Татко ми има швалерка

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не знам колку години имаш, па да имам претстава околу адекватноста за пристрасноста кон едниот родител, но таквата анализа е најмалку битна сега.
Од најобјективна гледна точка, ќе се фокусирам на психичкото насилство низ кое минувате моментално, и кое воопшто не треба да биде занемарено.
Па што ако е брак бе луѓе? Точно дека во брак се гради заедно и е потешко да се продолжи сам после толку време, ама Боже мој, никој не е должен да се уништува доживотно поради „светоста“ на потпишаните документи. Колку што постојат парови каде што се ваѓаат очи и се префрла вина, постојат и парови кои на мирен начин се развеле кога сфатиле дека нешто не штима. Па нек се гони оправдувањето дека го барал она што му недостигало во брак. Ако ти недостига нешто, или обиди се да го поправиш тоа, или собери муда да расчистиш еднаш ко човек, па ваѓај очи.
Од типов и онака се нема полза, лаже, не работи и насилен е. Само затоа што направил дете и потпишал документ, не значи дека треба да ги ужива правата на родител и сопруг поради некакви општествени хирови. Јес да е покомплексен проблемов, ама ако приказната е оваа, а мајкава е таа што ја игра клучната улога во опстанокот на детево, па ич без размислување треба да се оддалечи од него за да се поштеди себе и детето од понатамошни малтретирања.
Туку ти седни си убаво со мајка ти, и прашај ја што таа планира во врска со ова. Биди таму ко поддршка и заедно обидете се да решите што е најдобро за вас, зошто и онака премногу лесно е вака на форум ние да ти изиграваме експерти и психолози. Среќно. :)
 
ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Стварно и мене ова ме ѓибна, во една тема се имав отворено скрос!
Знам како е со т.н татко(гробот ледина да му стани!!), знам како е душевно да го мразиш, се нај лошо да му посакуваш, едноставно јас сум имал УМНО БОЛЕН ТАТКО, можда не е со доумент али за мене е веќе ПОЧИНАТ !!!
Кога бев мал, 1-2 години, зеде сила, и на мојве(мајками,бабами,дедоми и вујкоми) му се закачи да му препишат цела сермија што ја имаат мојве(да речам мала сермија греота е! 2 куќи, 6 ниви, 3 лозја, 2 места од по 400 и кусур квадрати-комплетно за градење куќа, 2 коли, пари кредити и што уште не!) едноставно мојве 1 пат заќутеа исто како да не го слушнале, али менталниов му се закачи уште повеќе(п.с менталниов беше од едно село Галичани-Прилепско, ѓуптин отепан! после почна да му се фали, дека фатил некоја па ќе одел вечерта да се види со неа(попаметниот попушта, си заќутеа мојве-2 шанса) но ете среќа муабет за муабет, дедоми се нашол со таткому на чупето, и му велит чоекот- нала керками некој многу богат човек во градов, бил дојден од Австралија, имал 2 куќи во градот..............., дедоми му кажа шо е како е, и вечерта овај АБДАЛОВ оди да се види со неа, али на место жена најде 6 мажи, го напраја ПОПАРА, со носилки го дојсоја дома! и другиот ден, се поднапија вујкоми со дедоми, го фатија за партали му удриа уште еден ЌОТЕК! и го избркаја ко ПУСТО ГОЈДО, Недела беше приквечер, немаше превоз ЦЕЛА НОЌ ВО ПАРК ПРЕСЕДА и другиот ден си замина, и така од тогаш до сега имам збор кога и да ми излези пред очи ДА МАВАМ ПО НЕГО СО ШТО ЌЕ МИ СЕ НАЈДЕ!!!!!

П.с 100000 пати поубав живот имам со мојве(да не ги набројувам пак)
Затоа девојче едноставно, викни ја мајкати, поправете муабет малце, мада прочитај му го ова(едноставно ќе свати дека нема да биде единствена на светов)
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба

Стварно извини што ќе те цитирам,но најискрено скоро ништо не разбрав од ова што си го напишал :|
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Мене во целава ситуација ме нервира тоа што човеков освен што се дрзнал да има швалерка, туку не работи и паразитира на туѓ грб.
Е маж што не работи и не придонесува дома, ебати мажот. Паразит!
Не знам зошто ама мене тоа ужасно повеќе ме нервира и ми смета, отколку фактот што има швалерка.
И наместо да се замарате со проверување и шпиунирање на телефони (зашто е бесцелно, ете веќе знаете дека има швалерка нема потреба од проверување), туку седнете и барајте решение за проблемот оти не е ни мал ни лесен.
Само храбро и умно!
 
