Феноменално ме изненади филмов. Од приказна, па до глума. Не верував дека е толку добар.
Приказната интересна. Имаше и смешни ситуации, како кога се препираа Пет и Тиф.
Одлична актерска екипа пред се. Тука се Бредли Купер, Џенифер Лоренс, Роберт ДеНиро.
Заслужен оскар за Џенифер, која одлично ја донесе улогата, а на моменти ми делуваше толку слатка.
Значи во филмот се работи за Пет Солитано (Купер) кој прележува 8 месеци во психијатриска болница поради биполарно растројство. Кога се враќа тој очајно сака да и се врати на својата жена Ники, но судбината има друг пат за него.
И не знам веќе што да кажам, освен дека ми е во топ пет филмови. Оцена 10/10.
Малку е 7.9 што ја има на ИМДБ, за разлика на пример од Django Unchained кој има осум и нешто.
Препорачувам.