Човек е слободен кога ја пронаоѓа својата суштина и живее според неа, не попречувајќи ја суштината на останатите. Само тогаш може да биде во совршен баланс со себеси и универзумот. И тука нема никаков кукавичлук, напротив потребна е огромна храброст и волја да се постигне тоа.Види, човек може да е сосема слободен само кога е сосема сам. И кога си е сосема доволен самиот на себе.
Лесно е да се прифатат сите искуства кога те засегаат само тебе.
Тука е себичноста и тука е плашливоста и кукавичлукот.
Човек кој може до тој степен да се одвои себеси од сите други е човек кој ги отфрла сите обврски и си се прифаќа себе си како единствен центар на неговиот свет и како единствен битен лик во неговата приказна. За него сѐ друго е помалку битно и не зависи од него, оти секој мора да си го изоди сопствениот пат и да си ја доживее сопствената приказна.
Што би ѝ кажал на личноста која најмногу ја сакаш, кога таа би била во некоја состојба која за неа значи болка и страдање?
Ќе ѝ кажеш - јбг, тоа е твојот пат и мораш сама да се справиш со твоето страдање и да го прифатиш како потребно искуство?
Што им одговорил Буда на болните и сиромашните и гладните кога се вратил?
Спомна некој погоре дека проблемите во светот се заради робувањето на егото. Нели е врв на егоцентричност сфаќањето дека секој мора да си се справи со сопствените страдања сам?
Тоа не е одвојување од другите, бидејќи сите подеднакво сме центар на универзумот, дел од него, и обидот да се менуваат неговите закони е обид да се смени и нашата суштина, нешто кое е невозможно.