Препораки за филм (општа)

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
220px-Silver_Linings_Playbook_Poster.jpg


Феноменално ме изненади филмов. Од приказна, па до глума. Не верував дека е толку добар.
Приказната интересна. Имаше и смешни ситуации, како кога се препираа Пет и Тиф.
Одлична актерска екипа пред се. Тука се Бредли Купер, Џенифер Лоренс, Роберт ДеНиро.
Заслужен оскар за Џенифер, која одлично ја донесе улогата, а на моменти ми делуваше толку слатка.
Значи во филмот се работи за Пет Солитано (Купер) кој прележува 8 месеци во психијатриска болница поради биполарно растројство. Кога се враќа тој очајно сака да и се врати на својата жена Ники, но судбината има друг пат за него.
И не знам веќе што да кажам, освен дека ми е во топ пет филмови. Оцена 10/10.
Малку е 7.9 што ја има на ИМДБ, за разлика на пример од Django Unchained кој има осум и нешто.
Препорачувам. (y)
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Insensibles 2012- каталонски филм научна фантастика - мистерија...
The Hunt - дански филм, драма ...одличен
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Legioner

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
,,The perks of being a wallflower" - Прекрасен филм. Прекрасни теми опфатени, секој може да се пронајде горе доле барем во една од карактеристиките. Приказната е доловена толку интимно и искрено а актерската екипа одлична, особено Ема која многу ја сакам.
Станува збор за едно момче, тинејџер кој е крајно осамен, се бори против фактот дека неговиот најдобар другар извршил самоубиство и против менталното пореметување од кое страда. Така е се до оној момент додека не ги сретне постарите од него полубрат и полусестра, ликови во кои се пресликани сите предрасуди кои владеат во опшеството, а тие на мошне умешен начин ги рушат преку нивните постапки.
Се на се, одличен филм.


The-Perks-of-Being-a-Wallflower-Poster-585x426.jpg
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Еве отварам и ваква тема, во која ќе учестуваме сите ние со предлози за добри филмови кои сме ги гледале и препорачуваме.
Последно време и тешко е да се најде предлог за некој добар филм, затоа со моите и ваши предлози се надевам дека ќе го направиме правиот избор.
За почеток Ви предлагам еден документарец посветен на војникот Пат Тилман
The Tillman Story - (2010)

целосна манипулација на Владата на Соединети Американск Држави,за смрта на овој војник, каде владата на сад ја манипулирала неговата смрт на начин што истата во своите информации ги презентирала како случај на заседа и неговата смрт ја искористила за пропагадни цели.
Се до моментот додека неговото семејство не ја започне само истрагата за Шокантната Вистина ...
Да ги видам Вашите предлози со кратка содржина на предлогот и нормално трејлер од истиот
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and Smiley_1996

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Арно ме потсети на филмот, јас од кога се токмам да го гледам...
Еј,филмот е the most!
Најдобар филм што сум гледал во животот.Се трудев една година да најдам некој подобар филм од него или барем некој сличен на овој,ама безуспешно. Глума, актери, ефекти се е толку перфектно.Приказната не може да се предвиде,никако(Додуше јас почачкав малце пред да го гледам и на википедија е цел раскажан,така да ако планираш да го гледаш не читај ништо)ама тоа не ме спречи да бидам изненаден на крајот.Не ми се веруваше дека тоа така сето може да биде.И ако ја знаев содржината,се мислев дека нешто друго ќе се случе,дека нема така да заврше.Иначе Lucy Hale многу ми се допаѓа во филмот, девојката е совршена и како во некои ситуации делува наивно и детски,едноставно не можиш а да не а засакаш.Мислам дека и поради неа филмот ми е Number1. Обавезно чекам впечатоци откога ќе го изгледаш :)