Будизам (Буда и неговото учење)

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
И така јас,едно време бев заљубена во Киану и ги гледав сите филмој со него, и Сидарта ми беше ептен интересен,ама не ми се бендиса дека премногу го имаја нашминкано ( шо ме потсети - негде имаше тема за машки нашминкани, па одговорот мој на таа тема е дека не ме бендисват, оти Киану дефинитивно ми е поубав ненашминкан :D)

После така читкав по нешто ваму - таму за тој Сидарта и за тој Буда и за то шо го сфатил и шо сакал да кажи.
Ама бргу ми помина интересот, па после почнав да читам друго, не се сеќавам шо, ама ми се чини дека и другот бргу ми здосади.
Така стално, ретко ме фасцинираат работи до тој степен за да ги прифатам како доволен одговор.
Уште помалку како правилен одговор.
Шо ми е муабетот?
Ептен едноставен :D
Многу работи изгледаат ептен кул и поеднипати ги прифаќаме за да бидеме и ние кул :)

Ако ви е нешто јасно, ќе ви биде лесно да ми одговорите на прашањата со 2- збора или со 2-3 реченици.
Без големи и мудри цитати и завиткани мисли,туку со ваши зборови.Обични зборови.
Како кога ќе прашам како се вари кафе? Ако ми речеш - одговорот е длабоко во тебе, џабе ми е, нит ќе ти сварам кафе, нит па ќе ти повервам дека тебе ти е јасно како се вари кафе :D

Човек без желба е човек кој не страда.
Па да, оти тој не е веќе ЖИВ.

Да се биде слободен значи да се биде себичен. И плашливец.
Ќе се спознаам себеси, ќе ги убијам желбите и ќе се препуштам на моментот. Кај ќе ме одвее ветерот, таму ќе бидам. И ќе си бидам супер-задоволна и мирна.
Јап, за мене тоа е себичен плашливец кој верува дека вистинскиот начин за да ги промени работите е да престане да им се спротивставува.
Грубо кажано, мубаетиве шо ги исчитав тука, се сведуваат на тоа :D
Ти мислиш дека вистината треба да те фасцинира, да не те заморува? Да те држи под исчекување како некој добар холивудски блокбастер? :) Брзо си изгубила интерес? Епа штета.... И кој вели дека неможе да се одговори со два три збора? Може и со еден, не е проблем, зборовите се само средство за споредување на искуствата. Што фајде ако ти речам на пример "лава", а ти никогаш во животот не си видела ниту вулкан, ниту лава? Зборот има смисла само доколку и за двајцата соговорници асоцира заедничко искуство, во спротивно, е само звук во увото на слушателот и ништо повеќе.

И за крај,да бидеш слободен незначи да се престанеш да се спротивставуваш, туку да препознаеш на што треба да се спротивставуваш.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153

океј де, објаснете ми со два три збора ако не е проблем.

не ме фасцинираат работи кои вртат одоколу наместо да веднаш да преминат на главното.
не ме фасцинираат работи кои на прашања за начин, ми даваат одговор за место и сл...

Карикирам - Сидарта разочаран од злата кои ги видел, барал одговори, не можел да ги најде, па ги барал уште, долго,долго и на крај седнал под дрвото и сѐ му се разјаснило.
Мене ме интересира, (во неколку реченици) што е тоа што му се разјаснило?
Гледал гладни, болни, сиромашни, несреќни насекаде околу него.
Откако сѐ му се разјаснило, што направил за да ја промени таа сурова реалност?
Препознал на што треба да се спротивставува? Како се спротивставил?....

Кое би било резимето на неговото просветлување?
И како тоа негово просветлување може да се искористи и како се користи за да се решат реалните проблеми (на пр. како да биде фрижидерот полн а не празен? )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
океј де, објаснете ми со два три збора ако не е проблем.
Зборовите се моќни онолку колку што и взаемното искуство на соговорниците на кое алудираат тие зборови. (Примерот што го дадов со лавата). Но еве да не биде дека избегнувам одговор:
Се е Едно, Се е Искуство, Ништо неможе да се создаде, ниту да се уништи, само да премине од една во друга состојба.
не ме фасцинираат работи кои вртат одоколу наместо да веднаш да преминат на главното.
не ме фасцинираат работи кои на прашања за начин, ми даваат одговор за место и сл...
Тој што ја бара вистината, не бара предуслови за тоа како треба да изгледа таа.
Мене ме интересира, (во неколку реченици) што е тоа што му се разјаснило?
Гледал гладни, болни, сиромашни, несреќни насекаде околу него.
Откако сѐ му се разјаснило, што направил за да ја промени таа сурова реалност?
Препознал на што треба да се спротивставува? Како се спротивставил?....
Состојбата која ја доживуваме како страдање (samsara) е всушност цикличноста на постоењето, и е присутна во светот на перцепцијата која е всушност илузија (māyā).
Страдањето е илузија, бидејќи вистинската апсолутна природа на реалноста е спој на дуалностите, состојба која во Будизмот се нарекува самади (Samādhi).
Кога ќе се осознае оваа состојба, тогаш просветлениот (Буда) сваќа дека непостојат непотребни искуства или состојби, се има своја смисла и функција.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Зборовите се моќни онолку колку што и взаемното искуство на соговорниците на кое алудираат тие зборови. (Примерот што го дадов со лавата). Но еве да не биде дека избегнувам одговор:
Се е Едно, Се е Искуство, Ништо неможе да се создаде, ниту да се уништи, само да премине од една во друга состојба.

