Татко ми има швалерка

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Лесно е да кажеш да заминат ако се обезбедени на друго место.
Од друга страна тој не работи, живее како паразит дома, ја финансира швалерката од примањата кои мајката ги обезбедува. Може да замискиш како ќе реагира таткото кога главниот извор на приходи му сврти грб.

Проблемов е премногу комплексен. Но ако сте целосно детерминирани типов да го бришете од вашиот живот тогаш можете само преку правна постапка. И чекор по чекор. Ако ви се заканува, имате право на полиција, уште подобро ако имате некаде на друго место кров над глава. Но имајте на ум, патот ќе чини многу и зависи од трпението и вољата колку сакате да го нема во вашиот живот.

Сакаш да кажеш дека треба да останат и да се испотепат еден со друг?Не,брат,и да немат каде да одат нека одат под ќирија само да им биде мирна главата. Мајката работела,колку што сфатив и ќерката има 20 и некоја година(значи и таа може да работе)така да не гледам причина зошто да останат и да продолжат да се расправат,тепат и што уште не.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Година ипол имал швалерка и не добил втора шанса? Секој ден е нова шанса која тој не ја искористил да ги поправи работите. Напротив, секој ден ја избрал курвата пред жената и децата. Нема никакво оправдание. Можеби ќе испаднам ладнокрвна и груба, но нема што да размислувате, мајка ти нека побара развод. Тој брак е завршен. Сигурна сум дека стравувате од тоа каде би живееле, но можеби со разводот ќе го добиете местото на живеење. Знам дека е тешко да се стори тоа, но потребно е време да прифатите што се случило и да се навикнете. По некоја година, гарантирам дека ќе бидете среќни дека не сте потрошиле уште една година во тој пекол и сте заминале на време. И ако имаш нешто да му кажеш на тој човек, кажи му. Ако немаш, не се форсирај.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Сакаш да кажеш дека треба да останат и да се испотепат еден со друг?Не,брат,и да немат каде да одат нека одат под ќирија само да им биде мирна главата. Мајката работела,колку што сфатив и ќерката има 20 и некоја година(значи и таа може да работе)така да не гледам причина зошто да останат и да продолжат да се расправат,тепат и што уште не.
Е па тоа ти зборам јас, они работат, таткото не, ко шо се има изјаснето во воведниот пост членката. А ако го отсечат вака или онака, тој ќе ги бара и малтретира. По правна основа тој може да заврши во затвор ако се осуди да го направи тоа. Ако тие нон стоп бегаат и ништо не прават, тој ќе биде опседнат да ги најде. Пошо првично ќе му требаат они како финансиери за неговата врска со швалерката.
Сепак ова е хипотетичко мислење.
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Никој не бара нешто на страна ако не му фали.Сепак треба да се преиспита и сопругата дали вложувала во бракот или го испуштила од раце па сега дошло до овие работи.Секоја приказна има две страни.Треба да се сослушаат,тука ја слушаме само едната.

А дали ако му фалело нешто на таткото начин е да фати швалерка? Да си го срами семејството и децата пред се’...
 

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Нека го направи татко ми тоа на мојата мајка има со партали да го избркам од дома,да се откажам од него и преку весник ако треба...
Не,за мене не е тоа родител.Наместо да има повеке срекни моменти со фамилијата тој оди по други жени...
Но верувај ми драга srcu6ka кога ке види дека тој губи ке сака назад...Секогаш е така...Можам со часови да раскажувам за примери но не сакам не ми е поентата тоа.Ме интересира дали некој близок знае за тоа освен ти и мајка ти?
Обратете се некому...Направете нешто...Не седете со скрстени раце.
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Доста барате совети на форум од кои што повеќето се дечурлана кои што серуште не знаат што е брак, а се потпираат на свои претпоставки и замислени ситуации и бараат логики во нив.

Одете во служба/институција која што е задолжена за овој проблем.


