1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Будизам (Буда и неговото учење)

Дискусија во форумот 'Религија' започната од Lena, 15 мај 2013.

  1. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Еден момент на потполно будење,успева да ја створи една од најголемите религии на светот.

    Во потрага по безусловна среќа еден азиски принц успева да го открие вистинското битие на човекот.
    Се работи за Буда.
    Неговите учења делуваат сеуште на размислувањето и начинот на живот на милиони луѓе.

    Ќе ви ја раскажам приказната за Сидарта Таутама.
    Роден е некаде во 6 век пред Исус во близината на Непал како син на тогашниот владетел(кралот).
    Неговите учења се запишани во Pali-Kanon,
    и подоцна распространети од неговите следбеници.
    Многумина мислат дека Буда бил некој вид на Бог, но интересното е што никаде не постојат записи каде се тврди дека тој е Бог или дека е пратен од поголемите сили.
    Создавателот на будизмот не се смета за ништо друго освен за инспириран,просветлен научник
    на универзумот кој го носиме во себе.

    Успеал да ја види целосната внатрешност(психа)на човекот и зад себе го оставил учењето на една психологија која ги поминува границите на егото.
    Психологијата на просветлувањето.

    Како што кажуваат легендите некој видовит човек им претскажал на родителите на Сидарта дека принцот или ќе биде голем владетел или пак еден од најголемите спиритуални учители на светот.
    Таткото на Сидарта сакајќи да спречи Сидарта да стане спиритуален учител,заповедал секој кој ќе дојде во контакт со неговиот син да ги исполнува желбите на истиот.
    Принцот не смеел да ги види темните страни на животот:
    Болка,болест,тага,сиромаштија,смрт,несреќа,
    страдање и слично.
    Но,колку и да се трудел да го представи светот на Сидарта розов,не успеал да ја сокрие реалноста на животот кој се криел позади ѕидовите на палата.
    За време на своите излети надвор од палата Сидарта случајно сретнал еден лепрозен,
    еден калуѓер,еден болен и едно мртво тело.
    Во тој момент Сидарта ја сфатил безсмисленоста на неговиот живот.
    На 29 години избегал од палата сакајќи да го најде одговорот на прашањето:
    "дали е ова се?"

    Можеби потрагата на Сидарта по еден нов животен пат успева да не допре затоа што на некој начин се наоѓаме во него,затоа што е толку човечка и реална.
    Затоа и многу модерни филозофи,агностичари и атеисти се слагаат со будизмот.
    Би можеле многу лесно да се идентифицираме со принцот.
    Можеби ќе кажеме дека имаме се во животот,
    но во суштина не сме среќни.
    Размислуваме, дали е ова се што ни нуди животот или има нешто подлабоко.
    Нешто друго.
    Пробуваме да погледнеме позади фасадите на животот.

    Да продолжам.

    Принцот патувал по околината 6 години.
    Го барал одговорот во јогата и во различните техники на дишење.
    Сето тоа било залудно.
    Не му помогнало да се приближи до одговорот кој го барал.
    Збунет седнал под некое дрво во близината на индискиот град Бенарез и почнал да медитира.
    Четири дена и четири ноќи бил во длабока медитација.
    Без некои големи очекувања.
    И тогаш... се случило.


    На многу слики будистите го претставуваат Сидарта како медитира и задоволно се смешка.
    Таа ноќ е ноќтта, на неговото ПРОСВЕТЛУВАЊЕ.
    Таму под тоа дрво,така легендата ги добил одговорите на сите негови прашања поврзани со животот.

    Одговорите кои секој од нас,
    директно или индиректно ги бара во животот.
    Сето тоа спознание го поделил со неговите ученици кои го прошириле по светот.
    Првата мисла на која се базира будизмот е:
    "Секој живот е патење".
    И тоа патење се базира на ненаситноста на човекот за живот.

    За да би се ослободиле од сето тоа би требале да го ослободиме духот од страста и очекувањата.
    А за тоа треба трпение,дисциплина и работа со самите себе.
    Позади материјалното тело се крие вистинското суштество,битие на човекот.
    Можеби би можеле да го споредиме сето тоа со еден пливач,кој плива над морето и за кого не постои ништо друго освен рамната површина на морето и понатака брегот.
    Ставајќи наочари за нуркање и со само еден потег на главата успева да се нурне во длабочините на морето.
    Спознава и еден друг дел од светот.

    Просветлувањето кое Сидарта Гаутама го направило во Буда, не е резултат на длабоко размислување.
    Не,тоа било интуитивно разбирање на нештата,
    долго пред модерната психологија да го открие
    патењето на луѓето,долго пред да се открие дека животот на луѓето е доминиран од сопственото незадоволство.
    Секојдневно се вртиме во затворот кој сме го створиле самите, затвор од очекувања,предпоставки,идеи,барања за уште.

    "Не останите луѓе се одговорни за нашата моментална состојба,туку ние самите,и кога ќе го спознаеме тоа,ќе ги најдеме одговорите кои ги бараме од животот"
    вели Буда.
     
