Препораки за филм (општа)

Rachel Zane

Истакнат Член
7 август 2013
4
1
103
Like Crazy Предобар филм, дефинитивно го препорачувам со оцена 10/10. Се работи за момче и девојка кои се лудо заљубени еден во друг, но девојката мора да си оди бидејќи и истекува визата. Филм кој ни докажува дека љубовта ги руши сите бариери на патот, кој ни покажува колку може да биде силна љубовта.
72841_504420426271675_1116178888_n_large.jpg
 
Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
http://www.imdb.com/title/tt1924429/?ref_=fn_al_tt_1

Trance (2013)
imdb rating 7.0
Stars: James Mcavoy :) Vincent Cassel ....

Филмот е крими драма и мистерија . Се работи за криминалци кои организирано ограбуваат уметнички слики. Еден уметнички аукционер влегува во партнерство со познат криминалец и треба да украде една слика. Но, не излегува се по планот и тој го губи помнењето после доживеаната несреќа. Во целата таа збрика влегува психијатар кој му помага да се сети каде ја оставил сликата. Но ништо не е така како што изгледа. Набргу филмот носи таков пресврт што и вие самите ќе се запрашувате што се случува. Го препорачувам на луѓе кои сакаат да мислат.) , навистина е добар филмов.
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173

Кој филм човече. И јас го гледав пред месец дена.
Феноменален пресврт. 10/10. Препорака и од мене. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

Ана-Каренина

Староседелец
25 февруари 2012
998
1,749
1,093
Tyler perry's temptation confessions of a marriage counselor
http://www.imdb.com/title/tt2070862/?ref_=nv_sr_1

Мене филмчево ми се допадна, интересна преказна има, трае околу 2 часа ама мене многу брзо ми помина времето. Жена која е советник на брачни парови, го раскажува нејзиниот живот. Како таа уште како малечка се заљубила во едно момче па со него стапила брак, значи тој и бил единствен дечко, девојкава била многу религиозна. Ама кога ќе почна на работа ќе се запознае со еден милијаред и таа ќе почне да се заљубува во него. Не е типична лубовна приказна, верувајте, крајот не е баш така совршен. Приказна во која гледаме една неизживеана девојка која откако ќе го запознае милијаредов тотално ќе се смени. Нема да кажам ништо појќе, вреди да се гледам филмов.
8/10 од мене има од мене минус ради Ким Кардашиан, жими глумицава, ама приказната е добра нека не ве лажи тоа што Кардашиан е присутна во филмов дури цели 5 минути.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Man on Fire
http://www.imdb.com/title/tt0328107/?ref_=nv_sr_1

Филмов е постар (2004год). Дензел Вашингтон e вработен како телохранител во една фамилија во Мексико,поради тоа што често кидапираат деца за пари.Девојчето кое го чуваше го киднапираа и за одмазда мораше да ги убие сите... интересно е тоа што не знаев што ќе се случеше однапред,очекував едно се случи друго...
филм кој разбуди многу солзи кај мене,се изнаплакав од жал... не сакам многу да навлагам во детали подобро да го гледате без да знаете каков е крајот,така е поинтересно :)
 
lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,420
1,153
Не би да го прераскажувам, само ќе кажам дека сум го гледала едно 1456893759 пати минимум :D