На плоштад во Загреб седат два просјака. Пред едниот пишува: "Јас сум хрватски борец, без работа, помогнете", а пред другиот: "Јас сум српски борец, без работа, помогнете".
Ден за ден, минувачите му даваат пари само на првиот просјак. Еден ден, постара госпоѓа му вика на Србинот: "А зошто ти не отидеш во Белград па таму да бараш пари, гледаш дека сите му даваат пари на нашиот борец?" и му дава 10 куни на Хрватот.
Заминува госпоѓата и едниот просјак му вика на другиот:
- Ја слушна ли бе Хасо, она нас ќе не учела на маркетинг!