Здраво на сите нов сум на форумот и немам баш никакво искуство од акваристиката.За почеток добив на користење аквариум со големина: должина 60цм ширина 24цм и висина 36цм. Колку литри е овој аквариум и со него иде воздушна пумпа ке ставам слики да ми каже некој како
треба да се намести ако знае ??
Треба да си купиш греач ( чини околу 400 ден ), и пумпа со филтер ( 700 ден ) ова што го имаш ти е само пумпа, и ако ја ставиш нејзе водата ќе ти стане гнасна за кратко време... аквариумот сигурно ти е над 50 литри... и после тоа треба рибички, топломер и за декорација некои каменчиња и некои тревки