hellassteel

Нов член
4 јуни 2013
11
4
3
надвор од мк
www.tajnata.com
Направи едноставна анализа. Погледни наназад и види ги позитивните и негативните работи и оцени колку е вредно да тежнееш кон одржување на тој брак врз кој нормално имаш какво такво влијание или пак парталите враце и метла! Тоа што оди со друга не би требало многу да те засега зажто можеби има некое незадоволство од својата сопруга и кој и да ти кажува за бајки од приказните дека некои се многу верни еден на друг и толку многу се сакаат... НЕ ВЕРУВАЈ! Многу добар процент и мажи и жени имаат врски настрана иако сите се прават светци или светици. Но тоа што треба да те засега е неговата грижа околу семејството. Ако однесувањето му е такво од неодамна, не брзај, ќе му помине но ако е ПАРАЗИТ одсекогаш... тогаш мора и вас т.е. на твојата мајка да и фали нешто што толку долго се влечка со паразит и си го пропушта својот живот.
 
Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Мислам дека ова со советиве е губење време.
И уште коментари од видот:
Како можел?
Зошто така,ова она..
Секој си има право да го живее животот како сака,а тој гледа дњка може и зошто не би го правел тоа?
Во случајов мајка и е крива(за мене)
затоа што си го дозволува тоа и е нечија жртва.
Овие совети нема да ја доведат понатаму се додека во НЕЈЗИНАТА ГЛАВА(во главата на мајка и) не направи,
клик.
 
МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143

Зошто и е мајка и крива?Од кај знаела дека нејзиниот сопруг ке го направи тој чин?Со некои нејзини постапки?
Неверството за жал не може да се спречи...
Само мажот е виновен што наместо да мислел дека има семејство дома кое го чека се дупи со други да ми простиш на речник.
И да...во право си за тоа дека секој може да го живее животот но најпрвин треба да се има почит кон најблиските а после ако сака,глава нека крши.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: srcu6ka

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Зошто и е мајка и крива?Од кај знаела дека нејзиниот сопруг ке го направи тој чин?Со некои нејзини постапки?
Неверството за жал не може да се спречи...
Само мажот е виновен што наместо да мислел дека има семејство дома кое го чека се дупи со други да ми простиш на речник.
И да...во право си за тоа дека секој може да го живее животот но најпрвин треба да се има почит кон најблиските а после ако сака,глава нека крши.
Мајка и е крива што дозволува да биде нечија жртва.
Секој е одговорен за својата судбина,никогаш не можеме да кривиме некој друг за она што нас ни се случува или она што свесно го бираме.
Во случајов,
мајка и.
Тој е таков каков е, таа го знае тоа.
Нејзин избор е да биде негова жртва.
Дали од страв од непознатото она што доаѓа или од немоќ,или немање храброст или од срам(што ќе речат комшиите)таа се одлучила да биде жртва.
И најлесно е да се најдат изговори, да се криви некој друг и слично.
Наместо да рзмислува и се пати, треба свесно да делува.
Или?

А децата патат.
Тоа е жалосното.
 
Па види до некаде се согласувам но овде сметам дека и мажот е виновен ти ја кажав веке причината...а нели мајката избрала да биде негова жртва ко што велиш ти...ако се разведат не е заради тоа што ке кажат комшиите туку затоа што детето ке страда и мора да молчи и да трпи.Пак како што кажа ти,но сметам и двајцата се виновни.
Јас знам еден ваков сличен случај но не сакам да го изнесувам овде...не е тоа целта но ке го кажам крајниот исход...мажот се свести но беше доцна.
 
hellassteel

Нов член
4 јуни 2013
11
4
3
надвор од мк
www.tajnata.com
Па види до некаде се согласувам но овде сметам дека и мажот е виновен ти ја кажав веке причината...а нели мајката избрала да биде негова жртва ко што велиш ти...ако се разведат не е заради тоа што ке кажат комшиите туку затоа што детето ке страда и мора да молчи и да трпи.Пак како што кажа ти,но сметам и двајцата се виновни.
Јас знам еден ваков сличен случај но не сакам да го изнесувам овде...не е тоа целта но ке го кажам крајниот исход...мажот се свести но беше доцна.
Се свестил или само осетил што изгубил? Сигурно ја знаеш изрекана.. Не сме свесни што имаме се додека не го изгубиме. а лена алал да и е, Потполно се согласувам со нејзиниот став погоре. Изборот е нејзин да го трпи сето тоа поради некои нејзини причини, сеа колку се оправдани или не таа си знае најдобро ако воопшто си знае. Ако знае тогаш е рационална и паметна но ако незнае тогаш е роб и без сопствено размислување зашто така била научена од мала од родителите, од општеството и од се околу дека треба да трпи.