Тој што ја бара вистината, не бара предуслови за тоа како треба да изгледа таа.

Состојбата која ја доживуваме како страдање (samsara) е всушност цикличноста на постоењето, и е присутна во светот на перцепцијата која е всушност илузија (māyā).
Страдањето е илузија, бидејќи вистинската апсолутна природа на реалноста е спој на дуалностите, состојба која во Будизмот се нарекува самади (Samādhi).
Кога ќе се осознае оваа состојба, тогаш просветлениот (Буда) сваќа дека непостојат непотребни искуства или состојби, се има своја смисла и функција.

е конечно!
Значи - да се спознаеш себеси е да се соочиш со себеси. Да си погледнеш во очи и да не бегаш пред она што ќе го видиш.
Да се прифатиш целосно, со сите свои плусови и минуси, оти само така ќе си потполна личност, без дупки и празнини.
Значи - да се спознаеш себеси и да се ослободиш себеси. Од сопствените предрасуди и наметнатите стандарди. Да си ги одредиш сопствените правила на игра.
Значи - да ги ПРИФАТИШ сопствените желби, не да ги УБИЕШ.
Значи -не е поентата да се ослободиш од она што е во тебе, туку да си го признаеш.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
44
www.oto-mk.net
е конечно!
Значи - да се спознаеш себеси е да се соочиш со себеси. Да си погледнеш во очи и да не бегаш пред она што ќе го видиш.
Да се прифатиш целосно, со сите свои плусови и минуси, оти само така ќе си потполна личност, без дупки и празнини.
Значи - да се спознаеш себеси и да се ослободиш себеси. Од сопствените предрасуди и наметнатите стандарди. Да си ги одредиш сопствените правила на игра.
Значи - да ги ПРИФАТИШ сопствените желби, не да ги УБИЕШ.
Значи -не е поентата да се ослободиш од она што е во тебе, туку да си го признаеш.
Точно така :)

Abraxas

И кога го сфатил сето тоа што прави? Седи под дрво, медитира и дели мудрости?
Мудроста е состојба која во себе инкорпорира не само знаење туку и искуство, како што реков пред малку, зборовите кои го користиме во комуникацијата се базираат на взаемно искуство, доколку истото отсуствува, тие ќе бидат бесмислени.
На пример ако ја анализираме твојава реченица, за да има смисла за мене, треба и јас и ти точно да знаеме што се термините во неа: "седи", "дрво", "медитира", "мудрост" итн.
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
ете така.
и сега да продолжам :D
Значи откако Сидарта станал Буда, не се спротивставил реалноста која претходно го измачувала?
Болните си останале болни, гладните - гладни, сиромашните сиромашни...
Единствено што се променило било тоа што тој ги прифатил како потребен дел од целината, потребен дел од рамнотежата - богати + сиромашни, здрави + болни, гладни + сити.... и престанал да се секира и да страда.
Значи сепак, неговото учење е себично учење кое го одбира најлесниот пат и вели -Сѐ е илузија, оти сѐ е едно, оти сѐ е потреба, сѐ е дел од сложувалката.
Значи сепак, слободен човек е себичен човек и сепак е плашливец, кој не се спротивставува на нештата. Да, тој ги спознава, ама не им се спротивставува, не се обидува да ги промени, туку едноставно ги прифаќа како составен дел од целината.
М?
 
Неможе никој друг го оди твојот пат, нема тука ништо себично. Како што неможе друг да се радува за тебе, така неможе ни искушенијата да ги земе од тебе. Концептот на спасител кој ги искупува сите и ги зема врз себе нивните искушенија и страдања е присутен во христијанството и е само една обична лажна надеж.
На кој начин ако некој свати дека сите искуства се потребни, го прави плашливец? Дали оној што бара скратени патишта е можеби олицетворение за храброст? Оној што коленичи и чека некој друг да му ги реши сите проблеми?
Затоа реков и погоре - оној што ја бара вистината, не поставува предуслови каква треба или мора таа да биде. Во спротивно не е вистината тоа што го бара, туку некоја убава лага.
 
Види, човек може да е сосема слободен само кога е сосема сам. И кога си е сосема доволен самиот на себе.
Лесно е да се прифатат сите искуства кога те засегаат само тебе.
Тука е себичноста и тука е плашливоста и кукавичлукот.
Човек кој може до тој степен да се одвои себеси од сите други е човек кој ги отфрла сите обврски и си се прифаќа себе си како единствен центар на неговиот свет и како единствен битен лик во неговата приказна. За него сѐ друго е помалку битно и не зависи од него, оти секој мора да си го изоди сопствениот пат и да си ја доживее сопствената приказна.

Што би ѝ кажал на личноста која најмногу ја сакаш, кога таа би била во некоја состојба која за неа значи болка и страдање?
Ќе ѝ кажеш - јбг, тоа е твојот пат и мораш сама да се справиш со твоето страдање и да го прифатиш како потребно искуство?

Што им одговорил Буда на болните и сиромашните и гладните кога се вратил?

Спомна некој погоре дека проблемите во светот се заради робувањето на егото. Нели е врв на егоцентричност сфаќањето дека секој мора да си се справи со сопствените страдања сам?