Што е лошо ако побарала совет на форум? И зошто дечурлана, ние ако сме овде приближно во 20тите години значи дека не можеме да и помогнеме? Баш напротив, ние можеме да се ставиме во нејзина кожа, тука сме генерациски и може подобро да ја сфатиме од некој повозрасен. Плус тука е анонимна, може да си пише без притоа да се тресе дали човекот кому му се отворила ќе каже некому.

Лесно е да кажеш такво нешто, стави се на нејзина позиција дали ќе можеш туку така лесно да трчаш наоколу и да кажуваш за својот проблем.

И ова е убавата страна на форумот, каде можеш да помогнеш некому и да мрднеш од играчница|-( Ако форумов беше само за теми кој број патики носи членот над вас и видот на чорапите според хороскопски знак, сме свршиле работа.

Никој не бара нешто на страна ако не му фали.Сепак треба да се преиспита и сопругата дали вложувала во бракот или го испуштила од раце па сега дошло до овие работи.Секоја приказна има две страни.Треба да се сослушаат,тука ја слушаме само едната.


И што ако му фалело нешто во бракот? Има решение, седнува и разговара со жената, слушај вака и вака, ова веќе не оди, јас да си продолжам со мојот живот, ти продолжи си со твојот. Потоа разговара со ќерката, и кажува дека иако бракот не им успеал со жената, дека таа секогаш ќе е негово дете и дека тој секогаш ќе се грижи како родител за неа.

Што прави тој? Ги спобудалува двете, им го прави животот пекол, како што кажа Саладин, жената му е извор за пари, пари кои ги троши на неа. И ќе го бараме дека не е виновен? Немој, молим те. Кризата во бракот не се решава со трчање и фрлање пари по курви, и нема никако начин него да му бараме оправдување во ситуацијава.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Што е лошо ако побарала совет на форум? И зошто дечурлана, ние ако сме овде приближно во 20тите години значи дека не можеме да и помогнеме? Баш напротив, ние можеме да се ставиме во нејзина кожа, тука сме генерациски и може подобро да ја сфатиме од некој повозрасен. Плус тука е анонимна, може да си пише без притоа да се тресе дали човекот кому му се отворила ќе каже некому.

Лесно е да кажеш такво нешто, стави се на нејзина позиција дали ќе можеш туку така лесно да трчаш наоколу и да кажуваш за својот проблем.

И ова е убавата страна на форумот, каде можеш да помогнеш некому и да мрднеш од играчница|-( Ако форумов беше само за теми кој број патики носи членот над вас и видот на чорапите според хороскопски знак, сме свршиле работа.


Мислам дека бев доволно јасен....
 

Keepitreal

Полноправен Член
3 мај 2013
78
38
18
Немав намера да пишам ама те осетив на моја кожа, ме гибна и мене ова. Несакам да отркивам многу али имаме нешто заедничко.
Верувај најдобра опција е разводот, нерви и ти и мајкати ќе имате нека не ти вели никој дека времето ќе лечи. Искрено ти кажувам поарно спречи отколку лечи, али во оваа ситуација помина замина тоа. Така да парталите и да ве нема, тој повеќе не ве гледа вас како ќерка и сопруга, туку ве гледа силуети како и сите останати.. И да се свеси верувај за кратко ќе биде, по краток преиод пак ќе биде исто. Така да бриши од памет тоа дека можеби ќе му дојде памет, ќе се среди, ќе биде се во ред. Човеков даде зеде.


Не сакам да ти нанесам болка знам дека доволно имаш, напротив искрено ти кажвам како е ситуацијата. ОД ИСКУСТВО !
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Да бидеме реални,ситуацијава во семејството на девојчето не е лесна,но скоро да и не постои семејство кое барем еднаш не се соочило со ова во текот на своето постоење.
Овде ситуацијата ескалирала и е стигната до стадиум кој е малку потежок.
Ако сите семејства треба да бидат подлежни на развод помегу родителите заради вакви проблеми,тогаш скоро секој брак ке заврши со развод.
Подобро добар развод отколку лош брак,но сепак не е така едноставно.
И се разбира дека не е решение од мислења на еден форум да се одлучи што понатаму со еден брак полн со проблеми.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Keepitreal and BlackTulip