Eпа вака...имам сериозен проблем, а и сериозна врска. Пред неколку години запознав еден дечко на една од социјалните мрежи, долго време четувавме, ми се претстави како финансиски стабилно и образовано момче, а а јас го прифатив како многу добар, интелегентен и паметен човек. Не знам како, но по некое време се согласив да се видиме и тоа наше ненадејно пријателство прерасна во врска. Информацијата дека има добро образование, сигурна и добро платена работа им ја пренесов на другарките, но после некое време дознав дека нема ништо од тоа, тој е еден од многуте кој денес се борат да најдат нешто и колку толку да заработат.... Кај мене тоа ништо не промени, јас го сакам, и не ми биле биле, а и нема да ми бидат битни никогаш туѓите пари, но немам смелост да им кажам на моите најблиски дека цело време ме лажел, а јас слепо сум верувала. Пред некој ден една пријателка ми кажа дека прашала за него, а не е ни свесна дека тој како што го претставив не постоел и нема да постои. ВО тој момент сватив дека имам голем проблем, не знам што да направам, дали да му раскинам и се да остане како што е, иако јас му простив и тоа што ја дознав вистината ништо не промени кај мене за него или да останам со него затоа што лудо го сакам. Ве молам за мислење,стварно не знам што да направам?