Не идам во дискотеки, нит па ќе идам некад. Таа собиранка на позери, скинати хулакопки, квази мадрфакери и штикли им ја оставам на тие што љубат експонации, мене ми е убаво без нив.
Мене ми е мака, што покрај сите негирања, лупање у гради како турбо фолкот е за сељаци, доживуваме инвазија од напрчени муцки и силикони, и забавјачи со шпиц кондури. Они се намлатија пари, посетителиве кои у најголем број се паднати од Марс и они ни су одавде нАли, искршија едно чудо флаши.
И никој не слуша, никој не иде, а дискотеките полни, вратарите после таква ноќ се на три дневна рехабилитација и пак у маало истите тие што дигаат мишки се рокери, металци, рапери и сл.
Не отруја!
Колку и да ги игнорираш тие дешавки, на крај сфаќаш дека живееш на високо квалитетна сељачко-депримирачка почва.
И не, не мислам дека нормален човек може да ужива на рефрени ХОЧУ ДА ИСЕЧЕМ ВЕНЕ ЈЕР ТИ ВОЛИШ ДРУГЕ ЖЕНЕ стил.
Нека се гонат, нека не припарат тука, нека исклучат од кабелска такви канали како Пинк, ДМ Сат и слични барем генерациите што идат да се куртулат од тоа сквернавење на психа.
Се надевам дека вистински ќе се почитува ова и нема да доживеам уште еден „концерт“ на Адил у Колосеум.