Смеам да прашам кој е твојот пат за кој сметаш дека е вистинскиот и како го најде?
Мојот пат траеше( и сеуште трае) многу долго.
Верував слепо во Бога(оној кој го прикажува црквата не знаејќи во што верувам),се додека не се запрашав кој е тој?
Која сум воопшто јас?Не е само ова тело кое ме представува мене.
Што сакам од животот?
Која е смислата на животот?
И почнав да барам,да читам,да истражувам.
Наоѓав одговори со кои бев задоволна два-три дена.
Сфаќајќи дека не е тоа тоа,барав понатаму.
Почнав да медитирам,да правам јога да ги анализирам мислите и чувствата во себе.
Да ги споредувам,да копам по нив.Од една мисла во друга,од едно чувство во друго.
Да се набљудувам,да го следам секој мој збор,секое мое движење,секоја реакција во моето тело.
Прво се појавија негативни чувства кои не постоеја пред тоа.
Интензивни негативни чувства кои ме гушеа во вистинска смисла на зборот.
Дознав од каде потекнуваат.
Научив да ги контролирам,да ги преработувам во позитива.
Мислев дека поминувам низ пеколот(така го нареков тоа чувство).
Барајќи низ себе,се изгубив комплетно.
Не знаев која сум,што сакам и кој е мојот пат.
Ја изгубив вербата во себе,вербата во Бога,вербата во се околу.
Се изгубив некаде измеѓу реалноста и илузијата.
Се изгубив и повторно се најдов.
Научив дисциплинирано да ги насочувам мислите и чувствата јас да им го давам правецот,не тие мене.
Јас раководам со моето его,користејќи го само она што е потребно од него.
Научив секојдневно да им се радувам на малите нешта.
Научив во секој пад да гледам мудрост,научив да се борам и верувам во себе.
Научив да давам љубов околу.
Научив да паѓам и станаувам.
Незнам дали мудростите на Буда или Исус беа одговорни за тоа или самата јас,но на некој начин од таму почна се.
И таму завршува.
Животот во реалноста,без губење во вечниот лавиринт на мислите.
Без очекувања,без залажувања.
Толку.
Немам поголема филозофија од оваа.Немам ниту некои мудри зборови кои би можела да ги употребам во моментов.
Не пробувам нит да те убедам во нешто,дека мојот пат е поправилен од твојот,не пробувам да убедам или натерам некого да биде будист.
Само се обидов на кратко да го доловам она што го нареков самоспознавање.
И да.
За тоа треба храброст.
Храброст да се разголиш пред себе.