се спротивставуваш, туку да препознаеш на што треба да се спротивставуваш.