Абе луѓе ве читам овде оволку требало да јаде оноа требало да јаде. Си има луѓе нутриционисти кои првично според нејзината крвна слика ќе предодредат што и како да внесува.
Arkantos твоето може но и не мора да функционира. Лебот и компирот се скроб = шеќери, кои се разглабаат на пониски шеќерти (гликоза) која е потребна во крвта. Додека мастите се разложуваат во шеќери, па шеќерите во прости шеќери за да сето тоа оди во крвта.
Кој има подолг пат? Лепчето или плескавицата?
Нутриционистите вака делуваат: одиш кај нив со првична крвна слика (шеќер, масти, еритроцити итн.), и имаш еден т.н. тежок ден на детоксикација каде цел ден се сведува на течна храна и овошје. Под течна, мислам на супи (повртна коцка) и овошје што не е банана или сушено. И после тоа почнуваш една недела со режимот (кој е строг по пропис но не и по количина) и после таа недела правиш пак крвна слика. Ако резултатите се променети според некоја калкулација на липидите што ги има самото тело и ги топи, тогаш се оди понатака со истото. И со тек на време се менува помалку тук таму режимот, но останува по тој терк. Мојот не дозволуваше никакви состојки од жито, значи леб не видов 5 месеци, но затоа имав компир понекогаш. Поентата е истотака до комбинациите кои се дозволени и ги трпи телото а кои не. Секогаш скроб со масти се убитачна комбинацијја додека фибер состојки (грав/леќа/грашок) се добри со месо. Ерго може вака аматерски да си прочиташ кое со што да комбинираш, но знај нема многу вајде пошо самата ти не можеш да предодредиш според крвната слика освен ако не си стручно обучена за тоа. И пред се`, потребна е огромна воља. И не само тогаш кога ќе бидеш под режим, туку и отпосле кога ќе одржуваш линија. Затоа што после тоа ако веднаш се прешалташ на старо, доаѓаш до јојо ефект чак што више стравуваш од пореметување и нагло покачување на маса.