    На Anakin, Roxelana, parvati и уште 9 други им се допаѓа ова.
  2. Idiot

    Idiot Староседелец

    Зачленет на:
    5 март 2013
    Мислења:
    317
    Допаѓања:
    231
    Морав да интервенирам на, верувам случајната грешка. :)
     
    На Aristokrat, 4FUN и Lena им се допаѓа ова.
  3. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Да,грешка е.
    Пред Исус.

    Пс.Дали би можел одговорниот модератор да го поправи тоа?
    Важен детал е.
    Благодарам.
     
  4. Electra

    Electra Неонка
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    16 февруари 2012
    Мислења:
    2,047
    Допаѓања:
    6,657
    Средено. :)

    р.ѕ. Lena, дали би било во ред доколку темава ја преименувам и општо да е за Будизмот, не само за Буда?
    Ќе ја исчистам темава откако ќе се договориме.
     
  5. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    Може,пошто секако мислев да додадам некои работи за будизам.
    И додај тогаш горе на почетокот на текстот Буда.
    А главниот наслов нека биде Будизам.

    Тенкс:)
     
    На Electra и cakar_ulav им се допаѓа ова.
  6. Idiot

    Idiot Староседелец

    Зачленет на:
    5 март 2013
    Мислења:
    317
    Допаѓања:
    231
    Преовладува мислењето бека Сидарта Гаутама бил првиот Буда, што воопшто не е точно. Буда на старо-индиски (пали и санскрит) значи просветлениот ("Enlightened one") Индијците веруваат дека имало и ќе има многу “Буди“. Гаутама Сидарта (по кого е наречен будизмот) Не бил првиот ниту ќе биде последниот Буда,
    Како и да е, од сегашната “kalpa" (почетокот на сегашниот универзум) Гаутама Сидарта (Буда Гаутама) се рачуна за четвртиот Буда. Првиот е Kakusandho Buddha, Вториот Konakamano Buddha и третиот Kassapo Buddha. Последниот буда од оваа "kalpa" ќе биде Maitreya Buddha. После тоа ќе се обнови универзумот и ќе почне нова "kalpa" (нов универзум)
    Случајно? Мултиверзум? Пред 2500 год? I don't think so.........
     
    На Lena му/ѝ се допаѓа ова.
  7. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Претпоставувам дека ти е јасно што е мултиверзум, а што универзум. И претпоставувам дека ти е јасно дека пред 2500 години не постоела никаква замисла за универзум или нешто слично. Ако тврдиш дека „kalpa“ би требало да биде збор кој пред 2500 години го имал истото значење со денешниот збор „универзум“ тогаш препиши им ја целата атомска и астро физика на античките народи на балканов...па што, они го измислија зборот „атом“, они измислиле нешто што се вика „етер“ и они измислиле нешто што се вика „астра“. Замисли кое знаење го имале.
     
  8. Idiot

    Idiot Староседелец

    Зачленет на:
    5 март 2013
    Мислења:
    317
    Допаѓања:
    231
    Ало Бобо, земјата го повикува Марс, Темата се вика Будизам, Буда и тн. Тоа на друга тема. Барем не е 6-day-creation, имале поинакви сфаќања, и тоа далеку пред Гаутама Буда.
     
  9. Lena

    Lena Poétesse

    Зачленет на:
    12 октомври 2012
    Мислења:
    4,151
    Допаѓања:
    7,677
    slb_bobo
    Те цитирам:"
    И претпоставувам дека ти е јасно дека пред 2500 години не постоела никаква замисла за универзум или нешто слично."


    А што е со Џаинистите?
    Зарем не замислувале дека универзумот ја има човечката форма?
    А тие постоеле 3500 год.п.н.е.
    Значи дека уште тогаш имале замисла за универзумот.
    И некои податоци кои модерната наука ги докажува во денешно време во врска со универзумот и таа универзална енергија,само
    ги потврдуваат теориите создадени од будистите пред иљадници години.

    Би сакала да направиме една споредба.
    Учењето на Буда и учењето на Христус.
    Што мислите која е разликата?
     
  10. Idiot

    Idiot Староседелец

    Зачленет на:
    5 март 2013
    Мислења:
    317
    Допаѓања:
    231
    Како надополнување, Будизмот е настанат од Џаинизмот и погледите за универзумот е истиот.

    значи:
    Jain beliefs about the universe

    Jains believe that the universe we perceive really exists and is not an illusion. It contains two classes of thing: jivas - living souls, and ajivas - non-living objects, which include everything else, including space.
    Nothing in the universe is ever destroyed or created, they simply change from one form to another.
    Jains believe that the universe has always existed and will always exist. It is regulated by cosmic laws and kept going by its own energy processes. This concept of the universe is compatible with modern scientific thinking.

    Jains do not believe that the universe was created by any sort of god.

    The Jain word that comes closest to the western idea of the universe is "loka".
    The loka is the framework of the universe. It contains the world we experience at the moment, as well as the worlds of heaven and hell.
    The loka exists in space. Space is infinite, the universe is not.
     
    На Roxelana и Lena им се допаѓа ова.

Сподели: