Омилени цитати (со наведен автор)

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
‎,,Таа, случајно, се омажи на 18 мај 1980 година. Да се омажеше за мене, веројатно, како вистински маж, понекогаш и ќе го заборавев тој датум. Вака го запаметив засекогаш."

-Балашевич
 

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
-Луѓето кокодакаат без крај и конец. Човекот не настанал од мајмун, настанал од кокошка.
-Во моментот кога размислуваш дали некого навистина го сакаш, веќе засекогаш си престанал да го сакаш.
-Непознатите не гледаат онакви какви што сме, а не онакви какви што сакаат да мислат дека сме.
Сенка на ветрот- Зафон
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones and 048

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Еден цитат од прекрасната книга Новеченто од Алесандро Барико

„Сиот оној град... не му се гледаше крајот... Крајот, ве молам, ќе можеме ли да го видиме крајот?
И вревата/
На онаа, стопати нека е проклета скаличка... Беше многу убаво, се`.... а јас бев фраер во оној капут, феноменално изгледав и немав сомневање, сигурно беше дека ќе се симнам, немаше проблем/
Со мојата сина шапка/
Првото скалило, второто скалило, третото скалило/
Првото скалило второ/
Не ме запре она што го гледав

Можеш ли да го разбереш тоа, брат?, она што не го гледав... го барав ама го немаше, во целиот оној бескраен град имаше се` освен/
Имаше се`/
Но немаше крај. Она што не го видов е каде завршува сето тоа. Крајот на светот/
Замисли си: пиано. Клавишите почнуваат. Клавишите завршуваат. Знаеш дека ги има 88, тука никој не може да те излаже. Тие не се бескрајни. Ти си бескраен и бескрајна е музиката што внатре, во тие клавиши, можеш да ја создадеш. Тие се 88. Ти си бескраен. Тоа мене ми се бендисува. Тоа може да се живее. Но ако ти/
Но ако јас се искачам по онаа скаличка, а пред мене/
Но ако јас се искачам по онаа скаличка, а пред мене се постеле клавијатура од милиони клавиши, милиони и милијарди/
Милиони и милијарди клавиши кои никогаш не завршуваат и тоа е целата вистина, дека никогаш не завршуваат и дека таа клавијатура е бескрајна/
Ако таа клавијатура е бескрајна, тогаш/
На таа клавијатура нема да можеш да отсвириш. Си седнал на погрешно столче: тоа е пијаното на кое свири Господ/
Господе боже!, ги виде улиците?/
Само улиците ги имаше илјадници, како вие таму успевате да одберете една/
Да одберете една жена/
Една куќа, една земја да биде ваша, еден пејзаж за гледање, еден начин на умирање/
Сиот тој свет/
Тој свет во тебе што не знаеш ниту каде завршува/
И колкав е/
Никогаш ли не се плашите дека ќе се рапсаднете на илјада парчиња кога само ќе го замислете тој бескрај, само да го замислите? А да го живеете.../
Јас сум роден на овој брод. Светот поминуваше и тука, но само две илјади луѓе одеднаш. Имаше тука и копнежи, но само колку што може да се соберат помеѓу носот и крмата. Си ја свириш својата среќа на клавијатурата што не е бескрајна.
Јас сум така научен. Копното, тоа е преголем брод за мене. Предолг пат. Премногу убава жена. Преопоен мирис. Таа е музика што не знам да ја отсвирам. Пуштете ме да се вратам назад.

Ве молам/
/
/
/
/
/
Сега обиди се да разбереш, брат. Обиди се да разбереш, ако можеш/
Сиот тој свет во очите/
Ужасен, а убав/
Премногу убав/
И стравот што ме враќаше назад/
Бродот, пак и за навек/
Малиот брод/
Тој свет во очите, секоја ноќ, одново/
Сеништа/
Можеш да умрешако им се препуштиш/
Сакаш да се симнеш/
Не се осмелуваш/
Да полудиш/
Да полудиш/
Нешто мораше да се превземе и јас го направив тоа/
Прво го замислив/
Потоа го правев/
Секој ден, со години/
Дванаесет години/
Милијарди мигови/
Со движења незабележливо и бавно...“​
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: FallenAngel

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Зависта е религија на медиокритетите. Таа им ја враќа силата, таа е одговор на немирите што ги јадат и, на крајот на краиштата, им ја растура душата и им дозволува да ги оправдаат својата беда и својата алчност се‘ додека не поверуваат дека тоа се доблести и дека вратата на рајот ќе се отвори само за несреќниците како нив, што поминуваат низ животот не оставајќи никаква друга трага освен намерата да ги омаловажат другите и да ги исклучат и, ако е можно, да ги уништат оние што, со самиот факт дека постојат и дека се такви какви што се, укажуваат на нивната беда на духот, умот и силата.
Среќен е оној по кого лаат кретените, зашто неговата душа никогаш нема да им припаѓа.“

Играта на ангелот-Карлос Руиз Зафон
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kones, Реми and Saladin

The_melnicanecot

Истакнат Член
16 февруари 2012
237
392
363
37
Скопје
Talent wins games, but teamwork and intelligence wins championships.
- Michael Jordan

Why does the Air Force need expensive new bombers? Have the people we've been bombing over the years been complaining?
Lin Yutang:
Hope is like a road in the country; there was never a road, but when many people walk on it, the road comes into existence.
Denis Waitley:
Happiness cannot be traveled to, owned, earned, worn or consumed. Happiness is the spiritual experience of living every minute with love, grace and gratitude.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
http://www.facebook.com/pages/-ubavi-misli-/163759360316350
еве ја мојата страна за убави мисли.....
Светот не е само модна писта. Во него има и мали и големи луѓе, сиромашни и богати. Употребувајте го вашето чувство за универзална љубов колку што можете почесто.

Ај да почнам со нешто наше.
„Ако носиш нешто неизречно, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече.“
Тишина~Ацо Шопов
ме потсети на деновите во основно,овој цитат ни беше тема на писмена работа по македонски јазик......:cloud
 

Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
,, Времето е непријател на љубовта,
крадец што ги скратува
сите наши златни часови.
Јас затоа никогаш не разбрав
зошто љубовниците ја сметаат својата среќа
во денови, ноќи и години,
кога нашата љубов може да се мери само
во нашите радости, воздишки и солзи. ‘‘

Крвна врска, С. Шелдон

Делот прилично сум сигурна дека е од "Вероника реши да умре" - Пауло Коелјо. :)
Не му верувај на сјајот во очите на твојот партнер. Тоа е само светлост што поминува низ неговата шуплива глава. - Ајнштајн

Мажите во љубовта често пречекоруваат дозволена брзина или се паркираат на забрането место. - Лемон

Разделбата претставува почеток на раѓањето на спомените. - Салвадор Дали

Најдобра жена е онаа која слушајќи умее да заповеда. -А. Миндер

Среќата не собира, но болката не соединува. - Оскар Вајлд
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-, cece17 and She

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Делот прилично сум сигурна дека е од "Вероника реши да умре" - Пауло Коелјо. :)

А јас сто проценти сум сигурна дека не е Вероника, лани ја читав Крвна врска и баш ја барав заради овој цитат, претходно го видов на некој форум :)
 

Party Poison

Истакнат Член
20 февруари 2012
140
142
343
Лаже!-мислеше тој во себе,гризејќи ги ноктите од мака. -Горделивка! Нема да признае дека сака да стори добродетел! Надуеност! О,ниски карактери ! - И сакаат така како што мразат... О,колку ги...мразам сите!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31 and Teona