Омилени цитати (со наведен автор)

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
,, За предавство потребен е страв, за одмазда љубов, за умирање живот, а за копнеење - отсуство поприсутно од присуството треба да се има. Се копнее по нешто што нетука е, а секој миг пред очите ти е; нетука а тука - тоа ти бил копнежот.‘‘


,, ...пламенот кога се дели, се умножува како и љубовта, мил мој; оган е љубовта, оти колку повеќе го даваш, толку повеќе го имаш.‘‘


,,Кој не ја видел - тој не се родил
кој ја видел а не ја вкусил - тој умрел
кој ја вкусил - тој не куртулил,
оти ќе живее.
Јас, а можеби и Ти”

(Венко Андоновски – Вештица)
 

Sarra

Нов член
18 февруари 2012
1
1
1
Veles, Macedonia
-Една година навистина не е вечност, но сепак може да биде многу долга...
-Јас сигурно немам намера да те изневерам, но несакам да се врзувам со некоја заклетва на верност.
-Кој знае што може да се случи...
-Јас би можела тебе да ти бидам верна.
-Да, можеби ти би можела...
-Но тоа би било штета,нели ?Затоа изневерувај ме, само без грижа на совеста.
-Не, Не верувам, тоа не би имало ништо заедничко со она што го доживеавме заедно...
-Па тоа е толку едноставно:Сакам са бидам слободна!
Слободна како ветер- Мари Луиз Фишер
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
,, Времето е непријател на љубовта,
крадец што ги скратува
сите наши златни часови.
Јас затоа никогаш не разбрав
зошто љубовниците ја сметаат својата среќа
во денови, ноќи и години,
кога нашата љубов може да се мери само
во нашите радости, воздишки и солзи. ‘‘

Крвна врска, С. Шелдон
 

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
„Не очекував ништо подобро, но мислев дека сме поинакви. Не верував во зборови, но мислев дека нешто вредат. Не те држев како што требаше, но ти мене не ме држеше воопшто...“

Не те напуштив поради друга жена. Те напуштив поради друг маж. Оној кој не можев да бидам додека бев со тебе.