Будизам (Буда и неговото учење)

Abraxas

Староседелец
10 јануари 2013
1,094
792
1,133
45
www.oto-mk.net
“Until you make the unconscious conscious, it will direct your life and you will call it fate.”


― C.G. Jung

Да но не ми е јасна реченицата,цитирам:
"Ниедно страдање не води кон спознавање.
Води кон лудост."
Би категоризирала.
а.Страдаме и стануваме свесни дека страдаме.
б.Страдаме и не се свестуваме дека страдаме,полудуваме од сопственото страдање.
Постојат две варијанти.
Е што не е јасно? Значи ако сватиш дека состојбата која си ја доживувала како страдање има цел, тоа повеќе не е страдање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
“Until you make the unconscious conscious, it will direct your life and you will call it fate.”


― C.G. Jung
Одговорот и патот си ги наоѓаме самите.
Лежат длабоко во нас:)

И така јас,едно време бев заљубена во Киану и ги гледав сите филмој со него, и Сидарта ми беше ептен интересен,ама не ми се бендиса дека премногу го имаја нашминкано ( шо ме потсети - негде имаше тема за машки нашминкани, па одговорот мој на таа тема е дека не ме бендисват, оти Киану дефинитивно ми е поубав ненашминкан :D)

После така читкав по нешто ваму - таму за тој Сидарта и за тој Буда и за то шо го сфатил и шо сакал да кажи.
Ама бргу ми помина интересот, па после почнав да читам друго, не се сеќавам шо, ама ми се чини дека и другот бргу ми здосади.
Така стално, ретко ме фасцинираат работи до тој степен за да ги прифатам како доволен одговор.
Уште помалку како правилен одговор.
Шо ми е муабетот?
Ептен едноставен :D
Многу работи изгледаат ептен кул и поеднипати ги прифаќаме за да бидеме и ние кул :)

Ако ви е нешто јасно, ќе ви биде лесно да ми одговорите на прашањата со 2- збора или со 2-3 реченици.
Без големи и мудри цитати и завиткани мисли,туку со ваши зборови.Обични зборови.
Како кога ќе прашам како се вари кафе? Ако ми речеш - одговорот е длабоко во тебе, џабе ми е, нит ќе ти сварам кафе, нит па ќе ти повервам дека тебе ти е јасно како се вари кафе :D

Човек без желба е човек кој не страда.
Па да, оти тој не е веќе ЖИВ.

Да се биде слободен значи да се биде себичен. И плашливец.
Ќе се спознаам себеси, ќе ги убијам желбите и ќе се препуштам на моментот. Кај ќе ме одвее ветерот, таму ќе бидам. И ќе си бидам супер-задоволна и мирна.
Јап, за мене тоа е себичен плашливец кој верува дека вистинскиот начин за да ги промени работите е да престане да им се спротивставува.
Грубо кажано, мубаетиве шо ги исчитав тука, се сведуваат на тоа :D
 

Furby

Полноправен Член
26 јуни 2013
96
92
18
33
Многу ме смирува ко че го слушнам овај збор Буда , и се поврзано со него , ме асоцира на душевен мир и медитација .
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Секој сам си одлучува дали,како,што.
Ако некој мисли дека треба да биде роб на сопственото и туѓото его, а притоа да страда изборот е негов.
И ќе додадам дека целото наше општество и цел овој систем е роб на егото,не е ни чудо што се случува тоа што се случува наоколу.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Umpuranche

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Секој сам си одлучува дали,како,што.
Ако некој мисли дека треба да биде роб на сопственото и туѓото его, а притоа да страда изборот е негов.
И ќе додадам дека целото наше општество и цел овој систем е роб на егото,не е ни чудо што се случува тоа што се случува наоколу.

А тој на кој се поклонуваш немал его? Јас ти го посочував баш тоа.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Секој сам си одлучува дали,како,што.
Ако некој мисли дека треба да биде роб на сопственото и туѓото его, а притоа да страда изборот е негов.
И ќе додадам дека целото наше општество и цел овој систем е роб на егото,не е ни чудо што се случува тоа што се случува наоколу.
а што е его?
и што е човек без его?
до каде не си, а од каде стануваш роб на егото?

многу конфузни одговори
или па мене толку ми делиле, па не разбирам.

сакаш да се спознаеш себеси?
земи лист и пенкало и напиши наслов: ЈАС САКАМ
потоа продолжи да пишуваш
кратки и јасни реченици, без да мислиш дали некој ќе го прочита напишаното
без да се плашиш што ќе си помисли за тебе ако прочита
без да ги филуваш зборовите, без да одземаш делчиња од мислите, без да им го менуваш текот на мислите....
едноставно пишувај
искрено, до коска
соочи се со сѐ што е во тебе
соочи се со желбите
со СИТЕ желби.

Имаш доволно храброст да се разголиш пред самата себе?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Само јас ли во куќава мислам дека е нормално да имаш его? :unsure
Нема да филозофирам во 9 сабајле, доволно ми е што свекрва ми ми иде на ручек, ама не, озбилно...Како може едно битие да функционира без своите желби, своите замисли и цели? Што е ондак смислата?
Секој треба да се сака себе си, да го слуша својот внатрешен глас кој не е луциден што го величи она „ нарциосоидното“.
Секој треба да научи да биде човек и да канализира љубов и разбирање првично преку себе, да се љуби себе си и околината...

Егото е баланс.
Егото е потреба.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Арно е да има човек его но тоа да работи за него, а не тој да работи за да го задоволи егото. Како во македонски народни приказни со `ксмето.:pusi Да се цени себеси и да има јасна слика кој е и што е, ама да не забегува во нарцизам и суета. Којзнае колку трилиони е годишниот обрт за задоволување на егото меѓу светската популација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood