Крај за турбофолкот во скопските дискотеки

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Деновиве кружат статии низ интернет просторот дека сопствениците на скопските дискотеки едногласно донеле одлука турбофолкот повеќе да не се пушта во дискотеките, а со тоа и да се стави крај на концертите на пејачите од соседните држави.
Целта за донесување на оваа измена во ноќниот живот е да се врати стариот сјај на Скопје, кога секој викенд гостувале некои од најдобрите светски диџеи.
Повеќе околу ова тука.

Што мислите вие околу овој новитет? Се согласувате или не ви се допаѓа оваа промена?
Дали мислите дека местото на турбофолкот му е во кафаните, а дискотеките треба да бидат поим за аренби,рок,поп,електро,техно,хаус музика?
Со овој новитет веројатно повеќе ќе го нема она кршење флаши,чаши,пијанчење,тепање...
А можеби со оваа промена ќе се насочат новите генерации кон слушање на било кој жанр музика,освен турбофолкот бидејќи нема да им биде наметнат (пошо нели веќе ќе го нема по дискотеките).
Како би прокоментирале на оваа тема,обожавателите на турбофолкот?
 
Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Проблемот со дискотеките е нивниот широк дијапазон на секаков вид на музика. Рецимо билокоја рандом дискотека најчесто пушта секаков жанр наместо една да биде предодредена за еден тип на музика. Факт е дека турбофолкот иако нетолку омилен кај младината, сепак е слушан од одреден дел од истата. Така да рецимо подобро би било да се диференцираат дискотекие и веќе да се решат која им е целната група. Со ова нема да се реши ништо, и овака убаво делува но во пракса е малте не невозможно.
 
Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Колку и да не го сакам турбофолкот, во Македонијава, најреално на свет, кафанџиите од него прават пари.
Дошол Аца Лукас на пример, ма се пие бре, и тој самиот на сцена пие, па песни гаѓаат во срце и уште се пие. И се кршат чаши, ама нема врска, пошо се пие, се има за нови.
Муабетот ми е, македончето си го има тоа сељачкото жиче во себе (секоја чест на исклучоците), и не го дава за ништо.
Кај нас ја нема потребната култура за да имаме музика во вистинска смисла на зборот. Музика која ние самите ќе ја издигнеме на повисоко ниво.
Јас сакам џез, ма обожавам џез, сакам џез свирки, а реално кај нас има дефицит од истите. Мене ми се смеат како тоа јас можам да се расположам на џез. Џезот е за старци, луѓе без желба за забава. На џезот брате, не се пие.
А колку убаво ми лизга пиењето на мене :)
Всушност, ироничното со турбофолкот е што мораш убаво да се напиеш за да бидеш in the mood, а потоа секое едно стихче те погодува.
Сум за исфрлање на турбофолкот. Всушност сеедно ми е. Диско пробувам максимално да одбегнувам, затоа што тоа не е диско во вистинска смисла на зборот, ами стискавец каде секој се труди што повеќе да биде виден и подобро облечен од другиот. А да, и што повеќе слики да направи.
Ама тоа е веќе друга тема.
 
Најголемата заблуда е дека на џез не се пиело. Ооо само колку може да се погоди поготово оној спориот џез со црти на блузот. Погодува и тоа како.
Инаку се сложувам кога станува збор за дискотеките и стискавецот. Но впрочем за тоа и се дискотеки. да се џуска меѓу младите. Поентата е што џезот е тешко да се вклопи во таа атмосфера. Then again би требало да постојат посебни клубови кои би се занимавале исклучиво со овој жанр. Но како што реков погоре а и ти малку ја долови ситуацијата - повеќето локали не знаат која им е целната група, затоа пуштаат све и свашта во една ноќ. Калакурница и експлозии од кичерај.
 
Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Инаку се сложувам кога станува збор за дискотеките и стискавецот. Но впрочем за тоа и се дискотеки. да се џуска меѓу младите. .
Во диско наназад години не се џуска. Јас сакам да џускам, трезна или подзагреана, сеедно. Ама во диско, конкретно во Скопјево, се сликаш. Блицови на сите страни, иритантни и вештачки насмевки, ама џускање- јок. Можеби само триење и симулирање секс, ама за тоа не ми текнува назив во моментов, а да не е навредлив. Ми се спие де.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: toby2 and parvati

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Кога врбата ќе роди грозје... Факт е дека има огромна побарувачка за турбофолк (не е наметнат), а сопствениците на дискотеки реално ги заболе за 'стариот сјај' на Скопје, туку ги интересира само профит.

Едит: Хмм... испадна дека има вистина во веста. Ќе видиме како ќе се одвива сето ова, јас мислам дека кога тогаш ќе потпаднат под притисок поради помала заработувачка...
 
Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Ме столи боле за турбофолкот.
Јас највеќе сакам да си искачам во Сектор.Светски познати диџеи, наши македонски квалитетни диџеи и изведувачи се таму.Кој има изострен вкус за музика и сака да ужива, се знае Сектор :) Преку тасе од тие морена морена кичови или Аца Лукас.Красна дискотека беше Колосеум.Ја поебаа со тие хариси и мерлини.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

pilot

Истакнат Член
8 април 2013
34
20
308
ИМАЛО ГОСПОД ГЛЕДА ФАЛА БОГУ НЕШТО ПАМЕТНО ВО СКОПЈЕВО
 
Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Ме столи боле за турбофолкот.
Јас највеќе сакам да си искачам во Сектор.Светски познати диџеи, наши македонски квалитетни диџеи и изведувачи се таму.Кој има изострен вкус за музика и сака да ужива, се знае Сектор :) Преку тасе од тие морена морена кичови или Аца Лукас.Красна дискотека беше Колосеум.Ја поебаа со тие хариси и мерлини.

Ни Сектор не е тоа што беше на времето. Се' се позери. Сакаш да кажеш дека и фуфиците што шетаат во балски фустани и со штикли 12 см имаат изострен вкус? И типовите што дремат на конопој со виски во рака,имаат изострен вкус? Дека дошол во Сектор за да го слуша диџеот? А,не да биде виден? Ако имаш изострен вкус брат за музика ќе идеш на приватни журки надвор од Скопјево.​
Ги паметам на времето кога во летното Колосеум доаѓаат диџеи како Карл Кокс,Етника и многу други. Али тоа беше пред 7 или 8 години.​
А за турбо-фолкот местото му е во биртиите и во кафаните. Најголема глупост е пеачи од калиброт на Аца Лукас,на Цеца да пеат во дискотеки. Ова не е Швајцарија. Порано дискотеките секоја вечер си имаа различна музика и си беа задоволени сечии вкусови. Се знаеше каква музика се пушта во дискотеки, а каква во клубови и кафичи.​
И да,се пие и на рок,и на џез и поп музика дури. Чудно мене па алкохолот на фолк не ми оди. Не знам да се развеселам на турбо-фолк.​
Проблемот со дискотеките е нивниот широк дијапазон на секаков вид на музика. Рецимо билокоја рандом дискотека најчесто пушта секаков жанр наместо една да биде предодредена за еден тип на музика. Факт е дека турбофолкот иако нетолку омилен кај младината, сепак е слушан од одреден дел од истата. Така да рецимо подобро би било да се диференцираат дискотекие и веќе да се решат која им е целната група. Со ова нема да се реши ништо, и овака убаво делува но во пракса е малте не невозможно.
Воопшто не е тоа проблемот.​
Не слушаат сите иста музика па за дискотеките да бидат одредени по вид на музика.Дискотека мора да има поширок спектар,иначе ќе пропаднат.​
За тоа постојат клубовите и кафичите. На пример,не можеш во дискотека да има рок свирка,моментот е свирката,ако е во дискотека ќе биде концерт.​
Најубаво е кога би можело да се врати стариот сјај на ноќниот живот во Скопје од пред десетина години.Тогаш имаше место за сите љубители на музиката. А,денес не.​
Не верувам дека ова ќе им успее.​
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во диско наназад години не се џуска. Јас сакам да џускам, трезна или подзагреана, сеедно. Ама во диско, конкретно во Скопјево, се сликаш. Блицови на сите страни, иритантни и вештачки насмевки, ама џускање- јок. Можеби само триење и симулирање секс, ама за тоа не ми текнува назив во моментов, а да не е навредлив. Ми се спие де.

Шо знам....оригинално клубовите/диската првично биле замислени како места на кои пред се` се игра. За висење на шанк си постоеле пабови, барови и слично. Само што како и многу работи кои доаѓаат од некаде далеку, на балканот и тоа не дошло како шо треба и рајата, срамејќи се сама од себе и од присутните - си дреми и се надвикува во диско.

На турбофолкот местото му е во сточен вагон, штала или амбар. Може да послужи и отворен простор, пасиште, на кои љубителите на ваквиот вид звуци би имале целосна слобода да се предадат на своите пориви.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: True_Blood