Лесно е да кажеш да заминат ако се обезбедени на друго место.
Од друга страна тој не работи, живее како паразит дома, ја финансира швалерката од примањата кои мајката ги обезбедува. Може да замискиш како ќе реагира таткото кога главниот извор на приходи му сврти грб.
Проблемов е премногу комплексен. Но ако сте целосно детерминирани типов да го бришете од вашиот живот тогаш можете само преку правна постапка. И чекор по чекор. Ако ви се заканува, имате право на полиција, уште подобро ако имате некаде на друго место кров над глава. Но имајте на ум, патот ќе чини многу и зависи од трпението и вољата колку сакате да го нема во вашиот живот.
Сакаш да кажеш дека треба да останат и да се испотепат еден со друг?Не,брат,и да немат каде да одат нека одат под ќирија само да им биде мирна главата. Мајката работела,колку што сфатив и ќерката има 20 и некоја година(значи и таа може да работе)така да не гледам причина зошто да останат и да продолжат да се расправат,тепат и што уште не.